Европско првенство во фудбал 2000

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Европско првенство во фудбал 2000
Европско првенство во фудбал 2000
Општо за првенството
Домаќин(и) Белгија Белгија
Холандија Холандија
      градови 8
      стадиони 8
Период на оддржување 10 јуни2 јули 2000
Број на учесници 16
Распределба на медалите
Gold medal.svg Шампион  Франција
Silver medal.svg Второ место  Италија
Bronze medal.svg Трето место  Холандија
 Португалија
Статистички податоци за првенството
Посетеност 1.122.833  (36.220 по натпревар)
Одиграно натпревари 31
Дадено голови 85  (2.74 по натпревар)
Најдобар стрелец Холандија Патрик Клојверт
Сојузна Република Југославија Саво Милошевиќ
(5 гола)
Најдобар играч Франција Зинедин Зидан


Европско првенство во фудбал 2000 (УЕФА Евро 2000), било 11-тото Европско фудбалско првенство, кое се одржува на секои четири години, во организација на УЕФА, управното тело за фудбал во Европа.[1]

Организатори на Европското првенство 2000 биле две држави Белгија и Холандија, што било прв таков случај во историјата на натпреварувањето. Кандидатурата на овие држави била избрана пред Шпанија и Австрија кој исто така поднеле кандидатура са организиаторство на Евро 2000.

Првенството се одиграло од 10 јуни до 2 јули 2000 година, и на завршниот турнир учествувале 16 репрезентации. Со исклучок на репрезентациите домаќини, Белгија и Холандија, останатите учесници на ова првенство морале да се изборат за настап на турнирот преку квалификациите.

Европското првенство во фудбал 2000 го освоила репрезентацијата на Франција, која во финалето ја победила Италија со 2-1 по продолженија, со златниот гол на Давид Трезеге во 103-тата минута.[2] Финалето било одиграно на Стадионот Крал Бодуен, поранешниот Хејсел, за прв пат после 1985 година со оглед на настаните од Европскиот куп таа година и катастрофата што се случи на стадионот Хејсел.

Избор на домаќин[уреди | уреди извор]

Белгија и Холандија бил избрани за домаќини на турнирот како ко-организатори на 14 јули 1995 година од страна на Извршниот комитет на УЕФА на состанокот во Женева, Швајцарија.[3][4]

Квалификации[уреди | уреди извор]

Квалификувани репрезентации[уреди | уреди извор]

Ждрепка[уреди | уреди извор]

Составот на шешири од 1 до 3 бил заснован на УЕФА коефициентот кој го имале репрезентациите на крајот од 1999 година.[5][6] Ждрепката за завршниот турнир се одржала на 12 декември 1999.[7][8]

Шешир 1[б 1]
Тим Коеф Место
 Германија[б 2] 2.278 7
 Шпанија[б 3] 2.611 1
Шешир 2
Тим Коеф Место
 Романија 2.600 2
 Норвешка 2.500 3
 Шведска 2.389 4
 Чешка 2.300 6
Шешир 3
Тим Коеф Место
 ФР Југославија 2.222 9
 Португалија 2.100 11
 Франција 2.100 12
 Италија 2.063 13
Шешир 4
Тим Коеф Место
 Англија 2.000 15
 Турција 1.938 18
 Данска 1.938 19
 Словенија 1.000 37
  1. Домаќините Белгија (коефициент 2.375; 5. место) и Холандија (коефициент 2.250; 8. место) автоматски ги заземаат позициите Б1 и Д1.
  2. Бранителот на титулата Германија (коефициент 2.278; 7. место) автоматски била поставена на позицијата А1.
  3. Репрезентацијата со највисок пласман според УЕФА коефициентот Шпанија (коефициент 2.611; 1. место) автоматски била поставена на позицијата Ц1.

Пред извлекувањето на ждрепката, репрезентациите од првиот шешир имале доделени позиции: Германија (бранител на титулата) во А1, Белгија (домаќин) до Б1, Шпанија (највисок коефициент) во Ц1, и Холандија (домаќин) во Д1. Репрезентациите во шеширите од 2 до 4, биле извлечени така што секоја добила своја позиција во групите (за целите на одредување на распоредот на натпревари во секоја група).[9]

Со ждрепката биле извлечени следниве групи:

Група А
Поз. Репрезентација
А1  Германија
А2  Романија
А3  Португалија
А4  Англија
Група Б
Поз Репрезентација
Б1  Белгија
Б2  Шведска
Б3  Турција
Б4  Италија
Група Ц
Поз Репрезентација
Ц1  Шпанија
Ц2  Норвешка
Ц3  ФР Југославија
Ц4  Словенија
Група Д
Pos Репрезентација
Д1  Холандија
Д2  Чешка
Д3  Франција
Д4  Данска

Стадиони[уреди | уреди извор]

Белгија
Брисел Брухе Лиеж Шарлроа
Стадион Крал Бодуен Стадион Јан Брејдел Стадион Морис Дјуфран Стад ду Пеи де Шарлроа
Капацитет: 50,000 Капацитет: 30,000 Капацитет: 30,000 Капацитет: 30,000
Stade Roi Baudouin.JPG Janbreydelstadion.jpg Standard liege kaerjeng02.jpg Stade du pays de Charleroi 1.jpg
Белгија Холандија
Холандија
Ротердам Амстердам Ајндховен Арнхем
Стадион Фејенорд Амстердам арена Стадион Филипс Гелредом
Кпацитет: 51,000 Кпацитет: 52,000 Кпацитет: 33,000 Кпацитет: 30,000
StadionFeyenoord.jpg Amsterdam Arena Roof Open.jpg Philips Stadion2.jpg Gelredome 2.jpg

Судии[уреди | уреди извор]

Главни судии Асиситенти судии Четврти судии
Австрија Гинтер Бенко Белорусија Јури Дупанау Белгија Мишел Пиро
Данска Ким Милтон Нилсен Белгија Роланд ван Нилен Грција Кирос Васарас
Египет Гамал Ал-Гандур Бугарија Иван Леков Норвешка Терје Хауге
Англија Греам Пол Данска Јенс Ларсен Словачка Лубош Михел
Франција Жил Визер Англија Филип Шарп
Германија Маркус Мерк Франција Жак Подевињ
Италија Пјерлујџи Колина Германија Курт Ертл
Холандија Дик Јол Италија Серџо Ѕуколини
Португалија Витор Мело Переира Мали Драмане Данте
Шкотска Хју Далас Малта Емануел Замит
Шпанија Хосе Гарсија-Аранда Холандија Јап Пол
Шведска Андерс Фриск Ирска Еди Фоули
Швајцарија Урс Мејер Романија Николае Григореску
Словачка Игор Шрамка
Шпанија Карлос Мартин Нието
Шведска Леиф Линдберг
Турција Тургај Гуду

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Policing Euro 2000“. Police Academy of the Netherlands. http://policestudies.homestead.com/files/adang_cuvelier_policing_euro_2000.pdf. посет. 5 јануари 2014 г. 
  2. „France add Europe to the world“. The Guardian. 2 јули 2000. https://www.theguardian.com/football/2000/jul/03/euro2000.sport4. посет. 19 јуни 2013 г. 
  3. EK zorgt voor economische impuls“, „Provinciale Zeeuwse Courant“, 15 јули 1995. (на Dutch)
  4. Nederland en België hopen quitte te spelen bij EK“, „de Volkskrant“, 15 јули 1995. (на Dutch)
  5. England sent to the bottom of Euro 2000 class“, „The Independent“, Independent Print, 19 ноември 1999 (посет. 9 јули 2012 г).
  6. Blow for England's Euro hopes“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 10 декември 1999 (посет. 9 јули 2012 г).
  7. „Big names thrown in deep end“. New Straits Times. 14 декември 1999. стр. 44. https://news.google.com/newspapers?id=8k1OAAAAIBAJ&sjid=axQEAAAAIBAJ&pg=4566,2669356&dq=kevin+keegan&hl=en. посет. 18 јуни 2013 г. 
  8. EURO 2000™ final tournament draw“, Union of European Football Associations (посет. 20 јуни 2016 г).
  9. UEFA detail EURO 2000 Final Tournament draw procedure“, Union of European Football Associations, 10 декември 1999.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]