Прејди на содржината

Анџело Ди Ливио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анџело Ди Ливио
Лични податоци
Роден на 26 јули 1966(1966-07-26)(59 г.)
Роден во Рим, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2005 (38 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1984-1985 Рома Рома 0 (0)
1985-1986Реџана Реџана 13 (0)
1986-1987Ночерина Ночерина 31 (1)
1987-1989 Перуџа Перуџа 72 (4)
1989-1993 Падова Падова 138 (13)
1993-1999 Јувентус Јувентус 186 (3)
1999-2005 Фјорентина Фјорентина 169 (8)
Репрезентација
1995-2002 Италија Италија 40 (0)

Анџело Ди Ливио (роден на 26 јули 1966 во Рим) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Анџело е во брак со Сабрина со која има син, Лоренцо, кој исто така е фудбалер.[1]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

За време на својот престој во Јувентус, под водството на Марчело Липи, тој играл како мецала, бек или крилен напаѓач, и тоа најчесто по десната страна,[2] иако не малку пати бил користен и по левата страна[3][4] додека во Фјорентина ја покривал позицијата на централен играч од средниот ред, играјќи во различни улоги.[2]

Одличен во дефанзивна фаза на игра и обдарен со спринт, пожртвуваност и издржливост, тој бил познат како Il soldatino (превод на мак. малиот војник),[5] прекар кој го добил од својот соиграч во Јувентус и италијанската репрезентација, Роберто Баџо, поради неговиот карактеристичен начин на движење по теренот, напред-назад по крилната позиција.[6]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Започнал да игра фудбал во Полиспортива Буфалота, клуб кој го носи своето име по истоимениот кварт во Рим, каде Ди Ливио пораснал.[7] На возраст од петнаесет години, тој се приклучил на младинскиот тим на Рома, со која го освоил Турнирот Вијареџо во 1983 година. Во сезоната 1984-1985, бил промовиран во првиот тим на Рома, но не добил шанса од тренерот Роберто Клаглуна да дебитира.

Откако не направил ниту еден официјален настап за Рома во сезоната, во следната тој бил позајмен на Реџана во Серија Ц1, каде ги одиграл својте први минути како професионалец завршувајќи го престојот таму со 13 настапи. Потоа, тој бил позајмен една сезона и во Ночерина во истата лига, каде го постигнал првиот гол во својата кариера. Во клубот тој играл заедно со Алдо Фирикано, кој подоцна му бил соиграч и во Фјорентина.[8]

Ди Ливио во дресот на Перуџа во сезоната 1988-1989.

Во летото 1987 година, Ди Ливио бил испратен на трета позајмица по ред, приклучувајќи и се на Перуџа со која се натпреварувал во Серија Ц2. Веќе во првата сезона тој заедно со уште еден голем талент во тоа време Фабрицио Раванели (со кој подоцна ќе играат заедно и во Јувентус) помогнале да биде освоено првенството и Перуџа да избори промоција во Ц1.[9] По завршувањето на сезоната, клубот од Умбрија го откупил Ди Ливио од Рома и тој останал во црвено-белите уште една цела сезона, пред да ја напушти Перуџа во октомври 1989 година кога во есенската трансфер-сесија се преселил во Падова, во Серија Б.[4]

Дебитирал во втората италијанската лига на 22 октомври 1989, во натпреварот Падова-Анкона 1-2. Својот прв гол за Падова го постигнал на 10 декември 1989, во победата со 1-0 на гостувањето кај Катанцаро.

Тој одиграл 4 сезони во Падова, останувајќи во клубот од Венето до завршувањето на сезоната 1992-1993. Вкупно за клубот одиграл 138 првенствени натпревари и постигнал 13 голови.

Јувентус

[уреди | уреди извор]

По долги години играње во помали клубови, во летото 1993 година Ди Ливио заедно со соиграчот од Падова, Алесандро Дел Пјеро, потпишале за еден од најсилните италијански клубови Јувентус воден од тренерот Џовани Трапатони.[4] Трансферот на Ди Ливио изнесувал 4 милијарди италијански лири.[10]

Своето деби во Серија А го имал возраст од 27 години, на 5 септември 1993 година во гостинскиот натпревар против клубот во кој поникнал, Рома, што завршил 2-1 за домаќините. Својот прв гол за бјанконерите го постигнал на 27 октомври, во поразот со 4-3 од Венеција во Купот на Италија, додека својот прв гол во лигата го постигнал на почетокот на неговата втора сезона во Јувентус, на 25 септември 1994 година, во победата со 1-0 на домашен терен над Сампдорија. Втората сезона во Торино под водството на новиот тренер Марчело Липи ја завршил со 27 настапи (1 гол) во Серија А и 9 настапи во Купот на Италија, помагајќи му на Јувентус да ја освои двојната круна: првенството и купот, што биле и првите два освоени трофеи во кариерата на Ди Ливио. Клубот исто така стигнал до финалето на Купот на УЕФА, каде биле поразени од друг италијански клуб Парма со вкупен резултат 2-1 за млекарите. Ди Ливио играл и во двата финални натпревари.

Во сезоната 1995-1996, Ди Ливио го постигнал својот прв гол во европските натпревраувања, откако ја погодил мрежата на романската екипа Стеауа Букурешт во победата со 3-0 на Деле Алпи во групната фаза од Лигата на шампионите. Својот трет трофеј со Јувентус го освоил во Суперкупот на Италија по победата со 1-0 над Парма во Торино; тој се појавил во игра од клупата за резерви на местото на стрелецот на единствениот гол во овој натпревар Џанлука Вијали во 78-мата минута. И во текот на оваа сезона тој бил стандарен првотимец забележувајќи 44 настапи во сите натпреарувања. Јувентус не успеал да ги одбрани титулите во Серија А и Купот на Италија, но затоа ја освоиле својата втора титула во Лигата на шампионите, победувајќи го холандскиот Ајакс во финалето одиграно во Рим по изведување на пенали со 4-2 откако во регуларниот тек на натпреварот и продолженијата резултатот бил нерешен 1-1. Ди Ливио влегол во игра во 57-мата минута од финалето на местото на Пауло Соуса, а после победата на Јувентус, тој се приклучил на мала група на играчи кои го освоиле ова престижно натпреварување во својот роден град; покрај Ди Ливио тоа го сториле уште Енрике Матеос и Мигел Муњос (Мадрид), Алекс Степни (Лондон), Никола Анелка (Париз) и Гарет Бејл (Кардиф).[11]

Ди Ливио во дресот на Јувентус.

Во следните две сезони, Ди Ливио освоил уште две скудета во Серија А и играл уште две финалиња во Лигата на шампионите, но за разлика од првото овие две финалиња биле со неповолен исход за неговиот Јувентус откако тие биле поразени со 3-1 од Борусија Дортмунд во Минхен (1997) и со 1-0 од Реал Мадрид во Амстердам (1998). Покрај тоа освоил уште еден Суперкуп на Италија победувајќи ја Виченца со 3-0, Суперкупот на УЕФА победувајќи го Париз Сен Жермен со вкупен резултат 9-2 и Интерконтиненталниот куп со победа над Ривер Плејт со 1-0; тој играл во сите тие натпревари.

Неговата последна сезона во дресот на Јувентус била сезоната 1998-1999, во која клубот доживеал неочекуван крах и долгогодишниот тренер Липи бил отпуштен и заменет со Карло Анчелоти. По завршувањето на сезоната, клубот се решил за поголема реконструкција и продажба на некои повозрасни играчи со подолг стаж во клубот, како Ди Ливио, Анџело Перуци и Дидје Дешан.

Вкупо за Јувентус одиграл шест сезони во кои забележал 269 настапи и постигнал 6 гола.

Фјорентина

[уреди | уреди извор]

И покрај силната врска која ја имал со Јувентус, во летото 1999 година тој бил продаден против негова волја во Фјорентина. Дебитирал за виола на 11 август 1999, во натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите против полската екипа Виѓев Лоѓ, во кој неговиот тим забележал победа со 3-1 на Артемио Франки. Својот прв гол во виолетовиот дрес го постигнал на 6 ноември 1999, во ремито 1-1 на гостувањето против Каљари во Серија А.

Во сезоната 2000-2001, Ди Ливио го освоил својот прв трофеј со Фјорентина, Купот на Италија, после победата со вкупен резултат 2-1 во финалето против Парма; ова бил неговиот втор трофеј во купот во неговата кариера по оној освоен со бјанконерите шест години порано. Сепак, само година дена по овој успех, следеле тешки денови за клубот од Фиренца кој се соочил со големи финансиски проблеми и на крајот со испаѓање од Серија А по 7 последователни сезони таму.

Набргу потоа во 2002 година Фјорентина прогласила банкрот, по што била преместена во Серија Ц2 под новото име Флорентија Виола, а Ди Ливио - кој бил назначен за капитен на виола во претходната сезона - решил да остане со цел да му помогне на клубот во овие тешки денови. Откако клубот, кој станал носител на спортската традиција на исчезнатиот популарен италијански клуб, го освоил Ц2 првенството тие истовремено добиле уште една промоција и право да играат во Серија Б следната сезона заради спортските заслуги остварени во минатото. Следната сезона во Серија Б, клубот го вратил старото име Фјорентина, а Ди Ливио одиграл 41 натпревар и постигнал 4 гола; тој исто така играл за својот тим и во двата натпревари против Перуџа во плејофот за промоција во Серија А, помагајќи му на клубот конечно да се врати во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал по само две години пауза.

Ди Ливио останал во Фјорентина до крајот на сезоната 2004-2005, по која клубот не му го обновил договорот и тој решил да се пензионира од активното играње фудбал. Својот последен официјален натпревар го одиграл на 29 мај 2005 во победата над Бреша со 3-0. Вкупно за Фјорентина одиграл 214 натпревари и постигнал 8 голови.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Своето деби за сениорската репрезентација на Италија го направил на возраст од 29 години, на 6 септември 1995, во натпреварот Италија-Словенија (1-0). Потоа тој бил повикуван од страна на четири различни селектори и учествувал на неколку турнири: Европското првенство 1996 во Англија (под водство на Ариго Саки), Светското првенство 1998 во Франција (со Чезаре Малдини), Европското првенство 2000 во Белгија и Холандија (со Дино Ѕоф) и, речиси со 36 години, настапил и на Светското првенство 2002 во Јужна Кореја и Јапонија (со Џовани Трапатони).

На 18 јуни 2002 година, Ди Ливио го одиграл својот последен натпревар во националниот дрес, во осминафиналето на мундијалот во 2002, против домаќинот Јужна Кореја: незаборавно, во текот на овој натпревар, сите погледи биле свртени кон судијата Бајрон Морено, кој го исклучил од игра Франческо Тоти.[12] Во една изјава потоа Ди Ливио рекол дека судијата Морено му го уништил мундијалот.[13]

Вкупно тој забележал 40 настапи за аѕурите, од кои само во 12 играл од почеток до крајот на натпреварот.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
6-9-1995УдинеИталија Италија1 – 0Словенија СловенијаКвал. за Евро 1996-
8-10-1995СплитХрватска Хрватска1 – 1Италија ИталијаКвал. за Евро 1996-
24-1-1996ТерниИталија Италија3 – 0Велс ВелсПријателска-заменет 79'
29-5-1996КремонаИталија Италија2 – 2Белгија БелгијаПријателска-заменет 46'
1-6-1996БудимпештаУнгарија Унгарија0 – 2Италија ИталијаПријателска-
11-6-1996ЛиверпулИталија Италија2 – 1Русија РусијаЕвро 1996 - Прва фаза-заменет 62'
19-6-1996МанчестерИталија Италија0 – 0Германија ГерманијаЕвро 1996 - Прва фаза-влегол во игра 81'
5-10-1996КишињевМолдавија Молдавија1 – 3Италија ИталијаКвал. за СП 1998-влегол во игра 46'
9-10-1996ПеруџаИталија Италија1 – 0Грузија ГрузијаКвал. за СП 1998-заменет 82'
22-1-1997ПалермоИталија Италија2 – 0Северна Ирска Северна ИрскаПријателска-заменет 79'
12-2-1997ЛондонАнглија Англија0 – 1Италија ИталијаКвал. за СП 1998-
29-3-1997ТрстИталија Италија3 – 0Молдавија МолдавијаКвал. за СП 1998-заменет 75'
2-4-1997ХожувПолска Полска0 – 0Италија ИталијаКвал. за СП 1998-
30-4-1997НеаполИталија Италија3 – 0Полска ПолскаКвал. за СП 1998-
4-6-1997НантАнглија Англија2 – 0Италија ИталијаТурнир во Франција-заменет 46'
8-6-1997ЛионИталија Италија3 – 3Бразил БразилТурнир во Франција-влегол во игра 88'
11-6-1997ПаризИталија Италија2 – 2Франција ФранцијаТурнир во Франција-
10-9-1997ТбилисиГрузија Грузија0 – 0Италија ИталијаКвал. за СП 1998-
11-10-1997РимИталија Италија0 – 0Англија АнглијаКвал. за СП 1998-
28-1-1998КатанијаИталија Италија3 – 0Словачка СловачкаПријателска-заменет 46'
2-6-1998ГетеборгШведска Шведска1 – 0Италија ИталијаПријателска-заменет 46'
11-6-1998БордоИталија Италија2 – 2Чиле ЧилеСП 1998 - Прва фаза-заменет 61'
17-6-1998МонпелјеИталија Италија3 – 0Камерун КамерунСП 1998 - Прва фаза-влегол во игра 83'
27-6-1998МарсејИталија Италија1 – 0Норвешка НорвешкаСП 1998 - Осминафинале-влегол во игра 63'
3-7-1998ПаризИталија Италија0 – 0 прод.
(3-4 пен.)
Франција ФранцијаСП 1998 - Четвртфинале-
5-6-1999БолоњаИталија Италија4 – 0Велс ВелсКвал. за Евро 2000-влегол во игра 69'
9-6-1999ЛозанаШвајцарија Швајцарија0 – 0Италија ИталијаКвал. за Евро 2000-влегол во игра 60'
11-6-2000АрнемТурција Турција1 – 2Италија ИталијаЕвро 2000 - Прва фаза-влегол во игра 83'
19-6-2000АјндховенИталија Италија2 – 1Шведска ШведскаЕвро 2000 - Прва фаза-заменет 64'
7-10-2000МиланоИталија Италија3 – 0Романија РоманијаКвал. за СП 2002-
11-10-2000АнконаИталија Италија2 – 0Грузија ГрузијаКвал. за СП 2002-
15-11-2000ТориноИталија Италија1 – 0Англија АнглијаПријателска-заменет 52'
28-3-2001ТрстИталија Италија4 – 0Литванија ЛитванијаКвал. за СП 2002-влегол во игра 82'
25-4-2001ПеруџаИталија Италија1 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаПријателска-влегол во игра 82'
2-6-2001ТбилисиГрузија Грузија1 – 2Италија ИталијаКвал. за СП 2002-влегол во игра 58'
6-10-2001ПармаИталија Италија1 – 0Унгарија УнгаријаКвал. за СП 2002-влегол во игра 79'
7-11-2001СаитамаЈапонија Јапонија1 – 1Италија ИталијаПријателска-влегол во игра 89'
18-5-2002ПрагаЧешка Чешка1 – 0Италија ИталијаПријателска-влегол во игра 69'
3-6-2002СапороИталија Италија2 – 0Еквадор ЕквадорСП 2002 - Прва фаза-влегол во игра 64'
18-6-2002ТеџонИталија Италија1 – 2 згЈужна Кореја Јужна КорејаСП 2002 - Осминафинале-заменет 72'
Вкупно Настапи (69. место) 40 Голови 0

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 29 мај 2005.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1984-1985Италија РомаА00КИ00КПК00---00
1985-1986Италија РеџанаЦ1130КИ50------180
1986-1987Италија НочеринаЦ1311---------311
1987-1988Италија ПеруџаЦ2343---------343
1988-1989Ц1331---------331
јул.-окт. 1989Ц150---------50
Вкупно Перуџа724------724
окт. 1989-1990Италија ПадоваБ292---------292
1990-1991Б363КИ20------383
1991-1992Б363КИ40------403
1992-1993Б365КИ10------375
Вкупно Падова1371370----14413
1993-1994Италија ЈувентусА330КИ21КУ20---371
1994-1995А271КИ90КУ100---461
1995-1996А320КИ20ЛШ91СИ10441
1996-1997А321КИ40ЛШ110СУ+ИнтК2+10501
1997-1998А300КИ60ЛШ70СИ10440
1998-1999А33+2[14]1КИ41ЛШ80СИ10482
Вкупно Јувентус187+23272471602696
1999-2000Италија ФјорентинаА302КИ20ЛШ14[15]0---462
2000-2001A331КИ80КУ20---431
2001-2002А321КИ00КУ40СИ10371
2002-2003Ц2210КИ-Ц30------240
2003-2004Б41+2[16]4КИ-Ц20------454
2004-2005А120КИ70------190
Вкупно Фјорентина169+28220200102148
Вкупно во кариерата613296126717074832

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
Извор:[17]
Фудбалска репрезентација на Италија
Год.НастГол
199520
199670
1997100
199860
199920
200050
200150
200230
Вкупно400
1983
1987-1988 (група Ц)

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
1994–1995, 1996–1997, 1997–1998
1994-1995
1995, 1997
1995–1996
1996
1996

Италија Фјорентина

[уреди | уреди извор]
2000-2001
2002-2003 (група Б)

Орден за заслуги на Италијанската Република
Рим, 12 јули 2000. На иницијатива на Претседателот на Републиката.[18]

  1. Francesco Oddi (7 јануари 2016). „Papà Di Livio: "Lorenzo? Ha più qualità di me, ed è già maturo".
  2. 1 2 Празен навод (help).
  3. „Di Livio: "Capello non mi volle alla Roma". 15 октомври 2006. Посетено на 9 август 2010.
  4. 1 2 3 Stefano Bedeschi (3 август 2010). „Gli eroi in bianconero: Angelo DI LIVIO“. Посетено на 9 август 2010.
  5. Marco Ansaldo (22 мај 1995). „Vialli e Sousa primi della classe“. Angelo Di Livio. La Stampa. стр. 33.
  6. Giorgio Dell'Arti; Maria Elena Ribezzo (17 јануари 2014). „Angelo Di Livio“. Архивирано од изворникот на 2020-06-14. Посетено на 29 октомври 2016.
  7. „Pianeta-calcio.it“. Архивирано од изворникот на 2013-03-13. Посетено на 2020-06-14.
  8. „Nocerina, l'ex Firicano: "Sono rimasto legato ai colori rossoneri". tuttomercatoweb.com. 22 март 2012. Посетено на 14 јуни 2020.
  9. „Di Livio: "Tifavo Roma da bambino, ma mi merito la stella allo Stadium. I calciatori di oggi? Salvo solo De Rossi e Chiellini. E su Totti…" (италијански). ilposticipo.it. 21 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2020-06-15. Посетено на 15 јуни 2020.
  10. Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012 (италијански). Vol. 10 (1993-1994). Panini. 2012. стр. 10.
  11. Andrew Richardson (10 мај 2017). „Gareth Bale to make history if Real Madrid beat Juventus in Champions League final as sixth man to win it in home city“ (англиски).
  12. „Di Livio: «Italia-Corea del Sud 2002 fu uno scandalo, lo sanno tutti»“. 21 мај 2020. Посетено на 16 јуни 2020.
  13. „Di Livio: «Moreno rovinò il mio Mondiale»“. 8 јуни 2010. Посетено на 9 август 2010.[мртва врска]
  14. Плејоф за Куп на УЕФА/Интертото.
  15. 2 настапи во третото квалификациско коло.
  16. Плејоф за промоција.
  17. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 27 May 2011. Посетено на 13 October 2010.
  18. „Cavaliere Ordine al merito della Repubblica Italiana Sig. Angelo Di Livio“. Посетено на 9 август 2010.

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Alberto Polverosi, DI LIVIO, Angelo (Enciclopedia-dello-Sport) (на италијански), 2002.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]