Прејди на содржината

Дино Баџо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дино Баџо
Лични податоци
Роден на 24 јули 1971(1971-07-24) (55 г.)
Роден во Кампосампјеро, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2008 (37 г.)
Младинска кариера
Томболо
Торино Торино
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990-1992 Торино Торино 25 (2)
1991-1992 →Интер Интер 27 (1)
1992-1994 Јувентус Јувентус 49 (1)
1994-2000 Парма Парма 172 (19)
2000-2005 Лацио Лацио 44 (1)
2003-2004 →Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 9 (1)
2004 →Анкона Анкона 13 (0)
2005 Триестина Триестина 3 (0)
2008 Томболо 1 (0)
Репрезентација
1990-1992 Италија Италија 21 18 (1)
1992 Италија Италија 23 5 (0)
1991-1999 Италија Италија 60 (7)

Дино Баџо (роден на 24 јули 1971 година во Кампсампјеро) — италијански поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Во 1994 година бил светски вицешампион со репрезентацијата на Италија.

Тој е играчот со најмногу постигнати голови во финалињата на Купот на УЕФА/Лигата на Европа (вкупно пет гола постигнати во две финалиња, но одиграни во два натпревари).[1]

Наречен „Баџо 2“ од италијанскиот печат за да се разликува од неговиот сонародник Роберто Баџо, со кој биле соиграчи во Јувентус и во националниот тим,[2][3] во дресот на својата земја забележал 60 настапи со седум гола, а учествувал на две Светски првенства (1994 и 1998) и едно Европско првенство (1996).

Биографија

[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што имаат исто презиме, тој нема никаква роднинска врска со италијанскиот поранешен фудбалер и соиграч Роберто Баџо.[4]

На 6 јули 2000, се оженил со поранешната танчерка и учесничка во телевизиската програма Non è la Rai, Марија Тереса Матеи.[5] Со неа имаат две деца.[5]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Дефанзивен играч од средниот ред сметан за сигурен додавач, физички силен, надарен со способност за многу трчање и дух на пожртвуваност,[6][7][8][9] тој се истакнал во својата кариера по својата цврстина, енергија, издржливост и одземање на топката од противниците;[7][9][10] одлики кој му овозможиле да стане еден од најдобрите италијански играчи од средниот ред во 90-тите години и стандарден репрезентативец во оваа декада.[6][9][11] Благодарение на неговата тактичка флексибилност,[12] тој бил способен да покрие каква било улога во средниот ред;[9] всушност, и покрај тоа што играл главно во улогата на медијано со дефанзивни задачи, во текот на кариерата бил користен во речиси сите улоги на теренот.[10][13]

Иако бил дефанзивен играч од средниот ред, тој исто така бил способен да придонесе и во офанзивната фаза на играта,[6][9][10][12] благодарение на неговите вештини за уфрлање во празните простори,[7][12] квалитетите во играта во воздухот[14] и одличниот удар од далечина.[9][15] Тој исто така имал добра поединечна техника и визија за играта што го направило способен да изведува прецизни додавања за своите соиграчи.[9]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]
Баџо во дресот на Интер.

Своите први фудбалски чекори ги направил на петгодишна возраст на терените во Томболо, провинцијата Падова. На тринаесет години тој бил забележан од скаутите на Торино.[16] Токму во оваа екипа израснал во професионален фудбалер, а своето деби во Серија А го имал во натпреварот Торино-Лацио (0-0) одигран на 9 септември 1990 година; претходно тој забележал 3 настапи за Торино во шампионската сезона на клубот во Серија Б. Тој набрзо станал стартер во формацијата на биковите, завршувајќи ја сезоната 1990-1991 со 25 настапи и еден гол, освојувајќи го притоа со клубот и Митропа купот 1991 иако во ова натпреварување тој ниту еднаш не излегол на терен. Во 1991 година, тој бил продаден на градскиот ривал Јувентус за 9,8 милијарди лири,[17] кој го позајми на Интер за една сезона, во текот на која младиот играч од средниот ред одиграл 27 натпревари и постигнал еден гол.[18]

Дино Баџо со Јувентус, го слави неговиот втор гол во победата со 3-0 во реванш финалето на Купот на УЕФА 1992-1993.

Враќајќи се во Јувентус во летото 1992 година, тој го направил своето деби во натпреварот од првата рунда на Купот на Италија на домашен терен против Фиделис Андрија во победата на домашен терен со 4-0, во која исто така го постигнал и својот прв гол за бјанконерите. Бидејќи претходно играл за градскиот ривал Торино, трансферот на Баџо во Јувентус првично нашол на негодување кај навивачите, меѓутоа, со неговата цврстина и одличните постојани игри тој набрзо станал столб во средниот ред на Јувентус и брзо ги придобил нивните симпатии.[13] Често наречен Баџо 2 за да се разликува од својот попознат и постар соиграч Роберто Баџо, својот прв погодок за Јувентус во Серија А, тој го постигнал во победата со 5-1 над Анкона. Неговиот највпечатлив момент за време на првата сезона со бјанконерите дефинитивно било финалето на Купот на УЕФА 1992-1993 против Борусија Дортмунд во кое тој се појавил како изненадувачки стрелец давајќи огромен придонес за освојувањето на титулата со три гола: тој постигнал еден гол во првиот натпревар во Дортмунд кој завршил со победа на Јуве од 3-1, додавајќи уште два гола во победата со 3-0 во реваншот на Деле Алпи. Следната сезона со Јувентус го освоил второто место во првенството, но настапите на Баџо драстично се намалиле по што тој одлучил да го напушти клубот во летото 1994 и да се пресели во Парма на Невио Скала за 14 милијарди лири,[19] потпишувајќи четиригодишен договор со клубот.

Во својата прва сезона тој освоил уште еден Куп на УЕФА, прв за Парма во историјата на клубот, против неговиот поранешен тим во финалето во кое Баџо уште еднаш бил во главната улога: во првиот натпревар кој завршил 1-0 за Парма голот бил негово дело, додека во реваншот тој ја анулирал почетната предност на Јувентус стекната со голот на Џанлука Вијали (1-1). Ова било доволно за да ја крене неговата втора титула во европските натпреварувања високо кон небото, во исто време трета за Парма. Тој останал еден од главните играчи на Парма и во следните сезони под водството на тренерите Карло Анчелоти и Алберто Малезани. Со вториот, тој по трет пат во кариерата го освоил Купот на УЕФА совладувајќи го овојпат во финалето францускиот гигант Олимпик Марсеј со убедливи 3-0 во Москва. На патот до титулата, во првиот натпревар од осминафиналето против полската екипа Висла Краков, Баџо бил ранет во главата од нож фрлен од навивач поради кој добил пет конци.[20] Поради ова, Висла била суспендиран од европските купови на една година. Во истата 1999 година, Парма го освоила и Купот на Италија победувајќи ја Фјорентина во финалето, а во август триумфирале и во Суперкупот на Италија со победа над шампионот на земјата Милан.

За време на натпреварот Парма-Јувентус одигран на 9 јануари 2000 година, во момент кога двата клуба биле замешани во битка за шампионската титула, тој направил прекршок над Џанлука Ѕамброта, санкциониран со црвен картон од страна на судијата Стефано Фарина, по што уследил гест на Баџо со триење на палецот и показалецот како бројач за пари и плукање на земја.[21] Тоа му донело суспензија од два натпревари (иако првично биле шест) и казна од Парма во вредност од 20 милиони лири,[22] пропуштајќи го исто така пријателскиот натпревар на репрезентацијата против Шведска на 23 февруари 2000 година со одлука на Лучано Ницола, тогашен претседател на FIGC. Од тој момент, Баџо повеќе никогаш не бил повикан во репрезентацијата, прескокнувајќи го и следното Европско првенство во Белгија и Холандија.[23] Со 240 натпревари во дресот на Парма, моментално се наоѓа на 14-тото место на списокот на играчи со најмногу настапи за клубот

Баџо со Блекбурн Роверс во 2003.

Во октомври 2000 година, тој бил купен од актуелниот италијански шампион, Лацио, но по две сезони поминати во Рим во 2003 година бил позајмен на англискиот Блекбурн Роверс.[24] Дебитирал во Премиер лигата на 13 септември, влегувајќи како замена во поразот на домашен терен со 3–1 од Ливерпул.[25] Менаџерот на Баџо во Блекбурн, Греам Сунес, го користел во дотогаш за него нова непозната улога со повеќе напаѓачки задачи,[26] што сепак, не ги дало очекуваните резултати и негативно се одразило на неговите настапи. Тој забележал само 9 настапи вкупно за Роверс, постигнувајќи еден гол во поразот од 2–1 од Лидс Јунајтед во првенството, пред неговата позајмица да биде прекратена во јануари 2004.[27]

Откако предвреме завршила неговата авантура во странство, тој се вратил во Италија и бил позајмен до крајот на сезоната 2003-2004 на новопромовираниот член на Серија А, Анкона. Целта на клубот била да доведе во јануарскиот преоден рок неколку искусни и проверени играчи како Баџо кои би помогнале да излезе од зоната за испаѓање во која бил западнал уште на почетокот од првенството. Сепак, Баџо не успеал да ја исполни мисијата со која дошол во Анкона, да го спаси клубот од испаѓање, по што тој се вратил во Лацио, каде што бил ставен на маргините на првиот тим толку многу што заедно со неговиот соиграч Паоло Негро подигнале тужба за мобинг против претседателот на клубот Клаудио Лотито.[28]

Во 2005 година се преселил во Триестина, за да ја рестартира својата кариера со ново искуство во Серија Б; по само три настапи во октомври одлучил, да го раскине договорот со клубот и да се пензионира.

Во февруари 2008 година, две и пол години по неговото наводно пензионирање, тој се вратил на фудбалот. На возраст од речиси триесет и седум години играл во Терца категорија, во тимот на Томболо во кој и ја започнал својата кариера, чиј тренер бил неговиот прв тренер, Чезаре Кривеларо.[29]

Во Серија А одиграл 333 натпревари постигнувајќи 25 голови. Во европските купови има 73 натпревари со тринаесет гола.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Млади репрезентации

[уреди | уреди извор]

Со репрезентацијата до 21 година, предводена од Чезаре Малдини, тој го освоил Европско првенство за играчи под 21 година во 1992 година, а истата година учествувал на Олимпијадата во Барселона.

Сениорска репрезентација

[уреди | уреди извор]
Баџо играјќи за Италија во дуел со Руи Кошта од Португалија во натпревар меѓу двете земји во 1993.

Повикан од новиот селектор Ариго Саки, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 21 декември 1991 година, на 20-годишна возраст, започнувајќи во последниот натпревар од Квалификациите за Европското првенство 1992, победата со 2-0 против Кипар во Фоџа. Својот прв гол за Аѕурите го постигнал на 24 февруари 1993 година, во Порто, Португалија, во натпревар од Квалификациите за Светското првенство 1994 во кој италијанците го совладале домаќинот со 3-1.

Откако станал стартер во репрезентацијата, тој формирал партнерство во средишниот дел на средниот ред со Деметрио Албертини, кој бил на иста возраст како и тој.[30] Учествувал на Светското првенство 1994 во САД, каде што бил протагониста[31] со два постигнати гола: во победите против Норвешка (1-0) во групната фаза и Шпанија (2-1) во четвртфиналето.[32] Се појавил на теренот во сите седум натпревари на Италија на Мундијалот и играл како стартер во финалето на 17 јули 1994 година, во кое загубиле на пенали од Бразил.

Учествувал и на следното Европско првенство 1996 во Англија, каде Италија била елиминирана во првата фаза. На овој настан, сепак, тој излегол на терен само во вториот натпревар од групата, кој италијанците го загубиле со 2-1 од Чешка. Потоа, со селекторот Чезаре Малдини, Баџо учествувал и на Светското првенство 1998, каде што бил стартер во петте натпревари на Италија која била елиминирана во четвртфиналето, по изведувањето на пенали, од домаќинот Франција.

Тој одиграл неколку натпревари за Италија и под водството на следниот селектор Дино Ѕоф, кој ја презел клупата од Малдини во летото 1998. Бил репрезентативец сè до пријателскиот натпревар одигран на 13 ноември 1999 година, поразот од Белгија (1-3) во Лече, кој останал неговиот последен натпревар во синиот дрес.

За својата репрезентација забележал вкупно 60 настапи и 7 голови.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
21-12-1991ФоџаИталија Италија2 – 0Кипар КипарКвал. за ЕП 1992-
9-9-1992АјндховенХоландија Холандија2 – 3Италија ИталијаПријателска-влегол во игра 89'
20-1-1993ФиренцаИталија Италија2 – 0Мексико МексикоПријателска-влегол во игра 46'
24-2-1993ПортоПортугалија Португалија1 – 3Италија ИталијаКвал. за СП 19941
24-3-1993ПалермоИталија Италија6 – 1Малта МалтаКвал. за СП 19941
14-4-1993ТрстИталија Италија2 – 0Естонија ЕстонијаКвал. за СП 1994-заменет 68'
1-5-1993БернШвајцарија Швајцарија1 – 0Италија ИталијаКвал. за СП 1994-
13-10-1993РимИталија Италија3 – 1Шкотска ШкотскаКвал. за СП 1994-
17-11-1993МиланоИталија Италија1 – 0Португалија ПортугалијаКвал. за СП 19941
23-3-1994ШтутгартГерманија Германија2 – 1Италија ИталијаПријателска1заменет 71'
27-5-1994ПармаИталија Италија2 – 0Финска ФинскаПријателска-
3-6-1994РимИталија Италија1 – 0Швајцарија ШвајцаријаПријателска-
11-6-1994Њу ХејвенИталија Италија1 – 0Костарика КостарикаПријателска-заменет 46'
18-6-1994ЊујоркИталија Италија0 – 1Ирска ИрскаСП 1994 - Прва фаза-
23-6-1994ЊујоркИталија Италија1 – 0Норвешка НорвешкаСП 1994 - Прва фаза1
28-6-1994ВашингтонИталија Италија1 – 1Мексико МексикоСП 1994 - Прва фаза-заменет 65'
5-7-1994БостонНигерија Нигерија1 – 2 прод.Италија ИталијаСП 1994 - Осминафинале-влегол во игра 46'
9-7-1994БостонИталија Италија2 – 1Шпанија ШпанијаСП 1994 - Четвртфинале1
13-7-1994ЊујоркИталија Италија2 – 1Бугарија БугаријаСП 1994 - Полуфинале-заменет 55'
17-7-1994Лос АнџелесБразил Бразил0 – 0 прод.
(3 – 2 пен.)
Италија ИталијаСП 1994 - Финале-заменет 95'[33]
7-9-1994МариборСловенија Словенија1 – 1Италија ИталијаКвал. за ЕП 1996-заменет 55'
8-10-1994ТалинЕстонија Естонија0 – 2Италија ИталијаКвал. за ЕП 1996-
16-11-1994ПалермоИталија Италија1 – 2Хрватска ХрватскаКвал. за ЕП 19961
21-12-1994ПескараИталија Италија3 – 1Турција ТурцијаПријателска-заменет 71'
25-3-1995СалерноИталија Италија4 – 1Естонија ЕстонијаКвал. за ЕП 1996-
26-4-1995ВилнусЛитванија Литванија0 – 1Италија ИталијаКвал. за ЕП 1996-влегол во игра 22'
19-6-1995ЛозанаШвајцарија Швајцарија0 – 1Италија ИталијаСентенарио Швајцарска Фед.-влегол во игра 46'
6-9-1995УдинеИталија Италија1 – 0Словенија СловенијаКвал. за ЕП 1996-влегол во игра 81'
11-11-1995БариИталија Италија3 – 1Украина УкраинаКвал. за ЕП 1996-заменет 46'
29-5-1996КремонаИталија Италија2 – 2Белгија БелгијаПријателска-влегол во игра 65'
14-6-1996ЛиверпулЧешка Чешка2 – 1Италија ИталијаЕвро 1996 - Прва фаза-заменет 38'
9-10-1996ПеруџаИталија Италија1 – 0Грузија ГрузијаКвал. за СП 1998-влегол во игра 60'
6-11-1996СараевоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина2 – 1Италија ИталијаПријателска-заменет 46'
22-1-1997ПалермоИталија Италија2 – 0Северна Ирска Северна ИрскаПријателска-
12-2-1997ЛондонАнглија Англија0 – 1Италија ИталијаКвал. за СП 1998-
29-3-1997ТрстИталија Италија3 – 0Молдавија МолдавијаКвал. за СП 1998-
2-4-1997ХожовПолска Полска0 – 0Италија ИталијаКвал. за СП 1998-
30-4-1997НеаполИталија Италија3 – 0Полска ПолскаКвал. за СП 1998-заменет 85'
4-6-1997НантИталија Италија0 – 2Англија АнглијаТурнир во Франција-
8-6-1997ЛионИталија Италија3 – 3Бразил БразилТурнир во Франција-заменет 46'
10-9-1997ТбилисиГрузија Грузија0 – 0Италија ИталијаКвал. за СП 1998-
11-10-1997РимИталија Италија0 – 0Англија АнглијаКвал. за СП 1998-
29-10-1997МоскваРусија Русија1 – 1Италија ИталијаКвал. за СП 1998-
15-11-1997НеаполИталија Италија1 – 0Русија РусијаКвал. за СП 1998-
28-1-1998КатанијаИталија Италија3 – 0Словачка СловачкаПријателска-заменет 55'
22-4-1998ПармаИталија Италија3 – 1Парагвај ПарагвајПријателска-
11-6-1998БордоИталија Италија2 – 2Чиле ЧилеСП 1998 - Прва фаза-
17-6-1998МонпелјеИталија Италија3 – 0Камерун КамерунСП 1998 - Прва фаза-
23-6-1998Сен ДениИталија Италија2 – 1Австрија АвстријаСП 1998 - Прва фаза-
27-6-1998МарсејИталија Италија1 – 0Норвешка НорвешкаСП 1998 - Осминафинале-
3-7-1998ПаризИталија Италија0 – 0 прод.
(3 - 4 пен.)
Франција ФранцијаСП 1998 - Четвртфинале-заменет 52'
5-9-1998ЛиверпулВелс Велс0 – 2Италија ИталијаКвал. за ЕП 2000-
10-10-1998УдинеИталија Италија2 – 0Швајцарија ШвајцаријаКвал. за ЕП 2000-
18-11-1998СалерноИталија Италија2 – 2Шпанија ШпанијаПријателска-заменет 46'
16-12-1998РимИталија Италија6 – 2World Stars World StarsПријателска-заменет 46'
10-2-1999ПизаИталија Италија0 – 0Норвешка НорвешкаПријателска-заменет 46'
27-3-1999КопенхагенДанска Данска1 – 2Италија ИталијаКвал. за ЕП 2000-
31-3-1999АнконаИталија Италија1 – 1Белорусија БелорусијаКвал. за ЕП 2000-
8-9-1999НеаполИталија Италија2 – 3Данска ДанскаКвал. за ЕП 2000-заменет 46'
13-11-1999ЛечеИталија Италија1 – 3Белгија БелгијаПријателска-
Вкупно Настапи (30. место) 60 Голови (49. место) 7

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1989-1990Италија ТориноБ30КИ00------30
1990-1991А252КИ60МК00---312
Вкупно Торино2826000--342
1991-1992Италија ИнтерА271КИ51КУ20---342
1992-1993Италија ЈувентусА321КИ73КУ95---489
1993-1994А170КИ20КУ60---250
Вкупно Јувентус49193155--739
1994-1995Италија ПармаА316КИ71КУ115---4912
1995-1996А284КИ10КПК41СИ10345
1996-1997А312КИ10КУ20---342
1997-1998A295КИ60ЛШ8[34]0---435
1998-1999А292КИ50КУ80---422
1999-2000А24+1[35]0+0[35]КИ00ЛШ+КУ2+70+1СИ10351
јул.-сеп. 2000А00КИ20КУ10---30
Totale Parma173192214372024027
окт. 2000-2001Италија ЛациоА251КИ10ЛШ00---261
2001-2002А150КИ30ЛШ3[36]0---210
2002-2003А40КИ30КУ80---150
2003-јан. 2004Англија Блекбурн РоверсПЛ91ФАКуп10КУ20---121
јан.-јун. 2004Италија АнконаА130КИ00------130
2004-2005Италија ЛациоА00КИ00КУ00СИ0000
Вкупно Лацио44170110--621
2005-2006Италија ТриестинаБ30КИ00------30
Вкупно во кариерата3472550573122047242

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
Италија Италија 199110
199210
199373
1994154
199550
199640
1997110
1998110
199950
Вкупно607
1989-1990
1991

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
1992-1993
1994-1995, 1998-1999
1998-1999
1999

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
Италија Италија
1992
  1. ↑ „La Coppa UEFA dalla A alla Z“. 15 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-15. Посетено на 15 ноември 2016.
  2. ↑ Maurizio Crosetti (27 февруари 1994). „C'è Baggio 2, per farsi rimpiangere“. La Repubblica. стр. 26. Посетено на 12 март 2014.
  3. ↑ Giancarlo Padovan e Gianfranco Teotino (18 ноември 1993). „Baggio 2 timbra il visto per l'America“. Il Corriere della Sera. стр. 41. Архивирано од изворникот на 2014-03-13. Посетено на 12 март 2014.
  4. ↑ Preston, Mike (16 July 1994). „'Other' Baggio ready to step into hero's role WORLD CUP 1994“. The Baltimore Sun. Архивирано од изворникот на 2017-08-22. Посетено на 20 July 2014.
  5. 1 2 „Maria Teresa Mattei, ecco che fine ha fatto l'ex stellina di "Non è la Rai"“. Il Messaggero. 5 септември 2016. Посетено на 31 декември 2022.
  6. 1 2 3 Emmet Gates (21 gennaio 2015). „Remembering Dino, the other Baggio“. The Guardian (англиски). Посетено на 14 јуни 2015. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. 1 2 3 Giancarlo Padovan e Giorgio Rondelli (4 септември 1995). „Sacchi, un guaio in più : Costacurta“. Il Corriere della Sera. стр. 37. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2015. Посетено на 14 јуни 2015.
  8. ↑ Luca Valdiserri (4 септември 1995). „Casiraghi, Dino Baggio e Signori: tori scatenati Pagliuca, che sfortuna“. Il Corriere della Sera. стр. 40. Архивирано од изворникот на 18 ноември 2015. Посетено на 14 јуни 2015.
  9. 1 2 3 4 5 6 7 Fausto Momblano. „Il Baggio dimenticato“. Архивирано од изворникот на 2022-12-31. Посетено на 14 јуни 2015.
  10. 1 2 3 Fabrizio Maffei. „Baggio, Dino“. Посетено на 14 јуни 2015.
  11. ↑ „Dino Baggio: «Conte è un vincente, ma occhio alle insidie»“. 5 октомври 2011. Посетено на 14 јуни 2015.
  12. 1 2 3 „Storie di ex: Dino Baggio“. 9 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 16 јуни 2015. Посетено на 14 јуни 2015.
  13. 1 2 Stefano Bedeschi (24 јули 2013). „Gli eroi in bianconero: Dino BAGGIO“. Посетено на 14 јуни 2015.
  14. ↑ Luca Valdiserri (21 април 1993). „Jorge teme il suo Paris più di Baggio e Moeller“. Il Corriere della Sera. стр. 45. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2015. Посетено на 14 јуни 2015.
  15. ↑ Fabio Monti (10 март 1993). „il bomber di scorta rianima il Torino“. Il Corriere della Sera. стр. 43. Архивирано од изворникот на 2015-11-23. Посетено на 14 јуни 2015.
  16. ↑ „La biografia di Dino Baggio in uscita con CIESSE Edizioni“. 25 септември 2011. Архивирано од изворникот на 14 јули 2014. Посетено на 15 октомври 2011.
  17. ↑ Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 8 (1991-1992). Panini. 25 јуни 2012. стр. 10.
  18. ↑ Benedetto Ferrara (27 јули 1991). „L'Inter s'accontenta, Dino Baggio“. La Repubblica. стр. 43. Посетено на 5 јули 1991. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  19. ↑ Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 11 (1994-1995). Panini. 16 јули 2012. стр. 10.
  20. ↑ Franco Melli (21 октомври 1998). „Un coltello vola in campo, paura per Baggio“. Il Corriere della Sera. стр. 42. Архивирано од изворникот на 26 декември 2012. Посетено на 11 февруари 2010.
  21. ↑ Dino Baggio dà del venduto all'arbitro, Bergamo lo difende da Corriere della Sera, 10 јануари 2000
  22. ↑ Fabio Monti. „Maxi-sconto a Dino Baggio: due giornate“. Il Corriere della Sera. стр. 43. Архивирано од изворникот на 26 декември 2012. Посетено на 3 август 2011. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  23. ↑ „La Figc: "Dino Baggio fuori dalla Nazionale"“. La Repubblica. 10 јануари 2000.
  24. ↑ „Blackburn bag Baggio“. UEFA.com. 1 September 2003. Посетено на 30 April 2020.
  25. ↑ „Owen brace sinks Blackburn“. BBC Sport. 13 September 2003. Посетено на 30 April 2020.
  26. ↑ Johnson, William (16 October 2003). „Poor finishing proves costly for Blackburn“. The Telegraph. Посетено на 30 April 2020.
  27. ↑ „Inspired Leeds hold off Blackburn“. BBC. 4 October 2003. Посетено на 20 October 2009.
  28. ↑ Le grane dell'era Lotito, da lalaziosiamonoi.it, 2 јули 2009
  29. ↑ „Dino Baggio riparte dalla terza categoria“. 15 февруари 2008. Посетено на 15 февруари 2008.
  30. ↑ „Anni Ottanta, Novanta e Duemila: qual è la Nazionale italiana più forte tra queste?“. 15 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2023-01-01. Посетено на 28 декември 2020.
  31. ↑ Licia Granello (8 јули 1994). „Baggio Due, L'Indispensabile“. стр. 3. Посетено на 28 декември 2020.
  32. ↑ „Baggio minore“. 26 септември 2016. Посетено на 28 декември 2020.
  33. ↑ 2. место
  34. ↑ 2 настапи во квалификациските кола.
  35. 1 2 Во баражот за 4. место.
  36. ↑ 1 настап во квалификациските кола.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]