Microsoft Windows

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Microsoft Windows
Windows logo
Компанија / развивач Microsoft Corporation
Фамилија на ОС MS-DOS/9x-базирани, Windows CE, Windows NT
Работна состојба Јавно објавен
Изворен модел Затворен код / Поделен код
Лиценца MS-EULA
Мреж. место www.microsoft.com/windows

Microsoft Windows е фамилија на оперативни системи, најпопуларен производ на корпорацијата Microsoft. Функционираат на различни типови на платформи како: сервери, персонални компјутери и мобилни уреди. Корпорацијата Мајкрософт најпрво ја претставила оперативната околина наречена Windows во ноември 1985 како надградба на МС-ДОС, одговор на растечкиот тренд на графички кориснички интерфејси популаризиран од страна на Apple. Microsoft Windows е дојден до степен на доминација во светот на персоналните компјутери, со проценка дека држат околу 90% од светскиот пазар на оперативни системи.

Историја[уреди]

Датум на издавање Име на продукт Моментална верзија/Build IE
ноември 1985 Windows 1.0 1.01 -
ноември 1987 Windows 2.03 2.03 -
март 1989 Windows 2.11 2.11 -
мај 1990 Windows 3.0 3.0 -
март 1992 Windows 3.1x 3.1 5
октомври 1992 Windows For Workgroups 3.1 3.1 5
јули 1993 Windows NT 3.1 NT 3.1 5
декември 1993 Windows For Workgroups 3.11 3.11 5
јануари 1994 Windows 3.2 3.2 5
септември 1994 Windows NT 3.5 NT 3.5 5
мај 1995 Windows NT 3.51 NT 3.51 5
август 1995 Windows 95 4.0.950 5.5
јули 1996 Windows NT 4.0 NT 4.0.1381 6
јуни 1998 Windows 98 4.10.1998 6
мај 1999 Windows 98 SE 4.10.2222 6
февруари 2000 Windows 2000 NT 5.0.2195 6
септември 2000 Windows Me 4.90.3000 6
октомври 2001 Windows XP NT 5.1.2600 8
март 2003 Windows XP 64-bit Edition 2003 NT 5.2.3790 6
април 2003 Windows Server 2003 NT 5.2.3790 8
април 2005 Windows XP Professional x64 Edition NT 5.2.3790 8
јули 2006 Windows Fundamentals for Legacy PCs NT 5.1.2600 8
ноември 2006 (лиценцирање)
јануари 2007 (во продажба)
Windows Vista NT 6.0.6002 8
јули 2007 Windows Home Server NT 5.2.4500 8
февруари 2008 Windows Server 2008 NT 6.0.6001 8
октомври 2009 Windows 7 NT 6.1.7100 8

Windows 1.0[уреди]

Windows 1.0 е оперативен систем со 16 битно графичко опкружување, кој е објавен на 20 ноември 1985 година. Тоа беше прва проба на Microsoft да имплементира multi-tasking графички кориснички посредник заснован на оперативно опкружување на PC платформа.

Windows 2.0[уреди]

Windows 3.0[уреди]

Windows 1.0 (1985) и Windows 2.0 (1987) беа multitasking визуелна надградба на DOS (Disc Operating System) Windows 3.0, поточно 3.1х беше најкористен од сите три верзии.

Windows NT[уреди]

Windows 95[уреди]

Во Windows 95 за прв пат Windows е одделен од зависноста од DOS Многу работи се променети и се воведува taskbar (START menu).

Windows 98[уреди]

Оваа верзија на Windows беше пуштена на пазарот на 25 јуни 1998. Кодно име на верзијата беше Memphis, и пред излегувањето беше познат како Windows 97. Овој оперативен систем можеше да работи на 16 или 32 битна платформа. За овој Windows беше доста познат Blue Screen of Death кој најчесто се појавуваше при критични грешки во јадрото на оперативниот систем или проблем со некој од паралелните направи. Едиции од овој Windows се:

Издание Верзија Дата на издавање Вклучена верзија на Internet Explorer
Windows 98 4.10.1998 25 јуни, 1998 4.0
Windows 98 Second Edition 4.10.2222 5 мај, 1999 5.0

Windows ME[уреди]

Windows Me (Windows Millenium) е пуштен на продажба на 14 Септември, 2000 година. Тој работи на 16/32 битен компјутер. Но оваа верзија не е толку користена, бидејќи одма после неколку месеци Windows 2000 дојде на светот.

Windows 2000[уреди]

Win2000 logo.png

Оваа верзија на Windows е објавена на 17 февруари 2000 година. Windows 2000 е продолжение на Windows NT серијата на оперативни системи, заменувајќи го Windows NT 4.0. Овој оперативен систем беше именуван како NT 5.0 потоа Windows NT 2000 и Microsoft го смени името во Windows 2000.

Windows XP[уреди]

Во моментов, најкористена верзија кај персоналните компјутери е Windows XP, пуштен во употреба во октомври 2001 година, верзија градена врз Windows NT јадрото, која го задржува полесниот кориснички пристап од верзиите на Windows 95 и неговите следбеници. Се појавува во две различни верзии, домашна (Home) и професионална (Professional), каде во домашната недостига зголемената сигурност и мрежни карактеристики свејствени за професионалната верзија. Во април 2003, бил претставен Windows Server 2003, кој ја заменува серијата на серверски продукти Windows 2000, со голем број на нови карактеристики и зголемена важност на сигурноста. Во исчекување сме на појавувањето на новите производи Windows Vista и Windows Server Longhorn, наследниците на Windows XP и Windows Server 2003, соодветно. Иако првични верзии на Windows Vista се пуштени за проба кај корисниците, нивниот развој сѐ уште не е на задоволително ниво за да бидат пуштени на пазарот.

Windows Vista[уреди]

Windows Vista

Windows Vista е линија на оперативен систем развиен од страна на компанијата Microsoft за употреба на персонални компјутери, вклучувајќи ги домашните и деловните декстоп компјутери, лаптопи, tablet PC-а и Media Center PC-а. Пред неговата најава на 22 јули 2005, Windows Vista беше познат под своето кодно име „Longhorn“. Развојот на овој оперативен систем е завршен на 8 ноември 2006, три месеци беше достапен на компјутерските произведувачи на софтвер и хардвер, бизнис корисници и малопродажни канали. На 30 јануари 2007 беше достапен низ целиот свет за купување и симнување од страната на Microsoft. Windows Vista е издаден после 5 години откако беше издаден Windows XP, најдолг временски период на издавање на Microsoft Windows оперативните системи.

Windows Vista содржи голем број измени и нови функции, вклучувајќи го и надградениот кориснички посредник и визуелен стил наречен Windows Aero, напреден пребарувач, мултимедијални алатки вклучувајќи го Windows DVD Maker, и редизајнирано вмрежување, аудио, печатење и приказ на под-системи. Vista има за цел да го подигне нивото на комуникација помеѓу компјутерите домашна мрежа, користејќи peer-2-peer технологија, за поедноставно делење на податотеки и дигитални медиа датотеки. Windows Vista вклучува и 3.0 верзија на .NET Framework, софтверот им дозволува на програмерите пишување на програми без традиционалниот Windows API.

Додека овие нови фукции и подобрувања на безбедноста насобраа многу позитивни реакции, Vista истотака беше мета на многу негативни критики. Најголема критика за Windows Vista системот беше големи системски побарувања, права на лиценцирање, недостаток на компатибилност со некои pre-Vista хардвери и софтвери, голем број дозволи за контрола на корисничкиот компјутер.


Windows 7[уреди]

Windows 7 е најновата верзија на оперативниот систем Microsoft Windows, најпопуларен производ на корпорацијата Microsoft. Оперативниот систем е направен за персонални компјутери, лап-топи, таблет персонални компјутери и медија центар компјутери. Windows 7 е пуштен до произведувачите на хардвер и софтвер на 22 јули 2009, со што беше објавен и конечниот датум (22 октомври 2009) за офицјално пуштање во продажба на новиот оперативен систем. Исто така истиот датум се планира и за пуштање во продажба и на неговиот "колега" Windows Server 2008 R2 кој е наменет за сервери. За разлика од својот претходник Windows Vista која внесе голем број на новости, Windows 7 има намера повеќе да се фокусира на компатибилноста, односно да биде компатибилен со што е можно повеќе хардвер и програми. Ново за овој оперативен систем е multi-touch технологијата, а исто така редизајнирана е и старт лентата.


При крајот на мај 2009, според статистиките, Windows Vista е втор најкористен оперативен систем на интернет со 24,35%, додека накористен оперативен систем е Windows XP со 61,54%.

Интерфејс[уреди]

Типичен посредник на Windows XP

Најочигледната карактеристика на Windows оперативните системи е прозорецот кој претставува контејнер за други графички објекти. Обично овие прозорци содржат статусна лента, лента за наслов, копчиња за минимизирање, максимизирање и затворање на прозорецот, како и системско мени (кое исто така се нарекува windows мени или контролно мени). Друга карактеристика воведена од Windows 95 и NT 4.0 е така наречениот десктоп (или работна површина), која содржи различни икони кои корисникот може да ги отвора со двоен клик. Копчето Start или старт менито, прикажено на работната лента (или task bar) која обично се наоѓа на долниот дел на работната површина, овозможува пристап на кориснивите до инсталираните програми и други карактеристики на оперативниот систем. Благодарение на овие карактеристики, Windows овозможува лесно изведување на вообичаени, стандардни работи и задачи, од кои некои можат да бидат и многу комплексни, со многу малку познавање на компјутери.

Широко распространета употреба[уреди]

Оперативниот систем Microsoft Windows е инсталиран на поголемиот дел персонални компјутери, токму поради неговата лесна употреба за обичните корисници. Според некои анкети, околу 90% од корисниците ги користат десктоп оперативните системи на Microsoft. Microsoft постигнал огромен успех на пазарод благодарение на доминацијата на MS-DOS во раните години на персоналните компјутери. Исто така е прва платформа за Microsoft Office пакетот и за не-конзолни компјутерски игри. Во минатото, компании кои сакале да бидат во компјутерскиот бизнис морале да создадат сопствен оперативен ситем (како што се Amiga, BBC Micro или ZX Spectrum) или да одберат друг оперативен систем - ексклузивна лиценца со еден продавач било многу поефтино отколку да се развие и поддржи нов оперативен систем и софтверска база. Благодарение на договорите за лиценци што ги има Microsoft со многу компјутерски фирми, Windows често доаѓа веќе инсталиран на повеќето компјутери, што го прави предефиниран или единствен избор за повеќето корисници. За некои потрошувачи, Windows е единствениот валиден избор за компјутерска околина, или е наметнат од нивната работна околина. Исто така, тоа што корисниците не се запознати со други оперативни системи резултира со недостаток на желба за да се префрлат на друг оперативен систем. Значаен процент од компјутерските корисници едноставно немаат доволно техничко познавање за да инсталираат оперативен систем. И конечно, големата база на софтвер достапна исклучиво за фамилијата на Windows оперативните системи е најголемата причина за популарноста на Windows. Во последните години, многу компании почнале да произведуваат софтвер само за Windows, што е поттикнато од фактот дека веќе постојат голем број на корисници. Како последица на тоа што многу компании го поддржуваат единствено Windows е уште една причина за корисниците да го одберат Windows. Одржувањето на компатибилноста во новите верзии на Windows со големата колекција на софтвер дизајниран да работи на постари верзии на Windows, одзема голем дел од ресурсира на тимот за развивање на Windows.

Безбедност[уреди]

Безбедноста е најголема слабост на Windows со години, дури и самиот Microsoft бил жртва на хакерски упади. Поради огромното користење на Windows оперативниот систем кај персоналните компјутери, многу креатори на “злобни“ програми го земаат токму него како цел наместо помалку користените оперативни системи како што се Linux, Unix, Mac OS X, итн. Windows првично бил дизајниран за полесно користење на еден персонален компјутер без мрежна врска, така што не содржел безбедносни карактеристики вградени во него. Windows NT и неговите наследници се дизајнирани за безбедност кај компјутери во мрежа и повеќе кориснички персонални компјутери, но не и за заштита од Интернет бидејќи во периодот кога биле дизајнирани Инернетот не бил од голема важност. Сето тоа искомбинирано со повремена појава на грешки во кодот, Windows е честа мета на пишувачи на црви и вируси. Понатаму, се до Windows Server 2003 повеќето верзии дури и на Windows NT биле продавани со предефинирано исклучени важни безбедносни карактеристики, додека ранливи, иако корисни, системски сервиси биле предефинирано уклучени. Microsoft јавно ги признаа многуте безбедносни проблеми веднаш по доаѓањето на новиот милениум, и тврдат дека безбедноста ја сметаат за прашање од најголем приоритет. Потребниот Automatic Update прв пат бил вклучен во Windows Me. Kако резултат, Service Pack 2 за Windows XP, како и за Windows Server 2003, многу ја зголемиле безбедноста на оперативните системи. Microsoft пуштаат во употреба безбедносни пакети преку Windows Update сервисот, приближно еднаш месечно (обично вториот Вторник од месецот), иако критични надоградувања се достапни на пократки временски периоди кога тоа е потребно. Во Windows 2000, Windows Ме, Windows ХР и Windows Server 2003, надоградувањата автоматски може да се симнат и инсталираат ако корисникот го подеси така. Како друг чекор во однос на безбедноста, Microsoft издадоа бета верзија на Windows Defender (порано Windows AntiSpyware и Giant AntiSpyware), бесплатна програма дизајнирана да штити од несакан софтвер, која генерално била добро примена. Корисниците на Windows ХР можат да ја симнат програмата бесплатно од веб страната на Microsoft, и најавуваат дека оваа програма ќе биде вклучена како дел од нивната нова верзија на Windows што допрва официјално треба да се издаде – Windows 7.

Надворешни врски[уреди]

Официјални