Михо Чакеља

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Михо Чакеља (хрватски: Miho Čakelja; Дубровник, Хрватска, 9 јануари 1909Скопје, 12 април 1977) бил македонски архитект и редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Животопис[уреди | уреди извор]

Чакеља е роден во хрватскиот град Дубровник на 9 јануари 1909 година.После дипломирањето на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград во 1933 година, се доселил во Скопје, каде останал до крајот на својот живот[1]. Освен педагошката работа, развил богата проектантска и урбанистичка активност. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Се занимавал и со графички дизајн. Позначајни реализации: зградата на Вакувската дирекција во Скопје; зградата на Електродистрибуција во Скопје. Го проектирал архитектонскиот дел на термо и хидроелектрани во Македонија. Од урбанистичкото проектирање познапознач ајни дела му се: урбанистичкото решение за Културно-спортскиот центар „Сарај“ во Скопје во 1949 година, Директивниот план на Гостивар, работнички населби на рудникот „Злетово“. Негов проект била и Зградата на Ибни Пајко која е изградена во 1938 година[2]. Починал во Скопје на 12 април 1977 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Калабакова, Снежана. „Градот ќе го врати името „Дом Ибни Пајко" ако го има на стари фотографии“. Утрински Весник. Посетено на 2010-05-16.
  2. „Пајко маало“. Вечер. Посетено на 2010-05-16.