Прејди на содржината

Џанлука Песото

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џанлука Песото
Лични податоци
Роден на 11 август 1970(1970-08-11) (56 г.)
Роден во Латисана, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2006 (35 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989-1991 Варезе Варезе 64 (1)
1991-1992 Масезе Масезе 22 (1)
1992-1993 Болоња Болоња 21 (1)
1993-1994 Верона Верона 34 (3)
1994-1995 Торино Торино 32 (1)
1995-2006 Јувентус Јувентус 243 (2)
Репрезентација
1996-2002 Италија Италија 22 (0)

Џанлука Песото (роден на 11 август 1970 година во Латисана, Удине) — поранешен италијански фудбалер, играч од одбраната.

Тој е поранешен репрезентативец на Италија, а поголемиот дел од својата кариера го поминал во дресот на Јувентус. Песото во текот на неговата кариера најчесто играл како лев бек, но често бил преместен и понапред како играч од средниот ред по левата страна. Исто така тој бил користен и како десен бек, па дури играл и како централен дефанзивец.

Моментално работи како спортски директор во Примавера тимот на Јувентус.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]
Песото (лево) во дресот на Јувентус во 1998 година.

Песото ја започнал кариерата во јуниорите на Милан, додека професионалното деби го направил во Серија Ц2 во 1989 година во дресот на Варезе, клуб за кој во две сезони собрал 64 првенствени настапи. Потоа, тој играл за екипите на Масезе во Серија Ц1, како и за Болоња и Верона во Серија Б (1992-1993 и 1993-1994).

По импресивните настапи во втората лига на италијанскиот фудбалски лигашки систем, во сезоната 1994-1995, Песото потпишал за Торино со кој дебитирал во Серија А на 4 септември 1994 во натпреварот Торино-Интер (0-2). Веќе во својата прва сезона, тој обезбедил место во почетната постава на биковите, забележувајќи 32 настапи и еден гол во првенството.

После во голема мера импресивната деби сезона во Серија А, во летото 1995 година, Песото се преселил во градскиот соперник на Торино, Јувентус, за 7 милијарди италијански лири.[1] Тој ги одиграл следните 11 сезони во дресот на Јувентус, клуб со кој Песото освоил сè, започнувајќи од Лигата на шампионите 1995-1996: во финалето против Ајакс решено после изведување на пенали, откако по редовното и дополнителното време натпреварот завршил со резултат 1-1, тој бил еден од четирите прецизни изведувачи за Јувентус. Покрај тоа, Песото освоил уште четири скудета и четири Суперкупа на Италија за време на својот престој во клубот.

До сезоната 2001-2002 Песото бил редовен член на почетната постава на Јувентус, но потоа тој претрпел повреда што го принудила на три месеци неактивност: оваа пауза, во комбинација со возраста и афирмацијата на Џанлука Ѕамброта во улогата на лев бек, постепено го истуркала Песото на клупата. Тој ја завршил својата кариера во црно-белиот дрес во 2006 година.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Песото има 22 настапи за Италија во периодот помеѓу 1996 и 2002 година.[2] Учествувал на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000: на второто натпреварување тој бил еден од прецизните изведувачи од белата точка во победата со 3-1 на пенали над домаќинот Холандија во полуфиналето. Во финалето на истото натпреварување против Франција, тој со одличен центаршут од десната страна му асистирал на Марко Делвекио за водство на Аѕурите; сепак на крајот французите победиле и ја освоиле титулата на првенството, благодарение на златниот гол на Давид Трезеге, идниот соиграч на Песото во Јувентус.

Тој не учествувал на Светското првенство 2002, поради повредата со која се здобил за време на пријателски натпревар против Уругвај, одигран на 17 април 2002 во Милано.[3] Тоа бил и неговиот последен репрезентативен натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-10-1996ПеруџаИталија Италија1 – 0Грузија ГрузијаКвал. за СП 1998-
29-10-1997МоскваРусија Русија1 – 1Италија ИталијаКвал. за СП 1998-заменет 54'
15-11-1997НаполиИталија Италија1 – 0Русија РусијаКвал. за СП 1998-заменет 76'
2-6-1998ГетеборгШведска Шведска1 – 0Италија ИталијаПријателска-влегол во игра 84'
23-6-1998Сен ДениИталија Италија2 – 1Австрија АвстријаСП 1998 - Прва фаза-
27-6-1998МарсејИталија Италија1 – 0Норвешка НорвешкаСП 1998 - Осминафинале-влегол во игра 72'
3-7-1998ПаризИталија Италија0 – 0 прод.
(3 – 4 пен.)
Франција ФранцијаСП 1998 - Четвртфинале-заменет 90'
5-9-1998ЛиверпулВелс Велс0 – 2Италија ИталијаКвал. за Евро 2000-
18-11-1998СалерноИталија Италија2 – 2Шпанија ШпанијаПријателска-влегол во игра 60'
16-12-1998РимИталија Италија6 – 2World Stars World StarsПријателска-влегол во игра 65'
13-11-1999ЛечеИталија Италија1 – 3Белгија БелгијаПријателска-влегол во игра 71'
23-2-2000ПалермоИталија Италија1 – 0Шведска ШведскаПријателска-
29-3-2000БарселонаШпанија Шпанија2 – 0Италија ИталијаПријателска-заменет 73'
26-4-2000Реџо КалабријаИталија Италија2 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-заменет 72'
3-6-2000ОслоНорвешка Норвешка1 – 0Италија ИталијаПријателска-
11-6-2000АрнемТурција Турција1 – 2Италија ИталијаЕвро 2000 - Прва фаза-заменет 89'
19-6-2000АјндховенИталија Италија2 – 1Шведска ШведскаЕвро 2000 - Прва фаза-
24-6-2000БриселИталија Италија2 – 0Романија РоманијаЕвро 2000 - Четвртфинале-заменет 62'
29-6-2000АмстердамИталија Италија0 – 0 прод.
(3 – 1 пен.)
Холандија ХоландијаЕвро 2000 - Полуфинале-влегол во игра 77'
2-7-2000РотердамФранција Франција2 – 1 згИталија ИталијаЕвро 2000 - Финале-2. место
28-2-2001РимИталија Италија1 – 2Аргентина АргентинаПријателска-заменет 70'
17-4-2002МиланоИталија Италија1 – 1Уругвај УругвајПријателска-заменет 7'
Вкупно Настапи (145. место) 22 Голови 0

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 12 април 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1989-1990Италија ВарезеЦ2301КИ-Ц--------301
1990-1991Ц1340КИ+КИ-Ц--------340
Вкупно Варезе641------641
1991-1992Италија МасезеЦ1221КИ-Ц--------221
1992-1993Италија БолоњаБ211КИ--------211
1993-1994Италија ВеронаБ343КИ--------343
1994-1995Италија ТориноА321КИ41------362
1995-1996Италија ЈувентусА280КИ10ЛШ100СИ00390
1996-1997А200КИ20ЛШ50СУ+ИнтК2+00290
1997-1998А210КИ70ЛШ80СИ10370
1998-1999A19+2[4]1КИ50ЛШ80СИ10351
1999-2000A301КИ40ИК+КУ4+60---441
2000-2001А320КИ10ЛШ60---390
2001-2002А290КИ40ЛШ110---440
2002-2003А170КИ40ЛШ70СИ00280
2003-2004А180КИ80ЛШ50СИ00310
2004-2005A190КИ10ЛШ60---260
2005-2006A100КИ21ЛШ20СИ00141
Вкупно Јувентус243+22391780403663
Вкупно во кариерата395+294327804052211
1989-1990

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
1996-1997, 1997-1998, 2001-2002, 2002-2003
1995, 1997, 2002, 2003
1995-1996
1996
1996
1999
  1. ↑ La Gazzetta dello Sport, уред. (23 јули 2012). Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. vol. 12 (1995-1996). Милано. стр. 10.
  2. ↑ „Nazionale in cifre: Pessotto, Gianluca“ (италијански). FIGC. Архивирано од изворникот на 23 December 2008. Посетено на 26 May 2015.
  3. ↑ Lodovico Maradei (18 април 2002). „Tutto male per l'Italia. Perde anche Pessotto“. La Gazzetta dello Sport.
  4. ↑ Плејоф двомеч за Куп на УЕФА/Интертото куп.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]