УЕФА Лига на шампиони 2001/02 — 10. сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 47. сезона од основањето на натпреварувањето.
Финалето било одиграно на 15 мај 2002 година на стадионот Хемпден Парк во Глазгов, каде што Реал Мадрид со резултат 2:1 издвоил победа над Баер Леверкузен со тоа освојувајќи го својот 9. трофеј во најсилното европско натпреварување. Бранителот на титулата од претходната година, Бајерн Минхен, испаднал во четвртфиналето, каде што бил поразен во двомеч од страна на Реал Мадрид.
* Реванш натпреварот бил завршен со победа на Макаби со резултат 4:0, но натпреварот бил регистриран како службена победа од 3:0 за екипата на Хака поради тоа што екипата на Макаби играла со суспендиран играч.