Прејди на содржината

World of Warcraft

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на World of Warcraft

World of Warcraft (македонски: Светот на војување) — измислен универзум во кој се сместени повеќе игри и книги издадени од Blizzard Entertainment. Играчите првпат беа запознаени со овој свет во оригиналот "Варкрафт: Орки и Луѓе" (Warcraft: Orcs & Humans) каде дејството беше сместено во источните кралства на планетата Азерот (Azeroth). Со понатамошните изданиија и експанзии на игрите и издадените книги универзумот се шири. Други познати планети се Црвената планета Дренор (Draenor), подоцна ќе биде позната како Аутленд (Outland), Аргус (Argus), К'ареш (K'aresh) и Ксорот (Xoroth). Серијалот на Варкрафт игрите е составен од 4 одделни игри, Варкрафт I, II и III, и Светот на Варкрафт (World of Warcraft) од кои вториот дел и третиот имаат по една експанзија а World of Warcraft има две експанзии.

Географија

[уреди | уреди извор]
Светот Азерот
Светот Азерот

Најголемиот дел од приказната во Варкрафт универзумот се одвива на планетата Азерот. Оваа планета има три континенти познати како Источните Кралства, Нортренд (Поларен Континет) и Калимдор, сите тие се разделени со огромен океан наречен Големото Море. Во средината на Големото Море постои вечен вител наречен "Маелстром" (кој бил создаден при катаклизма која го разделила претходниот суперконтинент Калимдор на трите денешни континенти).

Континентот Калимдор беше претставен во "Warcraft III: Reign of Chaos". Додека континентот Азерот на Источните Кралства може да се претсави како еквивалент на средновековна Европа, со високо традиционални кралства и напредни градови, Калимдор може да се спореди со Американскиот континент во времето кога Европејците го откриваат. Калимдор е богат со диви, неистражени земји. Неговата геологија е слична со таа на Северна Америка, со масивни, древни шуми во северните делови и огромни пустини на југ.

Третиот континент, Нортренд, е северната поларна капа на Азерот и е примарното утврдување на злобната Бессмртна Чума (Undead Scourge). Нортренд првпат беше претставен во "Warcraft III: Reign of Chaos" и експанзиониот сет "Warcraft III: Frozen Throne" (Замрзнатиот престол), а е главната содржина на вториот експанзионен сет на "World of Warcraft: Wrath of the Lich King" (Светот на Варкрафт: Гневот на Кралот Мртовец).

Втора планета по важност, по Азерот, е планетата Дренор (Draenor), сега позната како Аутленд (Outland), оригиналната татковина на Орките и Огерите. Ередарите (друга раса) кои одбиле да се придружат на демонот Саргерас и неговата Огнена Легија (Burning Legion) подоцна, бегајќи, се доселиле на оваа планета и станале познати како Дренаи ("Прогонети" во нивниот јазик; Дренор во значење "Дом на прогонетите"). Планетата Дренор била растрганта кога еден од шаманите на Орките, по име Нер'зул (Ner'zhul), отворил премногу портали кон други светови, кога се обидувал да избега на армиите на Алијансата која дошла од Азерот. Со отворањето на порталите планетата почнала да се цепи и руши, и е испреплетена со мистериозната паралелна димензија "Извртениот Подсвет" ("The Twisting Nether"), домот на демоните. Останките на светот сега се познати како Аутленд, и се присутни во "Warcraft II: Beyond the Dark Portal", "Warcraft III: The Frozen Throne" и најдетално и најдобро претставени во приот експанзионент сет на "World of Warcraft", "World of Warcraft: The Burning Crusade"

Други планети во универзумот се Аргус, првичниот дом на расата Ередар; К'ареш, домот на расата Етереал и Ксорот, светот на Натрезим(Nathrezim), вампирски демони. Планетата Азерот има две месечини, наречени Белата Дама "White Lady" (физичка манифестација на Елун (Elune), божицата на Ноќните Елфи) и Синото Дете "Blue Child". Дренор има една месечина, наречена Бледата Дама "Pale Lady".

Покрај планетите постојат простори како што се Големата Темнина (Great Dark Beyond), Варкрафтовиот еквивалент на длабоката вселена; Смарагдниот сон (The Emerald Dream), соновна состојба која го претставува Азерот како би изгледал ако не би постоеле интелигентните раси; Елементната димензија (Elemental Plane), место каде биле протерани елементните слуги на Старите Богови (суштества кои владееле со универзумот во хаос); Темнината одоздола (The Dark Below), еквивалент на Пеколот, ретко спомнувано место; и Извртениот Подсвет (The Twisting Nether), дом на демони од сите врсти, хаотична и магична околина која се препокрива со Големата темнина и обичните смртници не се свесни за неа.

Поголеми раси и фракции

[уреди | уреди извор]

Во серијалот на Варкрафт посотјат повеќе раси и неколку фракции. Во игрите имате можност да играете со повеќето од нив. Од фракциите како издвоени се Алијансата, Ордата, Чумата (Scourge), Огнената Легија и расата Нага како посебни сами по себе.

  • На Алијансата и припаѓаат следниве раси: Луѓе (Humans), Гномови (Gnomes), Виленици (Night Elves), џуџиња (Dwarves), Дренаи (Draenei), Воргени (Worgen) и Високи/Благородни Елви (High Elves).
  • На Ордата и припаѓаат: Орките (Orcs), Проколнатите (Немртви) (Forsaken (Undead)), Таурените (Tauren), Троловите (Trolls), Крвните Елви (Blood Elves), Гоблините (Goblins) и Огерите (Ogres).

Алијанса

  • Луѓе (Humans). Луѓето во Варкрафт беа претставени уште во првото издание Warcraft: Orcs & Humans. Во првите два дела тие се претставени како архетипски Европски кралства и се доста религиозни. Во овие два дела тие се борат на страната на рајот / небото наспроти пеколните Орки, но во третата игра оваа стереотипна поделба беше напуштена. Во Warcraft III: Reign of Chaos и Warcraft III: The Frozen Throne е претставено човечкото кралство Лордерон, кое беше и главен протагонист во втората игра, како е нападнато од страна на чума која оние заразените ги претвора во живи мртовци кои се под команда на волјата на Кралот Мртовец (The Lich King) Нер'Зул (Ner'Zhul). Принцот на Лордерон, Артас Менетил, потпаѓа под волјата на Кралот Мртовец и е главниот инструмент кој ќе го предизвика падот на кралството Лордерон и инвазијата на Огнената Легија.
  • Гномови (Gnomes). Гномовите се мала и генијална раса со магични и инженерски афинитети кои првпат беа претставени во Warcraft II: Tides of Darkness. Нивниот глвен град беше Гномреган (Gnomeregan) подземен град со напредна технологија, сè додека не беа избркани од примитивната раса Троги. Во обид да го повратат градот Гномите го поплавиле целиот град со зрачење што придонесе да изгине 80% од гномската популација. По оваа катастрофа, џуџињата од Ајронфорџ (Ironforge) им принудија привремено сместување. Главни соперници на гномите во нивното инженерство се Гоблините. Додека Гномите своето инженерство го сведуваат на парни машини и пренос со зупчаници, Гоблините се посветуват кон експлозивите. Гномите веруваат дека биле создадени како роботи, но потоа го претрпеле проклетсвото на месото (станале смртни суштества).
  • Џуџиња (Dwarfs) Џуџињата се ниска но силна (набиена) раса. Кланот кој со кој всушност се игра во играта живее во планинскиот крад Ајронфорџ (Ironforge), на континентот на Источните кралства. Нивната боја на кожа може да биде од јаглено-сива до човеколика. Изворно џуџињата се рудари, од скоро време го заменија нивниот фокус кон археологијата. Поради неодамнешното откритие поврзано со нивното потекло, џуџињата почнаа неосетно да се менуваат. Откритието ги убеди дека тие се творба на самите моќни Титани, направени од камен уште во времето кога светот бил млад. Сега осеќаат дека нивна судбина е да го пребараат светот за повеќе знаци и докази за нивното минато и да ги откријат скриените oставнини на Титаните. џуџињата беа претставени како раса за поддршка во Warcraft II, а со нив може да се игра во World of Warcraft. Големо појавување џуџињата имаат во продолжението на World of Warcraft, Тајните на Улдуар (Secrets of Ulduar), со што нивното потекло е и понатаму откриено. Третиот Бронзобрад брат (Bronzebeard), Бран Бронзобрад, е предводник на експедиција која има за цел да ја открие дел од историјата на џуџињата. Тој ја раскажува приказната за значењето на Улдуар во нивната историја и за потеклото на многу други раси во Азерот, а го продлабочува и знаењето за Проклетството на Месото, кое според легендата направило Дврофите да настанат од Земјените (Еаrthen)
  • Дренаи (Draenei) Дренаите се последните остатоци од расата Ередар, кои побегнале од нивната родна планета Аргус за да ја избегнат корупцијата на Темниот Титан Саргерас. Прогонетите Ередари патувале низ космосот на Димензионалниот брод на Наару, Ошу`гун (Oshu'gun), и слетале на оддалечен свет кој го нарекле Дренор (Draenor) или „Закрила на прогонетите“ (Exile's Refuge) (кој е домашната планета на Орките и Огерите). Огнената Легија ги следила Дренаите на Дренор, ги наговорила Орките против Дренаите што резултирало со уништување на голем дел од расата на Дренаите. По големата катаклизма и уништувањето на Дренор, Дренаите користејќи вселенско пловило со Наару дизајн ја напуштат и оваа планета и пристигаат на Азерот, уривајќи се на група на острови на запад од брегот на Даркшор. Се приклучиле на Алијансата главно поради почитувањето на Алијансата кон Светата Светлина (Holy Light). Дренаите имаат кожа која варира од вилетова до светлосина. Имаат козјолики копита, и опаши слични на гуштер. Машките Дренаи често имаат пипаловидни додатоци кои започнуваат од под брадата и комплексни структури на нивното чело, додека жените имаат две рогчиња кои и растат од слепоочницата кон назад и потенки додатоци кои висат од задниот дел на вилицата. Дренаите беа претставени во World of Warcraft и со нив може да се игра во првото продолжение The Burning Crusade. всушност дренаитее за првпат како не-игрива раса се појавуват во "Warcraft 3: The Frozen Throne". Овде дренаите имаат различен физички изглед што подоцна беше објаснето дека тие се всушност мутација на „оригиналот“ поради изложеност на Демонска енергија.
  • Ноќни виленици (Night Elves) (или "Kal'dorei" што значи „Деца на Ѕвездите“ во нивниот јазик) се една од најстарите хуманоидни раси кои потекнуваат од Азерот. Пред илјадници години настанло раздор помеѓу владеачката Висока класа на Елфски магионичари (Highborne) и останатиот дел од популацијата. Со интервенција Ноќните виленици успеваат да ги оневозможат вилениците од високата класа да ја донесат Огнената Легија на Азерот, во одбраната планетата делумно е уништена. Во катаклизмата бил уништен Езерото на Вечноста (Well of Eternity), огромно езеро создадено од чиста магија од кое Ноќните Елви ја црпеле својата моќ, но и останатиот дел од континентот, по експлозијата настанале трите континенти Калимдор, Источните кралства и Нортренд. Откако незадоволниот херој Илидан (Ilidan Stormrage) ќе створи ново езеро, користејќи вода од претходното езеро, ќе биде заробен, а на местото на новото езеро ќе биде посадено Дрвото на Светот, Нордрасил. Поради блиската поврзаност на вилениците со дрвото тие ќе станат бесмртни. Во следните десет илјади години Ноќните Елви живееле во мир сè до втората инвазија од страна на Огнената Легија. Расите на Азерот, и од Ордата и од Алијансата, последната битка со Легијата ја водеа на врвот на планината Хајџал (Hyjal), на крајот Ноќните Елви користејќи ја енергијата на Нордрасил го уништија демонот Архимонд стопирајќи ја инвазијата на Легијата. Од тогаш Ноќните Елви загубија голем дел од своите особини. Во потрага повторно по нив посадија ново Дрво на Живот, Телдрасил. Во градбата Ноќните Елви се високи, мажите во просек по 2 метри, цврсто градени, со широки рамена. Жените се тенки и заоблени, но исто така мускулни и силни. Имаат карактеристични веѓи, долги шпицести уши и природна сличност со мачјина форма и грациозност. Бојата на кожата им варира од виолетова или розенишкава до темносина или бледо бело-сина, косата може да им биде од бела, светлозелена до темносина и електрично портокалова. Ноќните Елви првпат беа претставени во Warcraft 3 како една од расите со кои може да се игра и со нив може да се игра во World of Warcraft.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]