Петабајт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратна на бајтовите
Десетични
Вредност SI
1000 кБ килобајт
10002 МБ мегабајт
10003 ГБ гигабајт
10004 ТБ терабајт
10005 ПБ петабајт
10006 ЕБ ексабајт
10007 ЗБ затабајт
10008 ЈБ јотабајт
10009 РБ ронабајт
100010 КвБ кветабајт
Двоични
Вредност IEC Склад
1024 КиБ кибибајт КБ килобајт
10242 МиБ мебибајт МБ мегабајт
10243 ГиБ гибибајт ГБ гигабајт
10244 ТиБ тебибајт ТБ терабајт
10245 ПиБ пебибајт
10246 ЕиБ ексбибајт
10247 ЗиБ зебибајт
10248 ЈиБ јобибајт

Петабајт (изведено од SI-претставкатапета-“) е единица за податоци или компјутерска меморија еднаква на еден квадрилион бајти, или (1000 терабајти или 1.000.000 гигабајти). Кратенката за оваа единица е PB (или ПБ). Самата претставка пета- (P) означува 1000-ти степен:

  • 1 PB = 1.000.000.000.000.000 B = 10005 B = 1015 бајти.

Поимот „пебибајт“, со бинарна претставка пеби- (Pi) се користи за изразување на 10245 бајти.

  • 1 PiB = 1.125.899.906.842.624 Б.

Петабајтите во употреба[уреди | уреди извор]

Еве некои примери за користење на „петабајти“ за изразување на количина на податоци во различни полиња:

  • Историја: Според Кевин Кели од весникот „The New York Times“, „сите [пишани] дела на човештвото, од почетокот на запишаната историја наваму, на сите јазици“ можат да се складираат во 50 петабајти податоци.[1]
  • Компјутерски хардвер: Базата на податоци Teradata 12 има капацитет од 50 петабајти компримирани податоци.[2][3]
  • Телекомуникациски фирми: AT&T секој ден пренесуваат по 16 петабајти податоци низ нивните мрежи.[4]
  • Архиви: Семрежниот архив (Internet Archive) содржи околу 3 петабајти податоци, и се проширува со стапка од околу 100 терабајти месечно (март 2009).[5][6]
  • Интернет: Google обработува околу 20 петабајти податоци дневно.[7]
  • Физика: 4-те експерименти на Големиот хадронски судирач ќе дадат 15 петабајти податоци годишно, кои ќе се дистрибуираат преку пресметковната решетка LHC Computing Grid.[8]
  • P2P мрежи: Според податоци од месец октомври 2009, Isohunt има околу 9,76 петабајти податоци складирани во торенти кои се глобално индексирани.[9]
  • Игри: World of Warcraft користи 1,3 петабајти за складирање на играта.[10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kelly, Kevin (14 мај 2006). „Scan This Book!“. The New York Times. Посетено на 2009-11-20.
  2. „Teradata Database 13.0 - Database Management - SQL Database“. Teradata.com. Посетено на 2009-08-16.
  3. Paul Rubens (20 Sep 2004). „Thanks for memory (but I need more)“. BBC News. Of course there's no such thing as a petabyte iPod, but the good news is that we may not have too long to wait for one. Hitachi Data Systems already sells a product called the TagmaStore Universal Storage Platform which can manage up to 32 petabytes of storage for the very largest corporations, so you'd have to conclude that a pocket-sized consumer version isn't out of the question in a decade or so.
  4. „AT&T- News Room“. Att.com. 2008-10-23. Посетено на 2009-08-16.
  5. „Internet Archive Frequently Asked Questions“. Archive.org. Посетено на 2009-08-16.
  6. Mearian, Lucas (19 март 2009). „Internet Archive to unveil massive Wayback Machine data center“. Computerworld.com. Посетено на 2009-08-16.
  7. „MapReduce“. Portal.acm.org. Посетено на 2009-08-16.
  8. „3 октомври 2008 - CERN: Let the number-crunching begin: the Worldwide LHC Computing Grid celebrates first data“. Interactions.org. Посетено на 2009-08-16.
  9. „isoHunt Forums :: View topic - 1.1 Petabytes of files on BitTorrent, network issues“. Isohunt.com. Посетено на 2009-10-04.
  10. Radd, David (18 септември 2009). „Blizzard Drops World of Warcraft Stat Bomb“. Industrygamers.com. Архивирано од изворникот на 2009-09-22. Посетено на 2009-09-18.