12 април
Изглед
Предлошка:Април 2026 12 април — 102-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (103-и во престапна година). Остануваат 263 денови до крајот на годината.
Настани:
| 467 | Антемиј станал римски цар. |
| 1204 | Крстоносците го освоиле и опустошиле Цариград. |
| 1557 | Бил основан градот Куенка во денешен Еквадор. |
| 1606 | Создадено официјално знамето на Обединетото Кралство. |
| 1633 | Започнува процесот на инквизиција против Галилео Галилеј. |
| 1861 | Започнала Американската граѓанска војна со нападот на силите на Конфедерацијата на Форт Сумтер во Јужна Каролина. |
| 1877 | Обединетото Кралство ја припоило Јужна Африка. |
| 1917 | Прва светска војна: Канада победила во Битката кај Вими против Германија. |
| 1945 | Дотогашниот потпретседател Хари Труман станал претседател на САД, откако претседателот Франклин Рузвелт починал додека бил на функција. |
| 1961 | СССР го лансирале во орбита околу Земјата вселенскиот брод „Восток 1“ во кој се наоѓал првиот човек во вселената: 27-годишниот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин. |
| 1966 | Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина. |
| 1981 | Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА. |
| 1992 | Отворен е забавниот парк „Дизниленд Париз“ — прв во Европа. |
Родени:
Починале:
| 1555 | Јована I Кастиљска — кралица на Кастиља и Леон. |
| 1817 | Шарл Месје — француски астроном, автор на Месјеовиот каталог. |
| 1938 | Фјодор Шаљапин — руски оперски пејач. |
| 1945 | Франклин Делано Рузвелт — претседател на САД. |
| 1963 | Херби Николс — американски џез-музичар. |
| 1977 | Михо Чакеља — македонски архитект. |
| 1981 | Џо Луис — американски боксер, светски првак во тешка категорија од 1939 до 1949 година. |
| 1989 | Шугар Реј Робинсон — американски боксер. |
| 1997 | Рајко Коиќ — српски рок-музичар, член на групата Рибља чорба. |