Луис Фиго
Луис Фиго | |||
---|---|---|---|
Фиго во Техеран во 2015 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Луис Филипе Мадејра Каеиро Фиго | ||
Роден на | 4 ноември 1972 | ||
Роден во | Алмада, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | м[1] | 1,80||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 2009 (36 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Ос Пастилхас | |||
1984–1989 | Спортинг Лисабон | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1989–1995 | Спортинг Лисабон | 137 | (16) |
1995–2000 | Барселона | 172 | (30) |
2000–2005 | Реал Мадрид | 164 | (38) |
2005–2009 | Интер | 105 | (9) |
Репрезентација | |||
1988–1989 | Португалија 16 | 15 | (8) |
1989 | Португалија 17 | 6 | (2) |
1988–1990 | Португалија 18 | 21 | (8) |
1990–1991 | Португалија 20 | 12 | (0) |
1991–1994 | Португалија 21 | 7 | (0) |
1991–2006 | Португалија | 127 | (32) |
Луис Фиго (португалски: Luís Filipe Madeira Caeiro Figo) (4 ноември 1972, Лисабон, Португалија) - португалски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Во својата кариера долга 20 години тој играл за Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Интер, пред да е пензионира на 31 мај 2009 година. Фиго има 127 настапи за португалската репрезентација, и долго бил сопственик на рекордот за најмногу настапи за репрезентацијата, пред да биде престигнат од Кристијано Роналдо во 2016.
Познат по својата креативност и дриблинг, Фиго бил сметан за еден од најдобрите фудбалери во неговата генерација.[2][3] Неговите 106 асистенции претставуваат втор најдобар резултат во Примера Дивисион, после Лионел Меси.[4] Тој ја освоил златната топка во 2000 година и бил избран за Играч на годината според ФИФА во 2001 година, а во 2004 година Пеле го вброил во ФИФА 100, списокот на најдобрите живи фудбалери во светот.[5] Фиго е еден од ретките фудбалери кој играл во Ел Класико и за двете страни; Барселона и Реал Мадрид. Неговиот контроверзен трансфер во 2000 година од Барселона во лутиот соперник Реал Мадрид за 62 милиони евра бил едно време најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.[6]
Во својата успешна кариера Фиго освоил многу трофеи од кои меѓу најважните се: Лигата на шампионите со Реал Мадрид во сезоната 2001-2002, Купот на победниците на куповите со Барселона, четирите титули во шпанското првенство (две со Барселона и две со Реал Мадрид) и четирите титули во италијанската Серија А со Интер.
Животопис
[уреди | уреди извор]Фиго е оженет со моделот Хелен Сведин, со која имаат три деца: Даниела, Стела и Мартина.
Кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Фиго ја започнал својата кариера во малиот клуб Пастиљас од Кова да Пиедаде, каде што живеел.[7] Наскоро тој го привлекол вниманието на Спортинг Лисабон, кој го побарале да игра за нивната екипа од училишна возраст во 1984 година.[7] Тој официјално му се приклучил на Спортинг следната година кога имал 12 години.[8]
Своето деби за првиот тим на Спортинг го имал на 1 април 1990 година, во натпревар против Маритимо.[7] Во 1989 година, уште пред да дебитира за Спортинг, Фиго го освоил својот прв трофеј откако со репрезентацијата го освоил Европското првенство за играчи под 16 години. Две години подоцна тој го освоил и Светското првенство за играчи под 20 години, победувајќи го Бразил во финалето, а во португалската репрезентацијата покрај Фиго тогаш играле уште и Руи Кошта и Жоао Пинто. Својот прв и единствен трофеј со Спортинг го освоил во Купот на Португалија во 1995 година, за време на неговата последна сезона во клубот пред заминувањето во странство.
Во летото 1995 година, Фиго бил интересен за голем број европски екипи па со самото имал можност самиот да ја одбере најдобрата опција, меѓутоа поради дилема дали да се приклучи на Јувентус или на Парма, тој потпишал договор со двата клуба, и бил казнет на две години без да може да игра во Италија. Ситуацијата натаму се решила така што Фиго потпишал за Барселона во трансфер вреден 2,25 милиони фунти. По првата сезона во Барселона која ја завршил без освоен трофеј, својот прв трофеј со каталонците го освоил во Суперкупот на Шпанија 1996, во кој Барселона била подобра од шпанскиот шампион од претходната сезона Атлетико Мадрид со вкупен резултат 6-5. Истата сезона Барселона на крилата на Фиго и на Роналдо го освоила Купот на победниците на куповите,[9] а следната сезона дошла и титулата во Примера Дивисион каде тој бил дел од силниот напад на Блауграна заедно со Ривалдо и Патрик Клајверт.
Во јули 2000 година, Фиго се преселил во лутиот соперник на Барселона, Реал Мадрид, за 62 милиони евра што тогаш претставувал најскап трансфер.[10] Со доаѓањето на Фиго во Мадрид, во клубот започнала ерата на Галактикосите, затоа што покрај Фиго за Реал во тоа време играле и други големи светски фудбалски ѕвезди како Зинедин Зидан, Роберто Карлос, Дејвид Бекам, Раул Гонсалес и така натаму.[11] Во првата сезона во Реал, тој го освоил шпанското првенство по третпат во својата кариера, а во втората сезона во клубот ја освоил титулата во Лигата на шампионите која му недостасувала во личната колекција на трофеи.[12] Во финалето одиграно на Хемпден Парк во Глазгов, кралевите го победиле Бајер Леверкузен со 2-1, а Фиго играл до 61-вата минута кога бил заменет од Стив МекМанаман.[13] Последователно тој му помогнал на клубот да ги освои Суперкупот на УЕФА со победа од 3-1 над Фејенорд[14] и Интерконтиненталниот куп со победа над јужноамериканскиот шампион Олимпија со 2-0.[15] Својот последен трофеј како играч на Реал Мадрид го освоил во Суперкупот на Шпанија 2003 со победата над Мајорка со вкупен резултат 4-2.
Во август 2005 година, Фиго потпишал за италијанскиот Интер како слободен играч, откако неговиот договор со Реал Мадрид истекол во јуни истата година.[16] Со Интер освоил четири скудета вклучувајќи го и она од третото место на табелата во неговата прва сезона, кога титулата на Интер накнадно му била доделена откако на регуларниот шампион Јувентус му била одземена титулата, а второпласираниот Милан бил казнет со одземање на бодови и во двата случаи заради вмешаност во скандал со наместени натпревари. Во август 2006 година, тој го постигнал победничкиот гол за нероаѕурите во првото продолжение со кој тие ја победиле Рома со 4-3 и го освоиле Суперкупот на Италија.[17] Својот последен натпревар во кариерата Интер-Аталанта го одиграл на 31 мај 2009, носејќи ја за првпат капитенската лента на клубот.[18]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]За португалската репрезентација Фиго дебитирал во 1991 година, на возраст од само 18 години, во пријателски натпревар против Луксембург што завршил 1-1.[19] Вкупно за репрезентацијата одиграл 127 натпревари и во моментов е втор по бројот на настапи - заостанувајќи само зад Кристијано Роналдо[20]- и четврти по бројот на постигнати голови со 32.[20]
Тој ја претставувал својата земја на две Светски (2002 и 2006) и три Европски првенства (1996, 2000 и 2004), а најдобриот резултат го забележал на Европското првенство 2004 на домашен терен, каде Португалија стигнала до финалето во кое загубиле од Грција.[21]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]По завршувањето на кариерата
[уреди | уреди извор]Во февруари 2015 година, на стадионот „Вембли“, Фиго ја започнал својата кампања за изборите на претседател на ФИФА, како еден од четворицата кандидати за оваа функција. Притоа, во неговата изборна кампања тој се залагал за зголемување на бројот на репрезентациите кои играат на светските првенства на 40 или 48.[22]
Статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 16 април 2020.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1989-1990 | Спортинг Лисабон | ПД | 3 | 0 | КП | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 |
1990-1991 | ПД | 0 | 0 | КП | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 | |
1991-1992 | ПД | 34 | 1 | КП | 7 | 0 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 43 | 1 | |
1992-1993 | ПД | 32 | 0 | КП | 8 | 1 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 42 | 1 | |
1993-1994 | ПД | 31 | 8 | КП | 1 | 0 | КУ | 3 | 0 | - | - | - | 35 | 8 | |
1994-1995 | ПД | 29 | 7 | КП | 7 | 3 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 38 | 10 | |
Вкупно Спортинг | 129 | 16 | 23 | 4 | 9 | 0 | - | - | 161 | 20 | |||||
1995-1996 | Барселона | ПД | 35 | 5 | КШ | 8 | 1 | CU | 10 | 3 | - | - | - | 53 | 9 |
1996-1997 | ПД | 36 | 4 | КШ | 8 | 2 | КПК | 8 | 1 | СШ | 1 | 0 | 53 | 7 | |
1997-1998 | ПД | 35 | 5 | КШ | 1 | 0 | ЛШ | 7 | 1 | СШ+СУ | 1+2 | 0 | 46 | 6 | |
1998-1999 | ПД | 34 | 7 | КШ | 9 | 1 | ЛШ | 6 | 1 | СШ | 1 | 0 | 50 | 9 | |
1999-2000 | ПД | 32 | 9 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 13 | 5 | СШ | 2 | 0 | 47 | 14 | |
Вкупно Барселона | 172 | 30 | 26 | 4 | 44 | 11 | 7 | 0 | 249 | 45 | |||||
2000-2001 | Реал Мадрид | ПД | 34 | 7 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 14 | 5 | СУ+ИнтК | 1+1 | 0 | 50 | 12 |
2001-2002 | ПД | 29 | 7 | КШ | 6 | 1 | ЛШ | 10 | 3 | СШ | 2 | 0 | 47 | 11 | |
2002-2003 | ПД | 33 | 10 | КШ | 1 | 0 | ЛШ | 15 | 2 | СУ+ИнтК | 1+1 | 0 | 51 | 12 | |
2003-2004 | ПД | 36 | 9 | КШ | 6 | 2 | ЛШ | 11 | 2 | SS | 2 | 1 | 55 | 14 | |
2004-2005 | ПД | 32 | 3 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 10 | 4 | - | - | - | 42 | 7 | |
Вкупно Реал Мадрид | 164 | 36 | 13 | 3 | 60 | 16 | 8 | 1 | 245 | 56 | |||||
2005-2006 | Интер | А | 34 | 5 | КИ | 3 | 0 | ЛШ | 8 | 1 | - | - | - | 45 | 6 |
2006-2007 | А | 32 | 2 | КИ | 7 | 0 | ЛШ | 7 | 0 | СИ | 1 | 1 | 47 | 3 | |
2007-2008 | А | 17 | 1 | КИ | 1 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | СИ | 1 | 0 | 22 | 1 | |
2008-2009 | А | 22 | 1 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | СИ | 1 | 0 | 26 | 1 | |
Вкупно Интер | 105 | 9 | 11 | 0 | 21 | 1 | 3 | 1 | 140 | 11 | |||||
Вкупно во кариерата | 570 | 91 | 73 | 11 | 134 | 28 | 18 | 2 | 795 | 132 |
Титули
[уреди | уреди извор]
Клупски[уреди | уреди извор]Спортинг Лисабон[уреди | уреди извор]
Барселона[уреди | уреди извор]
Реал Мадрид[уреди | уреди извор]
Интер[уреди | уреди извор]
Репрезентативни[уреди | уреди извор]
|
Поединечни[уреди | уреди извор]
|
Почести
[уреди | уреди извор] Орден Инфанта на Дон Енрике
— 2004
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Figo Stats“. FootballDatabase.com. Посетено на 23 December 2006.
- ↑ „EURO 2000 Profile: Luis Figo“. BBC Sport. 14 May 2000. Посетено на 29 July 2012.
- ↑ „Figo best in world“. BBC News. 17 December 2001.
- ↑ „Crisis? What crisis? Harmony restored as Barcelona close gap on Madrid“. Goals.com. 9 February 2015.
- ↑ „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 19 June 2014.
- ↑ "The history of the world transfer record". BBC News. Retrieved 1 May 2014
- ↑ 7,0 7,1 7,2 „Luís Figo: O Príncipe do Futebol Português“. zerozero. Посетено на 15 April 2020.
- ↑ „expertfootball.com“. AFP. 23 June 2012. Архивирано од изворникот на 2006-02-17. Посетено на 23 June 2020.
- ↑ mundodeportivo.com, уред. (15 мај 1997). „El título soñado“ (PDF) (шпански). Посетено на 12 март 2017.
- ↑ Nash, Elizabeth (25 јули 2000). „Figo defects to Real Madrid for record £36.2m“. The Independent. London. Посетено на 11 мај 2010.
- ↑ Lowe, Sid (2013). "Fear and Loathing in La Liga: Barcelona vs Real Madrid". pp.338-367. chpt."And Pigs Did Fly". Random House, 2013
- ↑ „15 years on: Who were Real Madrid's 2002 Champions League winners?“. UEFA.com. 15 мај 2017. Посетено на 17 април 2020.
- ↑ Bayer Leverskusen - Real Madrid 1-2 espn.com
- ↑ Javier García (11 октомври 2014). „The European Super Cup victory over Feyenoord“. Реал Мадирд. Посетено на 17 април 2020.
- ↑ „On this day, Real Madrid lifted the club's third Intercontinental Cup“. Реал Мадирд. 12 декември 2018. Посетено на 17 април 2020.
- ↑ Gianni Piva (4 август 2005). „Preso Figo, l'Inter sogna ancora“. la Repubblica. стр. 44.
- ↑ Gianni Piva (27 август 2006). „Ciclone Inter, incredibile rimonta“. la Repubblica. стр. 56.
- ↑ Luca Taidelli (1 June 2009). „I figli e Figo Inter scudetto: ultime emozioni“. La Gazzetta dello Sport.
- ↑ „Luxembourg v Portugal, 12 October 1991“ (англиски).
- ↑ 20,0 20,1 „Portugal - Record International Players“. 18 април 2020. 18 април 2020.
- ↑ Грција, европски шампион dw.com 5 јули 2004, пристапено 18 април 2020
- ↑ „Фиго тргна да го смени Блатер со зголемен број учесници на СП“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Луис Фиго на transfermarkt
- Луис Фиго на soccerway
- Луис Фиго на espn
- Луис Фиго на whoscored
- Луис Фиго на zerozero
|