Саво Милошевиќ (роден на 2 септември 1973 година) — српскифудбалски тренер и поранешен играч, кој настапувал на позицијата напаѓач. Во моментов ја води екипата на Партизан.
Откако се прославил во Партизан, тој потпишал со англискиот клуб Астон Вила, но по три години се преселил во Шпанија каде го поминал најголемиот дел од својата кариера, настапувајќи за четри различни клубови и постигнал 91 гол на 241 натпревар. Во 16-годишната кариера одиграл речиси 300 официјални натпревари.
На репрезентативно ниво, Милошевиќ настапувал за репрезентациите на Југославија, Србија и Црна Гора и Србија, за кои одиграл 102 натпревари и постигнал 37 гола.,[1] Тој настапил на две Светски првенства и едно Европско првенство, во 2000 година на кое тој ја освоил Златната копачка.