Меѓународна организација за стандардизација

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
International Organization for Standardization
Organisation internationale de normalisation
Международная организация по стандартизации [1]

Логото на ISO на англиски

Земји-членки на организацијата
Основана 23 февруари 1947
Тип НВО
Цел Меѓународна стандардизација
Седиште Женева, Швајцарија
Членство 165 членки
Службени јазици англиски, француски и руски
Мреж. место www.iso.org

Меѓународната организација за стандарди, кратенка: ISO (англ. International Organization for Standardization) е најголемата организација во светот која се занимава со развој и публикација на меѓународен стандард|меѓународни стандарди. ISO е мрежа од национални институти за стандарди на 162 земји, по еден од секоја земја, меѓу кои и Република Македонија. Системот го координира Генерален секретаријат со седиште во Женева.

ISO е невладина организација коа гради мостови помеѓу јавниот и приватниот сектор. Од една страна, многу од нејзините членки-институти се дел од владината структура во своите земји, или се востановени со закон. Од друга страна, некои членки се исклучиво приватни, како индустриски асоцијации или сл.

Во Република Македонија надлежниот орган кој воспоставува и контролира ISO стандарди е Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ).

Наводи[уреди]

  1. Трите официјални назици на ISO стојат во почетокот на предговорот на PDF-документот: ISO/IEC Водич 2:2004 Стандардизација и сродни активности — Општи поими (англиски)