Прејди на содржината

Фудбалски куп на Италија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Куп на Италија)
Куп на Италија
ЗемјаИталија Италија
Основана1922
Број на клубови78
Тековен првакБолоња Болоња (3. титула)
(2024–2025)
Најмногу титулиЈувентус Јувентус
(15 титули)
Мрежно местоКуп на Италија
Трофеј
Фудбалски куп на Италија 2024-2025

Фудбалскиот куп на Италија (или познат по тамошното име Coppa Italia) е национален куп во фудбал на Италија. Првпат натпреварувањето било одржано во 1922, но друго вакво натпреварување не било одржано сè до 1936, од кога се играло редовно до 1943 година. Потоа натпреварувањето продолжило во 1958 година и оттогаш сè до денес се игра секоја сезона.

Најуспешен клуб е Јувентус со 15 титули. Покрај тоа, тие одиграле најмногу финалиња од сите клубови, 22, потоа следи Рома со 17 финалиња. Торино е клубот кој има најмногу загубени финалиња (8).

Победникот во Купот на Италија добива место во европските турнири, поточно во Лигата на Европа. Клубот кој ќе ја освои Копа Италија 10 пати, ќе биде награден со сребрена ѕвездичка, слично како и во првенството, каде што екипата која ќе го освои Скудетото 10 пати - добива златна ѕвезда. Со титулата во 2015, екипата на Јувентус, станала првата која освоила сребрена ѕвезда во италијанскиот фудбал, додека на екипата на Рома ѝ недостасува уште еден наслов до ѕвездата, бидејќи моментално имаат 9 титули.

Ова натпреварување е познато и по подпросечната посетеност, затоа што повеќето екипи не играат со своите најдобри играчи во поголемиот дел од турнирот. Додека во Серија А, клубовите имаат и до 50.000 навивачи на натпревар, во купот едвај се собираат околу 30.000. Најмногу гледачи има во завршницата на турнирот, кога екипите се борат за влез во Европа, поточно во Лигата на Европа.

Натпреварувањето е нокаут турнир каде секоја победа ве води коло напред. Самиот жреб се објавува на почетокот уште пред да биде одигран ниту еден натпревар. Освен во полуфиналето каде се играат и реванш натпревари секое друго коло има само еден натпревар. Ако екипите одиграат нерешено се играат продолженија, а ако и во нив не се добие победник, се изведуваат пенали. Всушност турнирот е составен од две фази, каде во секоја има по четири рунди.

Турнирот започнува во август и во првата рунда учествуваат екипите од пониските лиги. Најдобрите осум клубови од Серија А од претходната сезона се приклучуваат во осминафиналето, а останатите 12 во третото коло. Финалето се игра по завршувањето на првенствата.

ФазаРундаКлубови
останати
Клубови
вклучени
Победници од
претходната рунда
Ново влезени
во оваа рунда
Лигите од кој влегуваат клубовите во оваа рунда
Прва фазаПрва рунда7836нема36Екипи од Лега Про и Серија Д
Втора рунда60401822Серија Б
Трета рунда40322012Послабо рангираните екипи од Серија А од претходната сезона
Четврта рунда241616неманикој
Втора фазаОсминафинале161688Виско рангираните екипи од Серија А
Четвртфинале888неманикој
Полуфинале444неманикој
Финале222неманикој

Досегашни победници

[уреди | уреди извор]
Куп на Италија

Најмногу титули

[уреди | уреди извор]
КлубБрој на титули
Јувентус Јувентус15
Рома Рома9
Лацио Лацио7
Интер Интер7
Фјорентина Фјорентина6
Наполи Наполи6
Торино Торино5
Милан Милан5
Сампдорија Сампдорија4
Парма Парма3
Болоња Болоња2
Вадо1
Џенова Џенова1
Венеција Венеција1
Аталанта Аталанта1
Виченца Виченца1

    Надворешни врски

    [уреди | уреди извор]