Фудбалска репрезентација на Молдавија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фудбалска репрезентација на Молдавија
СојузФудбалска молдaвска федерација (Federația Moldovenească de Fotbal; FMF)
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторЕнгин Фират
КапитенАлександру Епуреану
Најмногу натпревариАлександру Епуреану (91)
Најдобар стрелецСергеј Клескенко (11)
Домашен стадионСтадион Цимбру, Кишињев
ФИФА моментално рангирање175 (9 април 2020)
ФИФА највисоко рангирање37 (април 2008)
ФИФА најниско рангирање175 (јуни 2018, август 2018, октомври 2019-април 2020)
Ело моментално рангирање147 (2 април 2020)
Нaјвисоко Ело рангирање86 (февруари 2008)
Нaјниско Ело рангирање148 (ноември 2019)
Домашни бои
Гостински бои

Фудбалската репрезентација на Молдавија (романски: Echipa națională de fotbal a Moldovei) ја претставува Молдавија во фудбалските натпреварувања и е контролирана од Фудбалската молдавска федерација, управувачкото тело за фудбал во Молдавија. Домашен терен на Молдавија е Стадионот Цимбру во Кишињев, а нивни главен тренер е Енгин Фират. По распадот на Советскиот сојуз, тие го одиграле својот прв натпревар против Грузија на 2 јули 1991 година.

Два од нивните три најдобри резултати во 90-тите години, дошле за време на квалификациите за Европското првенство 1996, со победи над Грузија (1:0) во Тбилиси, и Велс (2:3) во Кишињев. Во 2007 година, Молдавија остварила многу добар резултат, совладувајќи ја Унгарија со 3:0 во Кишињев во квалификациите за Евро 2008. Нивниот најдобар неодамнешен резултат била победа од 5:2 над Црна Гора за време на квалификациите за Светското првенство 2014. Репрезентацијата никогаш до сега не се квалификувала во завршницата на Европското првенство, ниту на Светското првенство сè до овој моментот.

После 4:0 поразот на Молдавија од Англија во септември 1997 година, британскиот писател и комичар Тони Хокс патувал во Молдавија за да ги предизвика и да ги победи сите 11 репрезентативци на Молдавија во тенис. Книжевната филмска верзија на книгата со исто име, Играње на Молдавците во тенис, била снимена во и околу Кишињев во мај и јуни 2010 година и била објавена во пролетта 2012 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Фудбалската федерација на Молдавија била основана во 1990 година. Сепак, националната фудбалска репрезентација на Молдавија не одиграла службен меѓународен натпревар до 1991 година, кога Молдавија загубила од Грузија.

Првиот обид на Молдавија да се квалификува на Светското првенство било во 1998 година, но тие не успеале да се квалификуваат на турнирот. Молдавија завршила или последна или втора последна во сите квалификувачки кампањи за турнирите, до сега, освен квалификациите за УЕФА Евро 2008, во кои завршиле на петтото место од седум репрезентации, во групата Ц со 12 бода.

Натпреварувачки учинок[уреди | уреди извор]

Светско првенство[уреди | уреди извор]

Учинок на Светското првенство Учинок на квалификациите
Година Фаза Место ОН П Н З ДГ ПГ Состав ОН П Н З ДГ ПГ
1930 до 1938 Дел од Романија
1950 до 1990 Дел од Советскиот Сојуз
1994 Не била член на ФИФА Не била член на ФИФА [1]
1998 Не се квалификувала 8 0 0 8 2 21
2002 10 1 3 6 6 20
2006 10 1 2 7 5 16
2010 10 0 3 7 6 18
2014 10 3 2 5 12 17
2018 10 0 2 8 4 23
2022 Ќе се утврди
Вкупно 0/6 58 5 12 41 35 115

Европско првенство[уреди | уреди извор]

Учинок на Европското првенство Учинок на квалификациите
Година Фаза Место ОН П Н З ДГ ПГ Состав ОН П Н З ДГ ПГ
1960 до 1992 Дел од Советскиот сојуз и ЗНД
1996 Не се квалификувала 10 3 0 7 11 27
2000 8 0 4 4 7 17
2004 8 2 0 6 5 19
2008 12 3 3 6 12 19
2012 10 3 0 7 12 16
2016 10 0 2 8 4 16
2020 10 1 0 9 4 26
2024 Ќе се утврди
Вкупно 0/7 68 12 9 47 55 140

Лига на нации[уреди | уреди извор]

Учинок во Лигата на нации
Година Дивизија Место ОН П Н З ДГ ПГ
2018-19 Д 48. 6 2 3 1 4 5
2020–21 Ц Ќе се утврди
Вкупно 6 2 3 1 4 5

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Член на ФИФА 16 јуни 1994.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]