Финале на Купот на европските шампиони во 1960 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Финале на Купот на европските шампиони во 1960 година
ПрвенствоКуп на шампиони 1959/60
Датум18 мај 1960
СтадионХампден Парк, Глазгов
СудијаЏек Моват (Шкотска)
Гледачи127,621
1959
1961

Финалето на Купот на европските шампиони во 1960 година било петто финале во историјата на Купот на европските шампиони. Во него, за победа се бореле Реал Мадрид од Шпанија и Ајнтрахт Франкфурт од Германија. Надалеку се смета дека токму овој натпревар бил еден од најголемите фудбалски натпревари играни досега. Мадрид победи со 7–3 пред огромната публика од над 127,000 луѓе во Хампден Парк во Глазгов, и таа бројка од луѓе сè уште не е надмината. Имало околу 70 милиони телевизиски гледачи низ цела Европа.

Франкфурт стигал до финалето преку победа со импресивниот резултат од 12–4 против шкотскиот шампион Ренџерс, додека пак Реал Мадрид го победил својот вечен соперник Барселона со резултат 6–2.

Натпреварот првично бил доведен до сомнеж бидејќи Фудбалски сојуз на Германија ги забрани на своите клубови да учествуваат на натпревари со кој било тим во кој е Ференц Пушкаш, откако Унгарците тврделе дека Западногерманскиот тим користел дрога во 1954. Пушкаш морал да напише писмено изведување пред одржување на натпреварот.

Пушкаш и Ди Стефано биле двајцата од само тројца играчи кои постигнале хет-трик во финалето на Купот на европските шампиони или Лигата на шампиони (Пушкаш бил единствен кој постигнал 4 гола), а другиот бил Пјерино Прати од ФК Милан кој го направил на финалето на Купот на европски шампиони во 1969 година против ФК Ајакс. Пушкаш направил уште еден хет-тик на финалето на Купот не европски шампиони во 1962 година.

Патот до финалето[уреди | уреди извор]

Шпанија Реал Мадрид Рунда Германија Ајнтрахт Франкфурт
Противник Вкупен резултат Прв натпревар Втор натпревар Противник Вкупен резултат Прв натпревар Втор натпревар
Луксембург Женес Еш 12–2 7–0 (Д) 5–2 (Г) Прва рунда Швајцарија Јанг Бојс 5–2 4–1 (Г) 1–1 (Д)
Франција Ница 6–3 2–3 (Г) 4–0 (Д) Четвртфинале Австрија Винер Шпорт-Клуб 3–2 2–1 (Д) 1–1 (Г)
Шпанија Барселона 6–2 3–1 (Д) 3–1 (Г) Полуфинале Шкотска Ренџерс 12–4 6–1 (Д) 6–3 (Г)

Натпревар[уреди | уреди извор]

Детали[уреди | уреди извор]

18 мај 1960
19:30 UTC+01:00
Реал Мадрид Шпанија 7–3 Западна Германија Ајнтрахт Франкфурт Хампден Парк, Глазгов
Гледачи: 127,621
Судија: Џек Моват (Шкотска)
Ди Стефано гол 27'30'73'
Пушкаш гол 45+1'56' (пен..)60'71'
Крес гол 18'
Штајн гол 72'75'
Реал Мадрид
Ајнтрахт Франкфурт
GK 1 Аргентина Рохелио Домингес
RB 2 Шпанија Маркос
LB 3 Шпанија Пачин
RH 4 Шпанија Хосе Марија Видал
CB 5 Уругвај Шпанија Хосе СантаМарија
LH 6 Шпанија Хосе Марија Сарага (к)
OR 7 Бразил Канарио
IR 8 Шпанија Луис дел Сол
CF 9 Аргентина Шпанија Алфредо Ди Стефано
IL 10 Унгарија Ференц Пушкаш
OL 11 Шпанија Франциско Хенто
Тренер:
Шпанија Мигел Муњос
GK 1 Западна Германија Егон Лој
RB 2 Западна Германија Фридел Луц
LB 3 Западна Германија Херман Хофер
RH 4 Западна Германија Ханс Вајлбехер (к)
CB 5 Западна Германија Ханс-Валтер Ајгенброт
LH 6 Западна Германија Дитер Штинка
OR 7 Западна Германија Ричард Крес
IR 8 Западна Германија Дитер Линдер
CF 9 Западна Германија Ервин Штајн
IL 10 Западна Германија Алфред Пфаф
OL 11 Западна Германија Ерих Мајер
Тренер:
Западна Германија Паул Освалд

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Куп на шампиони 1959/60 од УЕФА
  • Куп на шампиони 1959/60 од РСССФ
  • „European Champion Clubs' Cup – History“ (PDF). UEFA. стр. 165. Посетено на 26 мај 2011.

Наводи[уреди | уреди извор]