9 април
Изглед
Предлошка:Април 2025 9 април — 99-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (100-и во престапна година). Остануваат 266 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1387 | Османлискиот султан Мурат I го освоил Солун. |
| 1682 | Роберт Кавалие де Ла Сал го открил устието на реката Мисисипи, го прогласил за француска територија, и го нарекол по својот крал — Луизијана. |
| 1865 | Воениот водач на Конфедерацијата генерал Роберт Ли се предал заедно со своите војски на силите на Унијата (САД) со што завршила Граѓанската војна во САД. |
| 1867 | Сенатот на САД со еден глас мнозинство го ратификувал договорот за купување на Алјаска од Царска Русија за 7.200.000 УСД, или околу 4,75 центи за хектар. |
| 1873 | Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари. |
| 1909 | Турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал. |
| 1928 | Како дел од реформите кои ги започнал Ататурк, исламот престанал да биде државна религија во Турција. |
| 1967 | Првиот лет на Боинг 737. |
| 2003 | Багдад и Ирак биле освоени од коалиционите сили предводени од САД. |
Родени:
| 1336 | Тамерлан — монголски владетел, еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото. |
| 1821 | Шарл Бодлер — француски поет. |
| 1865 | Ерих Лудендорф — германски офицер. |
| 1906 | Виктор Вазарели — унгарско-француски сликар. |
| 1932 | Карл Перкинс — американски пејач. |
| 1933 | Тихо Најдовски — македонски поет. |
| 1933 | Џан Марија Волонте — италијански глумец. |
| 1933 | Жан Пол Белмондо — француски глумец. |
| 1933 | Радојка Шверко — хрватска пејачка. |
| 1954 | Виолета Ачкоска — македонска историчарка. |
| 1959 | Љупчо Димовски — министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. |
| 1959 | Киро Стојанов — римокатолички бискуп на Скопската бискупија. |
| 1962 | Мирсад Јонуз — македонски фудбалски голман и тренер. |
| 1971 | Жак Вилнев — канадски автомобилист, првак во трките на „Формула 1“. |
| 1972 | Жељко Ребрача — српски кошаркар. |
| 1975 | Роби Фаулер — англиски Фудбалер. |
| 1979 | Бујар Османи — министер за здравство на Република Македонија. |
| 1985 | Антонио Ночерино — италијански фудбалер. |
| 1986 | Николас Мес — белгиски велосипедист. |
| 1986 | Ивана Младеновска — македонска сликарка. |
| 1987 | Блез Матуиди — француски фудбалер. |
| 1990 | Кристен Стјуарт — американска глумица. |
| 1994 | Вуко Борозан — црногорски ракометар. |
Починале:
| 915 | Константин — римски папа. |
| 1024 | Бенедикт VIII — римски папа. |
| 1483 | Едвард IV — крал на Англија. |
| 1492 | Лоренцо де Медичи — владетел на Фиренца. |
| 1588 | Паоло Веронезе — италијански сликар. |
| 1626 | Франсис Бекон — англиски филозоф и државник. |
| 1942 | Орде Чопела — македонски народен херој. |
| 1951 | Вилхелм Бјеркнес — норвешки метеоролог. |
| 1959 | Френк Лојд Рајт — американски архитект. |
| 1962 | Харолд Ламб, американски историчар. |
| 1983 | Александар Доброхотов — руски педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје. |
| 1997 | Стево Теодосиевски — македонски естраден уметник. |
| 2014 | Светлана Велмар Јанковиќ — српска писателка. |
Празници:
| * | Ден на македонските железничари |
| * | Ден на македонскиот фудбал |