Паскал Кињар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Паскал Кињар (француски: Pascal Quignard) (23 април, 1948, Вернеј-сир-Авр, Франција) - француски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Паскал Кињар, април 2013 год.

Кињар студирал филозофија на универзитетот во Нантер, каде бил импресиониран од Емануел Левинас. Исто така, тој стекнал одредено образование и во областа на музиката (оргуљи) и сликарството. Притоа, самиот тој ги запалил сликите кои ги изработил во период од четири години. Во 1994 година, Кињар целосно му се посветил на пишувањето. Тој живее и работи во Париз.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Кињар има објавено педесетина дела и голем број статии и есеи во весниците и списанијата. Тој е автор на романите „Салонот на Виртемберг“, „Сите утра на светот“, „Тераса во Рим“ и други. Исто така, Кињар има напишано и повеќе книги со есеи, како што се: „Мали трактати“, „Таен живот“, „Скитачки сенки“, „Бездни“ итн. За книгата „Скитачки сенки“, во 2002 година, Кињар ја добила престижната награда „Гонкур“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Белешка за авторот“, во: Паскал Кињар, Тераса во Рим, Тера Магика, Скопје, 2003, стр. 129.
  2. „Белешка за авторот“, во: Паскал Кињар, Тераса во Рим, Тера Магика, Скопје, 2003, стр. 129.