УЕФА Лига на шампиони 2002/03 — 11. сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 48. сезона од основањето на натпреварувањето.
Финалето било одиграно на 28 мај 2003 година на стадионот Олд Трафорд во Манчестер, каде што Милан по нерешениот резултат 0:0, издвоил победа над Јувентус по изведување на пенали со резултат од 2:3 со тоа освојувајќи ја својата 6. титула во најсилното европско натпреварување. Бранителот на титулата од претходната година, Реал Мадрид, испаднал во полуфиналето, каде што бил поразен во двомеч од страна на Јувентус.
1 Двете екипи играат на истиод стадион (Сан Сиро), но Милан бил одреден како гостин во вториот натпревар, па затоа победил според правилото за повеќе постигнати голови на гости.