Прејди на содржината

Килобит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Десетични
Вредност  SI 
1000 кбиткилобит
10002 Мбитмегабит
10003 Гбитгигабит
10004 Тбиттерабит
10005 Пбитпетабит
10006 Ебитексабит
10007 Збитзетабит
10008 Јбитјотабит
10009 Рбитронабит
100010 Квбиткветабит
Двоични
Вредност  IEC  JEDEC 
1024 Кибиткибибит КбитКбкилобит
10242 Мибитмебибит МбитМбмегабит
10243 Гибитгибибит ГбитГбгигабит
10244 Тибиттебибит
10245 Пибитпебибит
10246 Еибитексбибит
10247 Зибитзебибит
10248 Јибитјобибит

Килобит — единица за количество информации или компјутерско складиштење, 1000 пати поголема од битот. Префиксот кило- (симбол k) е дефиниран во Меѓународниот систем на единици (SI) како множител со вредност 103 (1 илјадa),[1] и затоа,

1 килобит = = 1000 бита.

Симболот на единицата килобит е kbit или kb.

Користејќи ја вообичаената големина на бајтот од 8 бита, 1 kbit е еднаков на 125 бајта.

Килобитот најчесто се користи за изразување на податочните протоци (брзини) на дигиталните комуникациски кола како килобити во секунда (kbit/s или kb/s), или скратено како kbps,[2] како на пример, 56 kbit/s на ЈКТМ линија, или 512 kbit/s на широкопојасна интернет конекција.

Симболот kb (мала буква „b“) е типографски сличен со меѓународниот стандарден симбол за килобајт, односно kB (голема буква „B“). Меѓународната електротехничка комисија (IEC) го препорачува симболот бит наместо b. Префиксот кило- често се користи во областите на компјутерската наука и информациската технологија со значење на множење со 1024 наместо 1000, спротивно на меѓународните стандарди, во врска со базната единица бајт и бит, во тој случај треба да се напише како Ки-, со голема буква К,[3] пр., 1 Кибит = 1024 бита. Децималната SI дефиниција, 1 kbit/s = 1000 бита/с, се користи подеднакво во контекст на телекомуникациските брзини на пренос.

Килобитот е тесно поврзан со многу помалку користениот кибибит, единица повеќекратна добиена од бинарниот префикс киби- (симбол Ki) од ист ред на големина,[3] што е еднакво на 210бита = 1024 битa, или приближно 2% поголеми од килобитот. И покрај дефинициите за овие нови префикси, наменети за бинарно базирани количини на складирање од страна на меѓународните стандардни организации, мемориските полуспроводнички чипови сè уште се продаваат користејќи ги метричките префикси за означување бинарни множители.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Definitions of the SI units: The twenty SI prefixes“. physics.nist.gov.
  2. „Services Update“. webservices.ieee.org. Архивирано од изворникот на 2020-09-04. Посетено на 2021-08-17.
  3. 1 2 „Definitions of the SI units: The binary prefixes“. physics.nist.gov.