Финале на УЕФА Лигата на шампиони 2016 — финалниот натпревар на УЕФА Лигата на Шампоните во 2015-16 година, односно 61-та сезона на Европскиот премиерен клупски фудбалски турнир организиран од страна на УЕФА, или 24-та сезона на УЕФА Лигата на Шампионите, бидејќи натпреварувањето било преименувано од Куп на Европски Шампиони во Лига на Шампиони. Натпреварот бил одигран на Сан Сиро во Милано на 28 мај2016 помеѓу екипите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.[1] Победникот стекнал право да се натпреварува со победникот од финалето на Лига Европа во Суперкупот на УЕФА.
Сан Сиро, официјално познат како Џузепе Меаца, бил избран како место на одржување на финалето на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Нион, Швајцарија, на 18 септември2014 година.[1] Претходно, на овој стадион се одржувале финалиња во 1965, 1970 и 2001 година.