Широкопојасен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Поимот широкопојасен (broadband) во контекст на телекомуникации се однесува на сигнален метод кој вклучува или опфаќа релативно широк спектар на фреквенции кои можат да се поделат во канали и фреквентни опсези. Терминот широкопојасен секогаш е релативен, и се разбира во зависност од контекстот. При преносот на податоци модемот пренесува фреквенциски спектар (bandwidth) до 64 килобита (kbit/s) во секунда преку телефонска линија. Преку истата таа телефонска линија АДСЛ може да пренесува фреквенциски спектар од неколку мегабитови во секунда (mbit/s) што се смета за широкопојасен пренос.

Во случајот на АДСЛ, за пренос на податоци не се користи опсегот за гласовна телефонија (0-3,5 килохерци), туку опсегот над оваа фреквенција се до 1 Мегахерц. Заради тоа опсегот кој го користи АДСЛ е многу поширок од оној на стандардниот модем.

Во контекст на пренос на податоци терминот широкопојаснен може да го има истото значење како што е наведено погоре. Преносот на податоци преку оптички кабел опфаќа уште поголема пропусност.

Сепак, терминот широкопојасен во контекст на пренос на податоци најчесто се користи во потехничка смисла и се однесува на пренос на податоци при што повеќе пакети податоци се испраќаат истовремено за да ја зголемат стапката на ефикасност на преносот без разлика на стапката на реалните податоци.