ФК Бенфика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Португалија ФК Бенфика
SL Benfica logo.png
Основан 28 февруари 1904
Терен Стадион Луж
Лисабон, Португалија
(Капацитет: 64,642)
Сопственик Португалија Луис Филипе Виеира
Тренер Португалија Руи Виторија
Лига Liga NOS logo.png Примеира лига
2015–16 Примеира лига, 1-ви
Мреж. место Официјално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ФК Бенфика е португалски фудбалски клуб од Лисабон, кој во моментов се натпреварува во највисоката категорија на португалскиот фудбал, Примеира лига.

Клубот е основан на 28 февруари 1904, од група на луѓе предводени од Косме Дамиао. Бенфика е еден од таканаречената голема тројка клубови во Португалија кој никогаш не испаднале од Првата лига на оваа држава заедно со Порто и Спортинг Лисабон. Тие се исто така најуспешниот клуб во Португалија со освоени 78 титули во домашните и меѓународните натпреварување. Во нив спаѓаат рекордни 35 титули Шампион на Португалија, рекордни 25 титули освојувач на Купот на Португалија, рекордни 7 титули освојувач на Лига купот на Португалија, 6 Суперкупа на Португалија и 3 титули Кампеонато на Португалија. Исто така, Бенфика е и двократен европски шампион, освојувајќи го Европскиот куп на шампиони во две години едноподруго во 1961 и 1962 година. Клубот играл уште 5 пати во финалето на Европскиот куп во 1963, 1965, 1968, 1988 и 1990 и уште три пати во финалето на Купот на УЕФА или Лигата на Европа во 1983, 2013 и 2014 година.

Бенфика била рангирана како дванаестти клуб по успешност на листата на ФИФА за најдобри клубови на 20-тиот век.[1] Најдобар стрелец на клубот е Еузебио кој освоил една златна топка и две златни копачки за време на периодот додека настапувал за клубот.

Својте домашни натпревари Бенфика ги игра на Стадионот Луж, кој има капацитет од 64,642 седечки места. Играат во црвени дресови и бели шорцеви.

Стадиони[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Стадион Луж.

Бенфика својте домашни натпревари ги игра на Стадионот Луж (што во буквален превод значи Стадион на светлината), кој е познат уште под неколку имиња како Спортски стадион на Лисабон и Бенфика или Катедрал (прев. катедралата). Тој може да собере 65.647 гледачи, со што е еден од најголемите во Европа. Тој бил изграден за Европското првенство 2004, настан на кој бил домаќин на финалето; Стадионот исто така бил избран да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2013-2014.

Меѓутоа, низ историјата тимот има променето повеќе игралишта: како Терас до Десембаргадор од 1904 до 1906, Кампо де Фелтеира од 1907 до 1911, Кампо де Сете Риос од 1913 до 1917 Кампо де Бенфика од 1916 до 1926, Амореирас од 1925 до 1940 и Кампо Гранде од 1941 до 1954.[2][3] На 1 декември, 1954 бил инаугуриран стадионот кој го носи денешното име, кој бил реновиран во текот на осумдесеттите години, достигнувајќи капацитет од 130.000 гледачи во 1987.[4]. Во 2003 Бенфика го искористила неговото рушење, за во исто време, да го отвори новиот Стадион Луж, која бил изграден на истото земјиште врз основа на стариот стадион.[5][6].

Ривалства[уреди | уреди извор]

Најголеми ривали

Бенфика заедно со Порто и Спортинг Лисабон се трите гиганти (на португалски се нарекуваат Os Três Grandes) на португалскиот фудбал. Со овие екипи клубот има голем ривалитет; пресметката со Порто е наречена О Класико, додека натпреварот со сограѓаните од Спортинг е познат како Дербито на Лисабон.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Бразил ГМ Едерсон
2 Аргентина ОД Лисандро Лопес
3 Шпанија ОД Алекс Грималдо
4 Бразил ОД Луисао (капитен)
5 Србија СР Љубомир Фејса
7 Грција СР Андреас Самарис
8 Португалија СР Андре Орта
9 Мексико НП Раул Хименес
10 Бразил НП Жонас
11 Грција НП Константинос Митроглу
12 Бразил ГМ Жулио Сесар
13 Португалија ГМ Пауло Лопес
14 Шведска ОД Виктор Линделоф
Бр. Нац. Позиција Играч
15 Перу СР Андре Карилјо
17 Србија СР Андрија Живковиќ
18 Аргентина СР Едуардо Салвио
19 Португалија ОД Елисеу
20 Португалија НП Гонсало Гуедеш
21 Португалија СР Пици
22 Аргентина СР Франко Серви
27 Португалија СР Рафа Силва
28 Колумбија СР Гилјермо Селис
33 Бразил ОД Жардел
34 Португалија СР Андре Алмеида
37 Бразил СР Данило
50 Португалија ОД Нелсон Семедо

Рекордери[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 29 декември 2016

Играчи со најмногу натпревари
Место Име на играчот Натпревари
1 Португалија Тамањини Нене 578
2 Португалија Антонио Велосо 534
3 Португалија Марио Колуна 528
4 Португалија Умберто Коелјо 497
5 Португалија Шеу Хан 488
6 Португалија Мануел Бенто 462
7 Бразил Луизао 453
8 Португалија Антонио Симоес 451
9 Португалија Еузебио 445
10 Португалија Домисиано Кавем 418
Играчи со најмногу постигнати голови
Место Име на играчот Голови
1 Португалија Еузебио 478
2 Португалија Жозе Агуаш 376
3 Португалија Тамањини Нене 363
4 Португалија Жозе Аугусто Торес 236
5 Португалија Арсенио Дуарте 215
6 Португалија Рожерио Лантрес де Карвалјо 203
7 Португалија Жулињо 200
8 Португалија Жозе Аугусто 177
9 Парагвај Оскар Кардосо 172
10 Португалија Нуно Гомеш 166
Еузебио рекордерот по бројот на постигнати голови во дресот на Бенфика.

Освојувачи на титули[уреди | уреди извор]

Добитници на златна топка
Шампиони на Европа

Тренери низ историјата[уреди | уреди извор]

Моментален стручен кадар[уреди | уреди извор]

Руи Виторија моменталниот тренер на Бенфика.
Позиција Име
Тренер Руи Виторија
Асистенти Арналдо Тешеира
Серџо Ботелјо
Минервино Пиетра
Марко Педросо
Фитнес тренер Пауло Моурао
Тренер на голманите Луис Естевес
Benfica LAB coordinator Бруно Мендес

Source: [7]

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни натпреварувања[уреди | уреди извор]

1935-1936, 1936-1937, 1937-1938, 1941-1942, 1942-1943, 1944-1945, 1949-1950, 1954-1955, 1956-1957, 1959-1960, 1960-1961, 1962-1963, 1963-1964, 1964-1965, 1966-1967, 1967-1968, 1968-1969, 1970-1971, 1971-1972, 1972-1973, 1974-1975, 1975-1976, 1976-1977, 1980-1981, 1982-1983, 1983-1984, 1986-1987, 1988-1989, 1990-1991, 1993-1994, 2004-2005, 2009-2010, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016
1939-1940, 1942-1943, 1943-1944, 1948-1949, 1950-1951, 1951-1952, 1952-1953, 1954-1955, 1956-1957, 1958-1959, 1961-1962, 1963-1964, 1968-1969, 1969-1970, 1971-1972, 1979-1980, 1980-1981, 1982-1983, 1984-1985, 1985-1986, 1986-1987, 1992-1993, 1995-1996, 2003-2004, 2013-2014
2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016
1980, 1985, 1989, 2005, 2014, 2016

Меѓународни натпреварувања[уреди | уреди извор]

1960-1961, 1961-1962

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „web.archive.org“. http://web.archive.org/web/20070423161359/http://www.fifa.com/events/playergala00/documents/Club.pdf. конс. 23. 3. 2011. г. 
  2. „História dos Estádios“ (на pt). slbenfica.pt. http://www.slbenfica.pt/pt-pt/est%C3%A1dio/est%C3%A1diosanteriores/hist%C3%B3riadosest%C3%A1dios.aspx. конс. 13 agosto 2013 г. 
  3. „Other Stadia“ (на en). planetbenfica.co.uk. http://www.planetbenfica.co.uk/page.php?55. конс. 13 agosto 2013 г. 
  4. „Estádio do Sport Lisboa e Benfica (1954)“ (на pt). slbenfica.pt. 
  5. „Estádio da Luz“ (на en). worldstadiums.com. http://www.worldstadiums.com/stadium_menu/architecture/stadium_design/lisbon_luz.shtml. конс. 13 agosto 2013 г. 
  6. „Stadium Construction“ (на en). planetbenfica.co.uk. 
  7. „Staff“. http://www.slbenfica.pt/en-us/futebol/equipatecnica.aspx. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]