Фабио Канаваро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фабио Канаваро
Fabio Cannavaro in Tehran's IKA Airport.jpg
Канаваро во 2015 година
Лични податоци
Полно име Фабио Канаваро[1]
Роден на 13 септември 1973 (1973-09-13) (воз. 44 г.)
Роден во Наполи, Италија
Висина &100000000000001760000001,76 м[2]
Позиција централен одбранбен
Клупски податоци
Сегашен клуб Тијанџин Куанјиан (тренер)
Младинска кариера
1988–1992 Наполи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1995 Наполи 58 (1)
1995–2002 Парма 212 (5)
2002–2004 Интер 50 (2)
2004–2006 Јувентус 74 (6)
2006–2009 Реал Мадрид 94 (0)
2009–2010 Јувентус 27 (0)
2010–2011 Ал-Ахил 16 (2)
Total 531 (16)
Репрезентација
1993–1996 Италија 21 21 (0)
1997–2010 Италија 136 (2)
Раководител на екипите
2013–2014 Ал-Ахил (assistant)
2014–2015 Гванџу Евергранде
2015–2016 Ал-Наср
2016– Тијанџин Куанјиан
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Фабио Канаваро, Ufficiale OMRI (Italian pronunciation: [ˈfaːbjo kannaˈvaːro]; роден на 13 септември 1973 година) е италијански поранешен професионален фудбалер и моментално тренер на кинескиот клуб Тијанџин Куанјиан. Канаваро се смета за еден од најголемите дефанзивци на сите времиња. Тој го поминал најголемиот дел од својата кариера во Италија. Ја започнал својата кариера во Наполи, пред да помине седум години во екипата на Парма, со која освои два трофеа во Купот на Италија, Супер куп на Италија и Купот на УЕФА. По добрите настапи во Интер и Јувентус, тој се сели заедно со менаџерот Фабио Капело од Јувентус во Реал Мадрид во 2006 година, со кои ја освои два пати по ред Ла лигата во 2007 и 2008 година. По враќањето во Јувентус во сезоната 2009-10, наредната година тој се приклучи на Ал-Ахли во Дубаи, каде што се повлече од фудбалот во 2011 година, по една сезона поради повреди. По неговото пензионирање, тој стана член на тренерите на Ал-Ахли, особено како глобален амбасадор и технички директор во 2011-2013 година, и како асистент тренер од 2013 до 2014 година. Во ноември 2014 година, тој беше назначен за тренер на кинескиот клуб Гуангжу Евергранде. На 9 јуни 2016 година, тој потпиша договор со кинескиот клуб Тијанџин Куанјиан како менаџер.

Канаваро исто така, постигна успех со националениот тим на Италија. Тој беше дел од тимот на Италија, кој го освои два пати по ред УЕФА Европското првенство во фудбал под-21 во 1994 и 1996 година.Првиот свој настап за сениорската репрезентација го забележува во 1997 година, и беше еден од најсзаслужните кој помогна на својот национален тим да стигне до финалето на Евро 2000, и беше дел од најдобриот тим на турнирот. Подоцна тој стана капитен во 2002 година, по завршувањето на репрезентативната кариера на Паоло Малдини. Канаваро ја доведе Италија до освојување на ФИФА Светско Првенство во Германија, и му беше даден прекарот "Ил Муро ди Берлино" ( "Берлинскиот ѕид") од страна на италијанските поддржувачи поради неговите одбранбени настапи, што се виде по резултатите на Италија која не прими гол на пет натпревари, и на целото првенство прими само два гола, кои не беа во отворена игра. По освојувањето на Светското првенство тој ја освои Златната топка, откако беше именуван како втор најдобар играч на првенството. Во 2009 година, тој успеа да го стигне Малдини сo најмногу настапи во историјата на националниот тим. Тој се повлече од репрезентацијата на 25 јуни 2010 година по неуспехот на Италија да се квалификува меѓу 16те најдобри на Светското првенство 2010. Канаваро вкупно одигра 136 пати за Италија и постигна два гола за сениорскиот национален тим.[3] Севкупно, тој ја претставувал Италија на четири ФИФА Светски првенства, два УЕФА Европски првенства, Летните олимписки игри во 1996 година, и ФИФА Купот на Конфедерации во 2009 година. Тој во моментов е втор на сите времиња според настапи за репрезентацијата на Италија, зад Џанлуиџи Буфон, и направи најмногу настапи за Италија, како капетан (79).

Тој беше именуван за најдобар играч на ФиФа, и ја освои наградата Ballon d'Or во 2006 година, кој го направи единствениот одбранбен играч кој ја има освоено таа награда во деценијата и единствен дефанзивец после Франц Бекенбауер и Матиас Замер, двајцата од Германија.[4][5] Во 2007 година, тој беше на листата од 6 спортисти за наградата Светски спортист на годината.[6] Неговиот помлад брат Паоло Канаваро е исто така професионален фудбалер кој настапува за калчолигашот Сасуоло.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup South Africa 2010 – List of Players“ (PDF). Fédération Internationale de Football Association (FIFA). http://www.fifa.com/mm/document/tournament/competition/01/22/85/78/fwc_2010_squadlists.pdf. конс. 5 јуни 2013 г. 
  2. „Player Profile: Fabio Cannavaro“. UEFA. http://www.uefa.com/teamsandplayers/players/player=18958/profile/index.html. конс. 25 мај 2012 г. 
  3. Cannavaro quits Italy duty“, „Sky Sports“, 25 јуни 2010 (конс. 5 јули 2010 г).
  4. "Cannavaro discusses highs and lows". Football Federation Australia. Retrieved 18 November 2013.
  5. Cannavaro only third defender to win coveted Ballon d'Or“, The Guardian, 27 ноември 2006 (конс. 15 февруари 2014 г).
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Laureus.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Спортски позиции
Претходник
Паоло Малдини
Италијански капитен
2002–2010
Наследник
Џанлуиџи Буфон