УЕФА Лига на шампиони 1996/95 — петта сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 42. сезона од основањето на натпреварувањето.
Финалето било одиграно на 28 мај 1997 година на Олимпискиот стадион во Минхен, каде што Борусија Дортмунд со резултат 3:1 издвоила победа над Јувентус, бранител на титулата од претходното првенство, со тоа освојувајќи го својот прв трофеј во најсилното европско клупско натпреварување.
Првите натпревари се одиграле на 7 август, а реванш натпреварите на 21 август 1996 година. Поразените екипи од квалификациите го продолжувале својот настап во првото коло од УЕФА Купот.