Бешикташ Јимнастик клуб, скратено БЈК, или во Македонија попознат како ФК Бешикташ е професионален турски фудбалски клуб со седиште во градот Истанбул. Во моментов клубот се натпреварува во Супер лигата на Турција.
Бешикташ е најстариот фудбалски клуб во Турција основан уште во 1903 година. Бешикташ е еден од најуспешните клубови во Турција со 13 домашни наслови, 9 купа и 8 Суперкупа на Турција.
Во поголемиот дел од својата историја својте домашни натпревари клубот ги играл на Стадионот Инону кој имал капацитет од 32,086, но во 2013 тој е срушен и на негово место е изграден новиот дом на Бешикташ, Водафон Арена со капацитет од 41,903 седечки места. Најголемите соперници на Бешикташ му се градските Фенербахче и Галатасарај.