УЕФА Лига на шампиони 1993/94 — трета сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 40 сезона од основањето на натпреварувањето.
Финалето било одиграно на 24 мај 1995 на стадионот Ернст Хапел во Виена, каде што Ајакс со резултат 1:0 издвоил победа над Милан, бранител на титулата од претходното првенство, со тоа освојувајќи го својот прв трофеј во УЕФА Лигата на шампионите а севкупно 4. трофеј во најсилното европско натпреварување.
Во споредба со претходното натпреварување во Лигата на шампионите, биле направени радикални промени во форматот на натпреварувањето, најмногу поради истекувањето на договорот помеѓу УЕФА и Европскиот радиодифузен сојуз околу пренесувањето на финалето, со тоа овозможувајќи општа измена на форматот кој би привлекол нови и побогати приватни телевизии.
Првата промена била заострување на критериумите за учество во Лигата на шампионите: освојувањето на титлата во државното првенство не давало автоматско право за учество на клубовите од сите држави членки на УЕФА, туку само за клубовите од најдобрите 24 рангирани федерации, додека прваците од останатите држави учесвувале во УЕФА купот.
По квалификациите, во кои 16 клубови се бореле за 8 места во главниот дел од натпреварувањето, почнувала Лигата на шампиони. Во првиот дел одигран наесен Лигата на шампионите се состоела од 16 клубови поделени во четири групи. Двата првопласирани клубови од секоја група продолжувале во елиминационата фаза, која се играла напролет.