Прејди на содржината

Јотабајт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратна на бајтовите
Десетични
Вредност SI
1000 кБкилобајт
10002 МБмегабајт
10003 ГБгигабајт
10004 ТБтерабајт
10005 ПБпетабајт
10006 ЕБексабајт
10007 ЗБзатабајт
10008 ЈБјотабајт
10009 РБронабајт
100010 КвБкветабајт
Двоични
Вредност IEC Склад
1024 КиБкибибајт КБкилобајт
10242 МиБмебибајт МБмегабајт
10243 ГиБгибибајт ГБгигабајт
10244 ТиБтебибајт ТБтерабајт
10245 ПиБпебибајт
10246 ЕиБексбибајт
10247 ЗиБзебибајт
10248 ЈиБјобибајт

Јотабајт (yottabyte, кратенка: YB или ЈБ; изведено од SI-претставката јота-) е единица за податоци или компјутерско складирање еднаква на септилион (еден квадрилион по долгата скала или 1024) бајти (еден квадрилион гигабајти). Во 2010 г. сè уште не постои систем што може да собере еден јотабајт податоци. Впрочем, збирниот капацитет на сите тврди дискови во целиот свет заедно не изнесува ниту еден јотабајт. Според едно истражување, во 2006 г. сите компјутери на светот заедно имаат капацитет од 160 ексабајти.[1] Проценето е дека во 2009 г. целиот интернет содржел близу 500 ексабајти.[2]

Кога се користи со бајтови содржатели, SI-претставката означува 1000-ти степен:

  • 1.000.000.000.000.000.000.000.000 бајти — 10008, или 1024

Поимот „јобибајт“ (YiB), каде што се користи бинарна претставка, се употребува за соодветниот содржател на 1024.

Поврзано

[уреди | уреди извор]