Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 2003 година
Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 2003 година | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Првенство | УЕФА Лига на шампиони 2002-2003 | ||||||
| |||||||
Победа на Милан по изведување на пенали со резултат 3–2 | |||||||
Датум | 28 мај 2003 | ||||||
Стадион | Олд Трафорд, Манчестер | ||||||
Играч на натпреварот | Паоло Малдини (Милан )[1] | ||||||
Судија | Маркус Мерк (Германија) | ||||||
Гледачи | 62,315[1] | ||||||
Временски прилики | Clear 18 °C (64 °F)[2] | ||||||
Финале на УЕФА Лигата на шампиони во 2003 година — финале на Лигата на шампионите 2002-03, кое се одиграло на Олд Трафорд во Манчестер, Англија, на 28 мај 2003 година. На натпреварот се натпреварувале двата италијански тимови: Јувентус и Милан. Натпреварот бил првиот во историјата на Лигата на шампиони каде во финалето се сретнале две италијански екипи.
Милан победил по изведување на пенали откако по 90 минути и дополнителните 30 не бил постигнат гол. Со освојувањето на купот, Милан дошол до својот шести успех во Европскиот куп и Лигата на шампионите.
Натпревар
[уреди | уреди извор]Во текот на натпреварот, Милан успеал да постигне погодок преку Андриј Шевченко, но истиот бил поништен бидејќи судијата сметал дека Руи Кошта му го блокирал погледот на Џанлујџи Буфон од офсајд-позиција, иако телевизиските реакции покажале дека португалецот се повлекол од видното поле на Буфон пред да биде упатен ударот. Антонио Конте речиси постигнал гол за Јувентус, откако влегол во игра како замена на почетокот од второто полувреме, но неговиот удар со глава го сопрела пречката. Андреја Пирло, исто така, погодил статива за Милан. Во второто полувреме, двете екипи започнале повеќе да размислуваат за одбрана на својот гол, отколку за напад.
И Јувентус и Милан имаале повреди на своите одбанбени позиции. Игор Тудор се повредил на почетокот од натпреватор и бил заменет од Алесандро Бириндели, додека Роке Жуниор од Милан се повредил во продолженијата поради замор.
Прегледот на пеналите предизвикало контроверзии кај некои навивачи, бидејќи повторувањата покажале дека Дида бил пред линијата на голот, кога ги спасил пеналите на Давид Трезеге, Марсело Залајета и Паоло Монтеро. Како и да е, Андриј Шевченко го извел победничкиот пенал и станал првиот украински фудбалер кој победил на Европскиот куп.
Детали
[уреди | уреди извор]28 мај 2003 19:45 BST |
Јувентус | 0–0 (прод.) (2–3 пен.)
|
Милан | Олд Трафорд, Манчестер Гледачи: 62,315[1] Судија: Маркус Мерк |
---|---|---|---|---|
Извештај | ||||
Пенали | ||||
Трезеге Бириндели Залајета Монтеро Дел Пјеро |
2–3 | Сержињо Седорф Калаѕе Неста Шевченко |
Јувентус[3]
|
Милан[3]
|
|
|
Играч на натпреварот:
Assistant referees:
|
Натпревар
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „2. Finals“ (PDF). UEFA Champions League Statistics Handbook 2016/17. Nyon, Switzerland: Union of European Football Associations. 2017. стр. 1. Посетено на 22 April 2017.
- ↑ http://www.wunderground.com/history/airport/EGCC/2003/5/28/DailyHistory.html?req_city=NA&req_state=NA&req_statename=NA
- ↑ 3,0 3,1 „Tactical Line-ups – Final – Wednesday 28 May 2003“ (PDF). UEFA.com. Union of European Football Associations. 28 May 2003. Посетено на 29 December 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Official Site (Archived)