Фабрицио Раванели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Фабрицио Раванели
Fabrizio Ravanelli maggio 2012.jpg
Лични податоци
Роден на 11 декември 1968 (1968-12-11) (воз. 49 г.)
Роден во Перуџа, Италија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција напаѓач
Повлекување 2005
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1986–1989 Перуџа Перуџа 90 (41)
1989 Авелино Авелино 7 (0)
1989–1990 Казертана Казертана 27 (12)
1990-1992 Реџана Реџана 66 (24)
1992-1996 Јувентус Јувентус 111 (41)
1996-1997 Мидлсбро Мидлсбро 35 (17)
1998-2000 Марсеј Олимпик Марсеј 64 (28)
2000-2001 Лацио Лацио 27 (4)
2001-2003 Дерби Каунти Дерби Каунти 49 (14)
2003 Данди Данди 28 (6)
2004-2005 Перуџа Перуџа 39 (9)
Репрезентација
1995-1999 Италија Италија 22 (8)
Раководител на екипите
2011-2012 Јувентус Јувентус (јуниори 99' год.)
2012-2013 Јувентус Јувентус (Рег. младинци)
2013 Ајачио Ајачио
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Фабрицио Раванели (роден на 11 декември 1968 година) е италијански фудбалски тренер и поранешeн играч, кој играл на позицијата напаѓач. Неговиот прекар бил белото перо.

Раванели е роден во Перуџа. Тој ја почнал и завршил својата играчка кариера во локалниот тим ФК Перуџа. Како фудбалер Раванели освоил пет титули со Јувентус, вклучувајќи ги насловите во Серија А во 1995 година и Лигата на шампионите во 1996 година. Тој истотака освоил уште еден наслов шампион на Италија пет години подоцна кога го носел дресот на Лацио. За време на својата кариера тој играл за единаесет клубови во четири различни земји; својата родна Италија, Англија, Франција и Шкотска.

Тој настапил 22 пати за репрезентацијата на Италија во периодот од 1995 до 1999. Тој играл и на Европското првенство 1996.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Раните години во Серија Б и Серија Ц[уреди | уреди извор]

Раванели во дресот на Перуџа, во сезоната 1988-1989.

Раванели започнал да игра фудбал во неговиот роден град, во клубот Перуџа Калчо, во Серија Ц2 лигата. За време на сезоната 1987-1988 тој станал хит со постигнати 23 гола,[1] кои го прават најдобар стрелец во шампионатот и му овозможил на својот клуб да избри промоција во Серија Ц1 лигата. Во неговите први три сезони во Перуџа тој забил вкупно 41 гол, пред да биде купен од страна на Авелино, каде собрал само 7 настапи во Серија Б. Потоа тие го испратиле на заем во Касертана во Серија Ц1, а потоа во сезоната 1990-1991 тој се преселил во редовите на Реџана во Серија Б, каде што одиграл две сезони во кој постигнал 24 гола.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Пред почетокот на сезоната 1992-1993 тренерот на Јувентус, Џовани Трапатони го довел Раванели во овој клуб за сума од 3 милијарди лири.[2]Своето деби во Серија А, Раванели го имал на 6 септември 1992, во натпреварот Калјари-Јувентус 0-0.[3] Во првата сезона со клубот тој го освоил Купот на УЕФА, победувајќи ја во финалето германската Борусија од Дортмунд.

За време на сезоната 1994-1995, со доаѓањето на новиот тренер Марчело Липи, Јувентус го освоил своето 23-то скудето и деветтиот наслов во италијанскиот куп во историјата на клубот. На 27 септември 1994, Раванели постигнал 5 гола во натпреварот од Купот на УЕФА, Јувентус-ЦСКА Софија 5-1, што е рекорд за играч на Јувентус во европските купови.[4]

Во следната сезона 1995-96, Раванели постигнал гол во финалето на Лигата на шампионите, со кој им донел предност на бјанконерите против Ајакс(на крајот Јувентус победил по изведување на пенали).[5]

На крајот од оваа сезона тој и ставил крај на соработката со тимот од Торино, и се преселил во екипата на Мидлзборо во англиската Премиер лига.

Мидлзборо[уреди | уреди извор]

Во летото 1996, менаџерот на Мидлзборо Брајан Робсон го купува Раванели за сума од 7.000.000 £. Тој веднаш направил позитивно влијание по трансферот во Премиер лигата иако неговиот успех не бил одржан. Тој постигнал хет-трик на неговото лигашко деби против Ливерпул на денот на отворањето на сезоната 1996-1997 во Премиер лигата.[6] И покрај тоа што бил еден од најдобрите стрелци во шампионатот, Мидлзборо испаднал од лигата во годината во која тој му се приклучил на клубот.[7]Тој сепак, им помогнал да стигнат до финалето во двата домашни купа таа сезона. Тој ги започнал и двете финалиња во стартната постава, но Мидлзборо загубил со 2-0 од Челзи во финалето на ФА Купот[8] и со 2-1 на вкупен резултат од Лестер Сити во финалето на Лига купот, каде тој постигнал гол во првиот натпревар од финалето во 94-тата минута од продолжението,[9] и кога се чинело дека Мидлзборо ќе победи само неколку минути пред крајот Емил Хески погодил за изедначување и го испратил натпреварот во преигрување, во кое Лестер победил со 1-0. Тој се отуѓил од соиграчите и навивачите, со неговите постојани поплаки и критики за режимот на тренинг во клубот, како и за самиот град, и покрај тоа што бил еден од највисоко платените фудбалер во Премиер лигата во времето.

Олимпик Марсеј[уреди | уреди извор]

По испаѓањето на Мидлзборо, Раванели се преселил во Олимпик Марсеј. Во сезоната 1998-1999, Марсеј завршил на второто место во француската прва дивизија, со еден бод помалку од шампионот Бордо. Наредната сезона тие се натпреварувале во Лигата на шампионите, а Раванели постигнал еден гол против Штурм Грац на Велодром. Тој постигнал вкупно 28 гола во трите сезони во француското првенство.

Лацио[уреди | уреди извор]

Тој се вратил во Италија во 1999 година, кога бил ангажиран од страна на Лацио, каде што најчесто бил користен како резерва. Тој го освоил своето второ скудето во кариерата, а истотака бил победник и во италијанскиот куп во првата година и во италијанскиот суперкуп следната година.

Дерби Каунти[уреди | уреди извор]

Во јули 2001 година, Раванели му се приклучил на Дерби Каунти со слободен трансфер,[10] потпишувајќи со нив двегодишен договор. Тој не можел да го спаси клубот од испаѓање во 2002 година.[11] Поради финансиските проблеми на Дерби, тие морале да ја одложат исплатата на неговата плата која била платена за неколку години.

Данди[уреди | уреди извор]

По завршувањето на неговиот договор со Дерби тој бил oслободен од клубот, како и сите нивни најдобро платени играчи. Раванели потоа поминал краток период играјќи за Данди во Шкотската Премиер лига. На 5 првенствени натпревари неуспеал да постигне ниту еден погодок, но затоа постигнал хет-трик во натпревар од Шкотскиот куп.

Последните години-во Перуџа[уреди | уреди извор]

Дресот на Раванели во Перуџа

По завршувањето на авантурите во Европа, тој се вратил назад во родниот град Перуџа во јануари 2004 година, и одново заиграл за Перуџа Калчо во Серија А под водство на Серсе Козми. Благодарение на головите на Раванели во завршницата од сезоната, клубот се движел нагоре и стигнал барем до плеј-офот во кој контроверзно загубиле од Фјорентина, па така Перуџа како поразена испаднала во Серија Б.

За време на сезоната 2004-2005 напаѓачот се уште играл во Перуџа, со цел да му помогне на клубот да се врати во елита. По финалето на плеј-офот против Торино, Раванели одлучил да се пензионира од фудбалот, преземајќи ја позицијата на технички директор во младинскиот сектор на бјанкоросите.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Раванели одиграл вкупно 22 натпревари за репрезентација на Италија и постигнал 8 голови. Тој го направил своето деби за Аѕурите на 25 март 1995 за време на квалификацискиот натпревар за Евро 1996 против Естонија, кога тој успеал да постигне и гол.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

На 13 јули, 2011, тој станал тренер на јуниорите на Јувентус во категорија 99 (родени 1999 годината и покасно)[12], додека во следната сезона тој бил тренер на регионалните младинци.[13]

На 8 јуни, 2013 бил ангажиран како тренер на првиот тим на Ајачио, во Лига 1;[14] меѓутоа бил отпуштен на 2 ноември поради лошите резултати.[15]

Тренерска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 4 мај 2015.

Сезона Екипа Првенство Место Учинок
Одиграни Победи Нерешени Порази % успешност
2013-2014 Франција Ајачио Л1 19º [16] (отпуштен) &1000000000000001300000013 &100000000000000010000001 &100000000000000040000004 &100000000000000080000008 &0&100000000000007690000007,69
Вкупно во кариерата &1000000000000001300000013 &100000000000000010000001 &100000000000000040000004 &100000000000000080000008 &0&100000000000007690000007,69

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Италија Лацио[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Coppacampioni.png
Јувентус - Шампион на Европа 1996.
Coppacampioni.png

1 Перуци | 2 Ферара | 3 Торичели | 5 Порини | 6 Соуса | 7 Ди Ливио | 8 Конте | 9 Вијали | 10 Дел Пјеро | 11 Раванели | 12 Рампуља | 14 Дешам | 18 Југовиќ | 20 Вјерховод | 21 Падовано | 22 Песото | тренер Липи

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Италијанско првенство 1987-1988“. http://www.rsssf.com/tablesi/ital88.html. 
  2. „плеер - комплетна колекција 1961-2012 panini“. 
  3. Калјари-Јувентус 0-0
  4. „Viaggio tra le Stelle: Fabrizio Ravanelli“. http://www.juventus.com/juve/it/news/accendi%20una%20stella%20ravanelli%2027giugno2011%20news. 
  5. „1995/96: Јуве на врвот во Европа“. http://it.uefa.com/uefachampionsleague/season=1995/index.html. 
  6. Turnbull, Simon (19 август 1996). „Silver hair, silverware?“. The Independent. Independent Print Limited. http://www.independent.co.uk/sport/silver-hair-silverware-1310383.html. посет. 5 март 2012 г. 
  7. Brewin, John (24 април 2009). „Big-spending Boro undone by no-show“. ESPN Soccernet. ESPN. http://soccernet.espn.go.com/columns/story?id=640113&sec=england&root=england&cc=5739. посет. 5 март 2012 г. 
  8. Ridley, Ian (18 мај 1997). „The Chelsea Power Show“. The Independent. Independent Print Limited. http://www.independent.co.uk/sport/the-chelsea-power-show-1262265.html. посет. 5 март 2012 г. 
  9. Moore, Glenn. „Football: Heskey levels at the last to deflate Juninho“, „The Independent“, Independent Print Limited, 7 април 1997 (посет. 5 март 2012 г).
  10. „Derby axe Ravanelli“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 9 мај 2002. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/teams/d/derby_county/1976989.stm. посет. 5 март 2012 г. 
  11. „Ливерпул го испрати Дерби во понизок ранг“. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/eng_prem/1938500.stm. посет. 5 март 2012 г. 
  12. juventus.com, уред. „Ravanelli: «Ritorno a casa!»“. http://www.juventus.com/juve/it/news/ravanelli%20interivsta%20news%2013luglio2011. посет. 25 септември 2014 г. 
  13. tuttomercatoweb.com, уред. „Esclusiva TMW - Ravanelli sull'Ajaccio: "Resto concentrato sulla Juventus"“. http://www.tuttomercatoweb.com/europa/esclusiva-tmw-ravanelli-sull-ajaccio-resto-concentrato-sulla-juventus-454978. посет. 25 септември 2014 г. 
  14. „Fabrizio Ravanalle est l'entraîneur de l'ACA“ (на fr). http://www.ac-ajaccio.com/Attualita/Fabrizio_Ravanelli_est_l_entraineur_de_l_ACA-03290. посет. 25 септември 2014 г. 
  15. gazzetta.it, уред. „Bayern in rimonta con Müller, l'Ajaccio esonera Ravanelli“. http://www.gazzetta.it/Calcio_Estero/Bundesliga/02-11-2013/bundesliga-bayern-rimonta-muller-stende-hoffenheim-201491665748.shtml. посет. 25 settembre 2014 г. 
  16. Позиција на тимот по 12 кола. На крајот на сезоната Ајачио завршиле 20º.