25 април
Изглед
Предлошка:Април 2026 25 април — 115-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (116-и во престапна година). Остануваат 250 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1191 | Започнало зографирањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. |
| 1719 | Излегол романот „Робинзон Крусо“ на англискиот писател Даниел Дефо. |
| 1859 | Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинанд де Лесепс, започна изградбата на Суецкиот Канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратешко и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Блискиот и Далечниот Исток. |
| 1959 | Пловниот пат Сент Лоренс, кој ги поврзува Големите Езера преку реката Сент Лоренс и систем од канали со Атлантскиот Океан е отворен за пловидба. |
| 1945 | Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на Обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН). |
| 1960 | Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината. |
| 1979 | Во Битола е основан вториот универзитет во СР Македонија, „Свети Климент Охридски“. |
| 1996 | Република Македонија и Хондурас воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. |
Родени:
Починале:
| 68 | Апостол Марко — Александриски патријарх и еден од апостолите на Исус. | |
| 1342 | Бенедикт XII — римски папа. | |
| 1744 | Андерс Целзиус — шведски физичар и астроном. | |
| 1923 | Јово Камберски — македонски писател. | |
| 1999 | Лорд Киланин — ирски новинар. | |
| 2019 | Џон Хавличек — американски кошаркар. | |
| 2023 | Хари Белафонте — американски глумец и пејач. | |
| 2024 | Мајк Пиндер — англиски рок-музичар, член на групата The Moody Blues. |