Килобајт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Килобајт (од англ. kilobyte) е содржател на единицата за дигитални податоци бајт. Според Меѓународниот систем на мерни единици (SI), претставкатакило“ значи 1000, па затоа 1 килобајт е еднаков на 1000бајти. Симбол на оваа единица е кБ[1] (kB) или кбајт (kbyte).

Содржатели на бајтот
Децимални SI-претставки Бинарни IEC-претставки
Назив
(симбол)
Стандард
(SI)
Бинарна
примена
Назив
(симбол)
Вредност
килобајт (кБ) 103 210 кибибајт (КиБ) 210
мегабајт (МБ) 106 220 мебибајт (Миб) 220
гигабајт (ГБ) 109 230 гибибајт (ГиБ) 230
терабајт (ТБ) 1012 240 тебибајт (ТиБ) 240
петабајт (ПБ) 1015 250 пебибајт (Пиб) 250
ексабајт (ЕБ) 1018 260 ексбибајт (ЕиБ) 260
зетабајт (ЗБ) 1021 270 зебибајт (ЗиБ) 270
јотабајт (ЈБ) 1024 280 јобибајт (ЈиБ) 280
Поврзано: Содржатели на битот  · Величински редови на податоците

Во некои полиња на информатиката е вообичаено под „килобајт“ се се подразбираат 1024 (210) бајти .[2][3][4] Сите организации за стандардизација го сметаат ова за неисправно и го промовираат новиот систем на претставки утврден од Меѓународната електротехничка комисија, според кој вакво значење има кибибајтот, а пак „килобајтот“ има 1000бајти. Овој нов стандард сè уште нема најдено широка примена, особено поради постојаниот отпор во некои полиња на информатиката, каде новите претставки се сметаат за неестетски.[5][6]

Двосмисленост[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Бинарна претставка.

И покрај претставките утврдени по Меѓународниот систем на мерни единици, големината на килобајтот отсекогаш била двосмислена. Електронските кола за складирање на податоците имаат бинарна архитектура, што значи дека бројот на упатни места складирање се изразува со степен на основа 2, па така големината на складиштето не претставува целоброен содржател 1000, туку на 1024. Меѓутоа, бидејќи 1024 (210) е приближно на 1000, најзгодно било да се користи претставниот симбол к (кило), кој подоцна се одомаќинил. Од друга страна, постојат производи чии фактори на капацитет не можат да се изразат со степен на основа 2. Вакви се магнетните дискови (број на сектори и виуги) и мрежната опрема (битови стапки). За нив се користат строго децимални единици.

За децималните (деливи со 1000) и бинарните (деливи со 1024) вредности ги користат следниве претставки, зависно од контекстот:

  • 1000 бајти (103): Ова толкување го препорачуваат сите меѓународни организации за стандардизација како IEC, IEEE и ISO,[7] со кратенката „кБ“. Оваа единица наоѓа честа примена кај количините што не се засноваат на степен основа на 2, како битовите стапки. Исто така ова толкување наоѓа примена кај складишните количини на јадрото на Linux[8] и Mac OS X 10.6.[9]
  • 1024 бајти (210): Со оваа единица се изразуваат количини што се засноваат на степен со основа 2, како на пр. складишните чипови. Програмите како Microsoft Windows[10] исто така ги изразуваат капацитетите на складирање во 1024 бајти. Иако употребата на килобајтот за овој износ е доста присутна, овој пристап е строго забранет од системот SI[11] и другите организации за стандаризација. За количината „1024 бајти“, се препорачува единицата кибибајт (КиБ).[12][7] Меѓутоа JEDEC сепак ги користи претставките кило, мега и гига со бинарно значење.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија“. Министерство за информатичко општество на РМ. стр. 22. http://www.mio.gov.mk/files/pdf/POIMNIK.pdf. конс. 17 ноември 2010.  (македонски)
  2. http://www.askoxford.com/concise_oed/kilobyte?view=uk
  3. http://www.merriam-webster.com/dictionary/kilobyte
  4. http://dictionary.reference.com/browse/kilobyte]
  5. http://www-cs-staff.stanford.edu/~knuth/news99.html
  6. http://www.codinghorror.com/blog/2007/09/gigabyte-decimal-vs-binary.html
  7. 7,0 7,1 IEEE Std 260.1-2004, IEEE - стандардни азбучни симболи за мерни единици (SI-единици, американско-британски единици и извесни други единици), Преработка на IEEE Std 260.1-1993 (IEEE, Њујорк, 2004) (англиски)
  8. Напис за јадрото на Linux во кој се најавува промената (англиски)
  9. „Како Mac OS X го изразува капацитетот на складишните уреди“. Apple Inc. 27 август 2009. http://support.apple.com/kb/TS2419. конс. 17 октомври 2009.  (англиски)
  10. http://support.microsoft.com/kb/90994
  11. Меѓународен систем на мерни единици (SI), VII издание, 1998, оддел 3.1, стр. 103, странична белешка
  12. Префикси за бинарни содржатели — NIST-ов прирачник за константи, единици и несигурност (англиски)