Куќа на славните на италијанскиот фудбал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куќа на славните на италијанскиот фудбал
ЖанрФудбал
Локација
ЗемјаИталија Италија
СедиштеКоверчано
Општи податоци
Основана2011

Куќата на славните на италијанскиот фудбал претставува иницијатива со постојан карактер, промовирана од страна на италијанската фудбалска федерација (ФИГК) и фондацијата Museo del Calcio. Основана е во 2011 година и сместена во Коверчано.

Куќата на славните има за цел да ги собере наследството, историјата, културата и вредностите на италијанскиот фудбал.[1] Секоја година се додаваат нови играчи, тренери и спортски директори, во категориите Италијански играч, Италијански тренер, Италијански ветеран, Странски играч, Италијански судија, Италијански извршен директор и исто така се доделуваат Признанија за меморија (главно на веќе починати славни луѓе од италијанскиот фудбал). Во 2014 година, е додадена категоријата Женски фудбал,[2] потоа преименувана во Италијанска фудбалерка,[3] а во 2018 година била уведена наградата за фер-плеј, именувана во спомен на Давиде Астори, како и специјална награда.[4]

Вклучувања по години[уреди | уреди извор]

Година Италијански играч Италијански тренер Италијански ветеран Италијански судија Италијански
спор. директор
Странски играч Италијанска фудбалерка Признанија за меморија Награда Астори Специјална награда
2011[3] Роберто Баџо Марчело Липи
Ариго Саки
Џиџи Рива Пјерлујџи Колина Адријано Галијани Франција Мишел Платини - Оторино Барази
Енцо Беарзот
Фулвио Бернардини
Џовани Ферари
Артемио Франки
Џовани Мауро
Џузепе Меаца
Силвио Пиола
Виторино Поцо
Гаетано Ширеа
Феручо Валкареџи
- -
2012[3] Паоло Малдини Џовани Трапатони Дино Ѕоф Лујџи Ањолин
Паоло Казарин
Џампјеро Бониперти Холандија Марко ван Бастен - Кончето Ло Бело
Валентино Мацола
Нерео Роко
Анџело Скјавио
- -
2013[3] Франко Барези Фабио Капело Џани Ривера Серџи Гонела
Чезаре Гусони
Масимо Морати Аргентина Габриел Батистута - Ералдо Монцељо - -
2014[3] Фабио Канаваро Карло Анчелоти Сандро Мацола Стефано Браски Џузепе Марота Аргентина Диего Марадона Каролина Мораче Џакомо Булгарели
Карло Каркано
Феручо Ново
- -
2015[3] Џанлука Вијали Роберто Манчини Марко Тардели Роберто Розети Корадо Ферлаино Бразил Роналдо Патриција Панико Умберто Ањели
Џакинто Факети
Еленио Ерера
- -
2016[3] Џузепе Бергоми Клаудио Раниери Паоло Роси Не доделена
(одземена на
Грацијано Чезари)
[5]
Силвио Берлускони Бразил Пауло Роберто Фалкао Меланија Габијадини Џулио Кампанати
Нилс Лидхолм
Чезаре Малдини
- -
2017[6] Алесандро Дел Пјеро Освалдо Бањоли Бруно Конти Не доделена Серџо Кампана Холандија Руд Гулит Елисабета Вињото Стефано Фарина
Итало Алоди
Ренато Дал'Ара
Арпад Вејс
- -
2018[4] Франческо Тоти Масимилијано Алегри Џанкарло Антоњони Никола Рицоли Антонио Матарезе Аргентина Хавиер Санети Милена Бертолини Амедео Амедеи
Џузепе Вијани
Игор Трокија Џани Брера
2019[7] Андреја Пирло Карло Мацоне Габриеле Ориали Алберто Микелоти Антонио Перкаси Полска Збигњев Боњек Сара Гама Пјетро Анастази
Лујџи Радиче
Матија Агнезе
Ромелу Лукаку
-

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Le stelle“. 21 март 2014.
  2. 'Hall of Fame del calcio italiano', si aprono le porte per altre 10 stelle“. 20 октомври 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „La 'Hall of Fame del calcio italiano' si arricchisce di altre dieci stelle“. 25 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 26 октомври 2016.
  4. 4,0 4,1 „Totti, Zanetti e Allegri tra i premiati dell'8ª edizione della 'Hall of Fame del calcio italiano' (италијански). 19 февруари 2019.
  5. 'Hall of Fame del calcio italiano': revocato il riconoscimento conferito a Graziano Cesari“ (италијански). 11 ноември 2016. Архивирано од изворникот на 12 ноември 2016.
  6. „Del Piero, Gullit, Conti e altre 7 leggende entrano nella 'Hall of Fame del calcio italiano' (италијански). 5 декември 2017.
  7. 'Hall of Fame del calcio italiano': Pirlo, Boniek e Mazzone tra i premiati della 9ª edizione“. 5 февруари 2020.

Останати проекти[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]