Прејди на содржината

Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1998 година

Од Википедија — слободната енциклопедија

Матична статија: УЕФА Лига на шампиони 1997/98.

Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1998 година
ПрвенствоУЕФА Лига на шампиони 1997/98
Датум20 мај 1998
СтадионАмстердам Арена, Амстердам
СудијаГерманија Хелмут Круг
Гледачи48,500
1997
1999

Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1998 година бил финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампоните за сезоната 1997-1998. Натпреварот се одиграл на 20 мај 1998 година, на Амстердам Арена во Амстердам, а во него во борба за трофејот во најсилното европско фудбалско натпреварување влегле екипите на Јувентус и Реал Мадрид.

Со пласманот во ова финале, Јувентус стигнал до натпреварот за титулата трета последователна година (победиле во 1996, загубиле во 1997), додека Реал Мадрид стигнал до своето прво финале откако натпреварувањето било преименувано во УЕФА Лига на шампиони.

Реал Мадрид го победил во финалето Јувентус со 1-0, а стрелец на единствениот гол бил Предраг Мијатовиќ. Така, кралскиот клуб стигнал до својата седма европска титула, прва по 32 години чекање. Голот постигнат од страна на Реал Мадрид подоцна поттикнал бројни контроверзии поради наводен офсајд во кој се нашол Мијатовиќ пред да ја смести топката во мрежата на Јувентус,[1] но сепак истиот бил признат од страна на главниот судија Хелмут Круг од Германија.

Во следнава табела, се дадени финалињата во кои играле овие два клуба: сите финалиња до 1992 година се во ерата на Купот на Европските шампиони, додека од 1993 година наваму е ерата на УЕФА Лигата на шампионите.

Тим Претходната настапи во финалето (во болд се финалињата кои клубовите ги добиле)
Јувентус 5 (1973, 1983, 1985, 1996, 1997)
Реал Мадрид 9 (1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1962, 1964, 1966, 1981)

Патот до финалето

[уреди | уреди извор]
Италија Јувентус Рунда Шпанија Реал Мадрид
Противник Резултат Групна фаза Противник Резултат
Холандија Фејенорд 5–1 (Д) 1. коло Норвешка Розенборг 5–1 (Д)
Англија Манчестер Јунајтед 2–3 (Г) 2. коло Португалија Порто 2–0 (Г)
Словачка Кошице 1–0 (Г) 3. коло Грција Олимпијакос 5–1 (Д)
Словачка Кошице 3–2 (Д) 4. коло Грција Олимпијакос 0–0 (Г)
Холандија Фејенорд 0–2 (Г) 5. коло Норвешка Розенборг 0–2 (Г)
Англија Манчестер Јунајтед 1–0 (Д) 6. коло Португалија Порто 4–0 (Д)
Второ место во групата Б
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1. Англија Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 6 5 0 1 14 3 +11 15
2. Италија Јувентус Јувентус 6 4 0 2 12 8 +4 12
3. Холандија Фејенорд Фејенорд 6 3 0 3 8 10 -2 9
4. Словачка Кошице Кошице 6 0 0 6 2 13 -11 0
Завршен поредок Победник во групата Д
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1. Шпанија Реал Мадрид Реал Мадрид 6 4 1 1 15 4 +11 13
2. Норвешка Розенборг Розенборг 6 3 2 1 13 8 +5 11
3. Грција Олимпијакос Олимпијакос 6 1 2 3 6 14 -8 5
4. Португалија Порто Порто 6 1 1 4 3 11 -8 4
Противник вкр. 1. натпревар 2. натпревар Нокаут фаза Противник вкр. 1. натпревар 2. натпревар
Украина Динамо Киев 5–2 1–1 (Д) 4–1 (Г) Четвртфинале Германија Бајер Леверкузен 4–1 1–1 (Г) 3–0 (Д)
Франција Монако 6–4 4–1 (Д) 2–3 (Г) Полуфинале Германија Борусија Дортмунд 2–0 2–0 (Д) 0–0 (Г)

Натпреваарот

[уреди | уреди извор]
20 мај 1998
20:45 СРЕ (UTC+02:00)
Јувентус Италија 0–1 Шпанија Реал Мадрид Амстердам Арена, Амстердам
Гледачи: 48,500
Судија: Германија Хелмут Круг
Извештај гол 66' Мијатовиќ
Јувентус
Реал Мадрид
GK 1 Италија Анџело Перуци
CB 3 Италија Морено Торичели
CB 13 Италија Марк Јулијано
CB 4 Уругвај Паоло Монтеро добил жолт картон во 79-тата минута 79'
RM 7 Италија Анџело Ди Ливио заменет 46'
CM 14 Франција Дидје Дешан заменет 77'
CM 26 Холандија Едгар Давидс добил жолт картон во 34-тата минута 34'
LM 22 Италија Џанлука Песото заменет 70'
AM 21 Франција Зинедин Зидан
CF 9 Италија Филипо Инѕаги
CF 10 Италија Алесандро Дел Пјеро
Замени:
GK 12 Италија Микеланџело Рампуља
DF 6 Португалија Димаш
DF 15 Италија Алесандро Бириндели
MF 8 Италија Антонио Конте влегол во игра 77'
MF 20 Италија Алесио Такинарди влегол во игра 46'
FW 16 Италија Никола Аморузо
FW 18 Уругвај Даниел Фонсека влегол во игра 70'
Тренер:
Италија Марчело Липи
GK 25 Германија Бодо Илгнер
RB 17 Италија Кристијан Панучи
CB 5 Шпанија Маноло Санчис
CB 4 Шпанија Фернандо Јеро добил жолт картон во 23-тата минута 23'
LB 3 Бразил Роберто Карлос добил жолт картон во 37-мата минута 37'
DM 6 Аргентина Фернандо Редондо
RM 27 Франција Кристијан Карембе добил жолт картон во 56-тата минута 56'
LM 10 Холандија Кларенс Седорф добил жолт картон во 90+4-тата минута 90+4'
AM 7 Шпанија Раул заменет 90'
CF 15 Шпанија Фернандо Мориентес заменет 81'
CF 8 Сојузна Република Југославија Предраг Мијатовиќ заменет 89'
Замени:
GK 1 Шпанија Сантјаго Кањисарес
DF 19 Шпанија Фернандо Санс
MF 11 Шпанија Хосе Амависка влегол во игра 90'
MF 16 Шпанија Хаиме влегол во игра 81'
MF 18 Шпанија Виктор Санчес
MF 20 Бразил Савио
FW 9 Хрватска Давор Шукер влегол во игра 89'
Тренер:
Германија Јуп Хајнкес
  1. Изворите се разликуваат околу тоа дали голот бил валиден или не. Додека италијанските медиуми тврдат дека Мијатовиќ бил во јасна нерегуларна позиција, шпанските медиуми блиски до Кралскиот клуб тврдат дека напаѓачот на Реал бил во линија со играчот на Јувентус Џанлука Песото, cfr. Andrea Schianchi (6 март 2016). „Dalla mano de Dios a Corea-Spagna. Se la moviola riscrive la storia“.; Juanma Trueba (13 мај 2006). "No fue fuera de juego" (шпански).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]