Прејди на содржината

Финале на Купот на европските шампиони во 1982 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Финале на Купот на европските шампиони во 1982 година
ПрвенствоКуп на шампиони 1981/82
Датум26 мај 1982
СтадионФејенорд, Ротердам
Играч на
натпреварот
Питер Вит (Астон Вила)
СудијаЖорж Конрат (Франција)
Гледачи46.000
Временски приликиведро
1981
1983

Финале на Купот на европските шампиони 1982фудбалски натпревар одржан на стадионот „Фејенорд“ (наречен и „Де Којп“) во Ротердам, Холандија на 26 мај 1982 г. кој завршил со победа на англискиот првак Астон Вила над западногерманскиот првак Бајерн Минхен со 1–0. Со ова, Астон Вила за прв (и досега единствен) пат го освоиле Европскиот куп. Ова била шеста европска титула за клуб од Англија.

Пат до финалето

[уреди | уреди извор]
Англија Астон Вила Круг Германија Бајерн Минхен
Противник Збир. Прв натп. Втор натп. Противник Збир. Прв натп. Втор натп.
Исланд Валир 7–0 5–0 Д 2–0 Г Прв круг Шведска Естерс 6–0 1–0 Г 5–0 Д
Источна Германија Динамо Берлин 2–2 (г) 2–1 Г 0–1 Д Втор круг Португалија Бенфика 4–1 0–0 Г 4–1 Д
СССР Динамо Киев 2–0 0–0 Г 2–0 Д Четвртфинале Романија Университатеа Крајова 3–1 2–0 Г 1–1 Д
Белгија Андерлехт 1–0 1–0 Д 0–0 Г Полуфинале Бугарија ЦСКА Софија 7–4 3–4 Г 4–0 Д

Натпревар

[уреди | уреди извор]

Натпреварот бил огромно постигнување за Тони Бартон како тренер, бидејќи ова му била прва сезона во тоа својство. Настапил во ова својство пред четвртфиналето по случајност, поради неочекуваното напуштање на дотогашниот тренер на Астон Вила, Рон Сондерс.

Еден од повпечатливите моменти во финалето се случил кога по 10 минути ветеранскиот голман Џими Ример се здобил со повторна повреда на рамото. Него го заменил Најџел Спинк, кому ова му било само втор настап како клупски голман на поголемо натпреварување. Спинк ги спречил сите обиди за гол на Бајерн Минхен, за што добил високи оценки и станал главен голман на Астон Вила во наредните 10 сезони.

Друг впечатлива случка е кога Бајерн Минхен успеале да ја внесат топката во голот во последните три минути, но голот бил досуден како офсајд. Истото им се случило на Астон Вила неколку секунди пред крајот на натпреварот, но овој втор гол бил отфрлен од судиите.

Како бранител на европската шампионска титула, Астон Вила учествувале во следната сезона на Европскиот куп, Европскиот суперкуп и Интерконтиненталниот куп. На следниот Европски куп, Астон Вила успеле да ја задржат титулата сè до четвртфиналето, кога изгубиле од Јувентус. Ги победиле Барселона со збирен резултат од 3–1, така освојувајќи го Суперкупот, но изгубиле со 2–0 од уругвајскиот клуб Пењарол на Интерконтиненталниот куп во Токио, Јапонија.

Поробности за натпреварот

[уреди | уреди извор]
26 мај 1982 г.
20:15 ч. CEST
Астон Вила Англија 1–0 Западна Германија Бајерн Минхен Фејенорд, Ротердам
Гледачи: 46.000
Судија: Жорж Конрат (Франција)
Вит гол 67' Извештај
Астон Вила
Бајерн Минхен
ГМ1Англија Џими Римерзаменет 9'
ОД2Англија Кени Свејн
ОД3Англија Гери Вилијамсдобил жолт картон во 38-мата минута 38'
ОД4Шкотска Алан Еванс
ОД5Шкотска Кен Мекнот
СР6Англија Денис Мортимер
СР7Шкотска Дез Премнер
НП8Англија Гери Шо
НП9Англија Питер Вит
СР10Англија Гордон Кауанс
СР11Англија Тони Морли
Замени:
ГМ16Англија Најџел Спинквлегол во игра 9'
ОД Англија Колин Гибсон
СР Шкотска Енди Блер
СР Англија Пет Херд
НП Англија Дејвид Гедис
Тренер:
Англија Тони Бартон
ГМ1Западна Германија Манфред Милер
ОД2Западна Германија Волфганг Дремлер
ОД3Западна Германија Удо Хорсман
SW4Западна Германија Ханс Вајнер
ОД5Западна Германија Клаус Аугенталер
СР6Западна Германија Волфганг Краусзаменет 78'
СР7Западна Германија Бернд Дирнбергер
СР8Западна Германија Паул Брајтнер
НП9Западна Германија Дитер Хенес
СР10Западна Германија Рајнхолд Матизаменет 51'
НП11Западна Германија Карл-Хајнџ Румениге
Замени:
СР16Западна Германија Гинтер Гитлервлегол во игра 51'
СР13Западна Германија Курт Нидермајервлегол во игра 78'
ГМ Западна Германија Валтер Јунгханс
Тренер:
Унгарија Пал Чернаи

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]