Кампањата 1995-96 во УЕФА Лигата на шампионите била 41 сезона од главниот европски, фудбалски турнир организиран од УЕФА и четвртата од неговото ребрендирање како Лигата на шампионите.
Победник на турнирот бил Јувентус, кој го совладал во финалето бранителот на трофејот од претходната сезона холандскиотАјакс, по подоброто изведување на пенали. За Јуве ова бил прв наслов во ова натпреварување по 1985 година, или втор севкупно. Интересно е тоа што за нив ова бил единствениот наслов за нив во Лигата на шампионите во текот на 1990-тите и покрај тоа што клубот стигнал до финалето и во следните две сезони. Со пласманот во овие три финалиња, Јувентус придонел за тоа седум последователни години поред во финалето да игра една италијанска екипа, од сезоната 1991-1992 до 1997-1998.
Ова исто така бил првиот турнир во кој за секоја победа се доделуваат по три бода, наместо досегашните два.
Динамо Киев го добил двомечот со Олборг, но, во натпреварот од првата група против Панатинаикос, тие биле обвинети за неуспешен обид за поткуп на судијата Антонио Лопес Нието кој требало да суди во нивна полза. И покрај жалбата, тие биле исфрлени од конкуренција од страна на УЕФА и им била доделена забрана за учество во следните две години. Олборг ги заменил нив во групната фаза. Забраната на Динамо на крајот била сведена само на една (тековната) сезона.