Матеја Кежман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Матеја Кежман
MatejaKezman.jpg
Лични податоци
Полно име Матеја Кежман
Роден на 12 април 1979 (1979-04-12) (35 г.)
Роден во Белград, СФРЈ
Висина 1.79
Положба напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Смедерево
Број 9
Младинска кариера
1986–1996 ФК Земун
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996 ФК Земун 12 (12)
1996–1997 ФК Раднички Пирот 17 (11)
1997–1998 ФК Лозница 17 (9)
1998 ФК Смедерево 17 (9)
1998–2000 ФК Партизан Белград 60 (34)
2000–2004 ФК ПСВ Ајндховен 122 (105)
2004–2005 ФК Челзи 25 (4)
2005–2006 ФК Атлетико Мадрид 30 (8)
2006–2009 ФК Фенербахче 46 (20)
2008–2009 ФК Париз Сен Жермен (п) 21 (3)
2009–2010 ФК Париз Сен Жермен 14 (2)
2009 ФК Зенит Санкт Петерсбург (п) 10 (2)
2011 ФК Јужна Кина 6 (2)
2011 ФК Батње Борисов 6 (0)
2012 ФК Саут Чајна 0 (0)
2012- ФК Смедерево 0 (0)
Репрезентација
2000–2006 Србија 49 (17)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 25 јули 2012.
† Учества (Голови).

Матеја Кежман (српска кирилица:Матеја Кежман,роден на 12 април 1979 година во Белград)е српски фудбалер кој негов последен клуб за кој настапувал е тимот од првата дивизија на Хонг Конг,Јужна Кина.

Клупска кариера[уреди]

На деветнаесет годишна возраст Кежман потпиша за Фк Партизан.За две сезони во клубот Кежман се покажа како плодоносен голгетер и стана познат меѓу фановите на клубот.Тој постигна вкупно 33 голови на 54 натпревари и исто така беше најдобар стрелец во нациналното првенство сезоната 1999-00.Во летото 2000та година Кежман го комплетираше преминот во холандскиот ПСВ Ејндховен. Во неговата дебитантска сезона тој постигна 24 погодока на 33 натрпевари и со тоа стана најдобар стрелец во лигата.Исто така тој се здоби со името "Бетмен"поради познатата музика која се пушташе на Филипс стадионот секогаш кога поентираше Кежман.Тој создаде големо партнерство со Арјен Робен и го добија епитетот "Бетмен и Робен"игра на зборови од Бетмен и Робин.Кежман успеа да постигне 81 гол во трите сезони кај ПСВи со тоа стана прв играч во холандското првенство што некогаш постигнал повеќе голови од бројот на одиграни натпревари во сезони една по друга,пред конечно да премине во англискиот Челзи во летото 2004та година.Покрај тоа што го постигна голот во победата од 3-2 по продолженија против Ливерпул во финалето од Карлинг купот,Кежман не успеа да остави добар впечаток во лондонскиот клуб,со постигнувањето на 7 гола во сите натпреварувања.По една сезона во Челзи тој премина во Атлетико Мадрид,а Челзи заработи минимален профит од овој трансфер. По солидна сезона во Мадрид,Кежман премина во Фенербахче каде потпиша четиригодишен договор.Кежман придонесе неговиот тим да ја освои турската Супер лига сезоната 2006-07,токму на стогодишнината на клубот.На 18ти август Кежман потпиша за Парис Сент Жермен,на едногодишна позајмица со клаузула за откуп.Тој настапи на 21 натпревар,каде најчество влегуваше го игра како резерва и постигна три гола. На 30ти август 2009та година се објави дека Кежман ќе му се придружи на Зенит Санкт Петерзбург од Парис Сент Жермен на позајмица до крајот на сезоната со можност за купување за неодредена сума.Наредниот ден и официјално се потврди трансферот откако играчот успешна ги помина медицинските прегледи.Тој постигна 2 гола за Зенит и му помогна на тимот да заврши на третото место во руската Премиер Лига,но рускиот клуб одлучи да не ги задржи неговите услуги и тој се врати во Парис во јануари 2010та година.На 3ти ноември 2010та година договорот на Кежман со ПСЖ се прекина по заедничка согласност. На 20ти јануари 2011та,стигна објава дека Кежман се согласил да игра за Јужна Кина до крајот на сезоната 2010-11 во хонконгшката прва фудбалска лига.Кежман дебитираше на 29ти јануари 2011та година против НТ Реалти Вофу Тај По кој загуби со 1-0.Тој беше заменет со Леунг Чунг Понг во 64тата минута.На 13ти фебруари 2011та година во полуфиналето од Лига купот против Кичи,Кежман го постигна првиот гол за клубот во 32та минута и вториот гол на седум минути пред крајот.Јужна Кина победи со 4-2 против Кичи и влесе во финалето. На 13ти април 2011та,во купот на азијската фудбалска федерација во групата Х во натпревар против екипата Кингфишер Ист Бенгал,Кежман го постигна првиот гол во тоа натпреварување во 69тата минута со удар со глава,по асистенција на Ау Јеунг Јиу Чунг.Неговиот гол помогна Јужна кина да осигура победа и се искачи на третата позиција во групата,но тој исто така заработи жолт картон на тој натпревар што беше негов втор на турнирот и го пропушти натпреварот на гости против Ист Бенгал.

Меѓународна кариера[уреди]

Кежман на меѓународната сцена дебитираше дебитираше за ФР Југославија во март 2000та година со гол против Кина во пријателски меч како дел од подготовките за Уефа Еуро 2000.Главниот тренер Вујадин Бошков го вклучи во списокот на конечните 23 кои ги зема за Белгија и Холандија.И покрај тоа што Кежман беше четврта опција во нападот покрај Предраг Мијатович,Саво Милошевич и Дарко Ковачевич,21 годишниот фудбалер доби шанса како замена при крајот на мечот од групата против Норвешка.Сепак и покрај тоа што беше на теренот околу 90 секунди,заработи исклучување поради жесток старт над Ерик Микланд. Во фебруари 2003та,по засрамувачки перформанси на тимот за време на квалификациите за Уефа Еуро 2004,Кежман најави дека се пензионира од националниот дрес.Сепак Кежман по неколку месеци се врати во тимот по назначувањето на Илија Петкович за нов тренер.Кежман го предводеше нападот на Србија и Црна Гора во квалификациите за светското првенство 2006та година со 5 постигнати гола,вклучувајќи го и единствениот гол против Босна и Херцеговина во последниот меч што всушност и овозможи на неговата земја да се пласира директно освојувајќи прво место во групата.За време на натпреварувањето тој доби исклучување на мечот против Аргентина од судијата Роберто Розети.Поради тоа, тој повеќе не беше повикуван на ниту еден пријателски ниту официјален натпревар за Србија.За време на неговото шестгодишно играње за националниот тим Кежман успеа да постигне 17 гола на 49 натпревари.

Контраверзност[уреди]

Еден ден по неуспехот на неговиот тим Јужна Кина да влезе во 16 финалето од купот на азијската федерација 2011 и тоа поради поразот од индонезискиот тим Персипура Јауапура,Кежман јавно изјави дека овој куп е чуден и некако глупав.Тој го обвини топлото време и долгиот пат до Јауапура како главни фактори за неуспехот на неговиот тим.Многу фудбалски фанови во Индонезија ја оценија изјавата на Кежман како недолична за еден професионалец како што е тој.