УЕФА Лига на шампиони 2008/09 — 17. сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 54. сезона од основањето на натпреварувањето.
Натпреварувањето започнало со одигрувањето на првото квалификациско коло на 15 јули 2008 година, а завршило со финалето одиграно на стадионот Оимпико во Рим на 27 мај 2009 година. Во финалето играле екипите на Барселона и Манчестер Јунајтед. Барселона ја освоила својата трета титула во најсилното европско натпреварување, со резултат од 2:0.
Натпреварувањето започнува со одигрувањето на трите квалификациски кола. Во зависност од коефициентот на лигата од која доаѓаат и позициите кои ги оствариле од претходната сезона клубовите се вклучуваат во Лигата на шампионите во некои од овие три квалификациски кола. Клубовите со поголем коефициент се носители и они неможат да се сретнат меѓусебно во рамките на едно коло. Во секое коло се играат по два натпревари еден на гостински и еден на домашен терен.
Победниците од третото квалификациско коло се придружуваат на екипите кои преку пласманот во својата домашна лига се пласирале директно во групната фаза од Лигата на шампионите како и бранителот на титулата. Екипите кои се поразени во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите го продолжуваат својот настап во првото коло од УЕФА Купот
По завршните квалификации 32 клубови се поделени во осум групи со по четири екипи. Се игра според двојниот лигашки систем (сите тимови меѓусебно одигруваат два натпревари, еден на домашен и еден на гостински терен). Првопласираната и второпласираната екипа во групата го продолжуваат својот настап во елиминационата фаза (осминафинале, четвртфинале и полуфинале).
Лигата на шампионите е достапна за сите државни шампиони од државите кои припаѓаат на УЕфА (освен Лихтенштајн, кој нема сопствена лига), како и второпласираните, третопласираните и четвртопласираните екипи од посилните лиги.
Во сезоната 2008/09 од Лигата на шампионите учествувале 76 клубови. Бројот на клубовите од еден сојуз зависи од неговиот коефициент во рангирањето на УЕФА:
Ждрепка за првото квалификациско коло се одржала на 1 јули 2008 во Нион, Швајцарија. Првите натпревари се одиграле на 15 и 16 јули, а реванш натпреварите на 22 и 23 јули 2008 година.
Ждрепката за второто квалификациско коло се одржала на 1 јули 2008 година во Нион, Швајцарија. Првите натпревари се одиграле на 29 и 30 јули, а реванш натпреварите на 5 и 6 август 2008 година.
Ждрепката за третото квалификациско коло се одржала на 1 август 2008 година во Нион, Швајцарија. Првите натпревари се одиграле на 12 и 13 август, а реванш натпреварите на 26 и 27 август 2008 година.
Ждрепката за групната фаза се одржала на 28 август 2008 година во Монте Карло. Квалификуваните 32 екипи биле поделени во осум групи. Се играло според двојниот лигашки систем (секоја екипа од групата одигрува еден натпревар дома и на гости). Првопласираната и второпласираната екипа во групата се пласираат во осминафиналето додека третопласираната екипа го продолжува својот настап во УЕФА купот. Последната екипа испаѓа од натпреварувањето во оваа сезона.
Извлекувањето за осминафиналето било одржано на 19 декември 2008 година во Нион, Швајцарија. Осминафиналето се одиграло според системот на двојни натпревари во куповите (противниците играат еден натпревар на домашен и гостински терен). Натпреварите се одиграле на 24 и 25 февруари и 10 и 11 март 2009 година.