Фудбалска репрезентација на Унгарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Унгарија Унгарија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Магичните Маѓари (во 1950-тите)
Златните единаесет
СојузMagyar Labdarúgó Szövetség (МЛСЗ)
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторБелгија Џорџес Лекенс
КапитенБалаш Џуџак
Најмногу настапиГабор Кирали (108)
Најдобар стрелецФеренц Пушкаш (84)
Домашен стадионГрупама Арена - моментално
Ференц Пушкаш стадион - од 2019 г.
ФИФА кодHUN
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално
53 (23 ноември 2017)
Највисок18 (април–мај 2016)
Најнизок87 (јули 1996)
Прв меѓународен натпревар
Австрија Австрија 5–0 Унгарија Унгарија
(Виена, Австрија; 12 октомври, 1902)
Најголема победа
Унгарија Унгарија 13–1 Франција Франција
(Будимпешта, Унгарија; 9 јуни, 1927)
Унгарија Унгарија 12–0 Албанија Албанија
(Будимпешта, Унгарија; 24 септември, 1950)
Најлош пораз
Унгарија Унгарија 0 - 7 Англија Англија
(Будимпешта, Унгарија; 10 јуни, 1908)

Англија Англија Ам. 7 - 0 Унгарија Унгарија
(Солна, Шведска; 30 јуни, 1912)
Германија Германија 7 - 0 Унгарија Унгарија
(Келн, Германија; 6 април, 1941)

Холандија Холандија 8 - 1 Унгарија Унгарија
(Амстердам, Холандија; 11 октомври, 2013)
Светско првенство
Учества9
Најдобар резултатФиналисти (во 1938 и 1954 година)
Европско првенство
Учества3
Најдобар резултатТрето место (1964)
Фудбалска репрезентација на Унгарија
Медали
Состав на Унгарија
Фудбал (мажи)
Олимписки игри
Златен медал - прво место Хелсинки 1952 Состав
Бронзен медал – трето место Рим 1960 Состав
Златен медал - прво место Токио 1964 Состав
Златен медал - прво место Мексико Сити 1968 Состав
Сребрен медал – второ место Минхен 1972 Состав
Фудбалската репрезентација на Унгарија (унгарски: Magyar labdarúgó-válogatott) го претставува унгарскиот интернационален фудбал и е под раководство од фудбалската федерација на Унгарија скр. МЛСЗ (унгарски: Magyar Labdarúgó Szövetség). Унгарија има респектибилна фудбалска историја, освојувајќи три титули олимписки шампион, две финалиња на светски првенства и тоа во 1938 и 1954 година, и едно трето место на европското првенство 1964 година. Унгарците спровеле револуција во овој спорт во 1950-тите години која се засновала на тотален фудбал и доминација во меѓународниот фудбал со неповторливиот златен тим во кој играле легенди како Ференц Пушкаш, најдобриот стрелец во 20 век по кој ФИФА ја именувала наградата Пушкаш. Споредна улога во оваа ера е највисокиот ранг на Ело ранг-листата на сите времиња со 2166 бода во 1954 година, една од најдолигите низови без пораз во фудбалската историја, останувајќи непоразени на 31 натпревар во повеќе од четири години вклучувајќи го и Мечот на Столетието.

И покрај овие успеси, унгарската репрезентација доживеал огромен пад почнувајќи од елиминацијата на светското првенство 1986 година, од кога 30 последователни години не успеале да се пласираат на едно големо натпреварување. Во годините на падот го стекнале и нај слабиот ранг на ФИФА ранг-листата 87 позиција во 1996 година како и заземање на последната шеста позиција во квалификациите за европско првенство 2008 година. Во квалификациите за европското првенство 2016 успеале да изборат место на европското првенство што било најдобар успех во последните 40 години.

Историја[уреди | уреди извор]

Вовед[уреди | уреди извор]

Иако Унгарија и Австрија уставно биле една држава Австроунгарија, тие сепак формирале посебни фудбалски асоцијации и клубови во почетокот на 20 век.

1910-тите[уреди | уреди извор]

Унгарската репрезентација на Олимпијада 1912 година

Фудбалската репрезентација на Унгарија за првпат се појавила на Летните олимписки игри 1912 година во Стокхолм, Шведска. Тимот морал да бара донации за да биде во можност да патува. Унгарија била поразена од Англија со 7–0 и на тој начин биле елиминирани од понатамошното натпреварување. По олимписките игри одиграле два меча со тимот на Русија во Москва. На првата средба унгарците победиле со 9–0 додека на втората победиле уште по убедливо со 12–0 што и ден денеска важи за рекорд на најголема победа на Унгарија над некоја екипа. Најдобар стрелец бил Имре Шлосер кој постигнал седум гола. Почетокот на првата светска војна донел многу проблеми во унгарскиот фудбал. Репрезентацијата и клубовите доживеле големи финансиски проблеми. Во текот на војната унгарците одиграле дури 16 мечеви со тимот на Австрија. Во 1919 година англичаните побарале да се казнат екипите што ги претставувале централните сили (вклучувајќи ја и Унгарија) со исклучување од ФИФА. Кога ФИФА ја одбила оваа жалба, британците (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска) одлучиле да одстапат од ФИФА.


1920-тите[уреди | уреди извор]

Унгарската репрезентација против Полска 1924 година

На Будимпешта и била одбиена можноста за домаќинство на Летните олимписки игри 1920 година кои биле одржани во Белгија. Државите кои ги претставувале централните сили во првата светска војна (Германија, Австроунгарија, Отоманското Царство и Бугарија) биле исклучени од овие олимписки игри. Во овој период браќата Фогл (Јожеф и Карољ Фогл) играле за репрезентацијата. Формацијата која ја користеле унгарците била 2–3–5 која била уникатна во тоа време. Репрезентацијата на Унгарија играл на Летните олимписки игри 1924 година во Париз, Франција. Во првиот натпревар унгарците биле подобри од тимот на Полска, меѓутоа во втората рунда изгубиле од Египет. Како последица на овој пораз селекторот на фудбалската репрезентација како и претседателот на фудбалската федерација на Унгарија си поднеле оставка.

Помеѓу 1927 и 1930 година, унгарската репрезентација учествувала на европскиот куп кој се смета за прв интернационален турнир во кој земале учество тимовите на Австрија, Чехословачка, Швајцарија, Русија и Југославија. Во финалето унгарците биле поразени од тимот на Русија. На 12 јуни 1927 година, Унгарија го победила тимот на Франција со 13–1 што сè уште важи за рекорд. Јожеф Такач постигнал шест гола.

1930-тите[уреди | уреди извор]

Унгарската репрезентација се подготвува за светското првенство 1938 година

Првото светско првенство било одржано во Уругвај 1930 година меѓутоа унгарската репрезентација не била поканета да учествува и не била дел од овој турнир (не постоеле квалификации). Унгарија за првпат се појавила на светското првенство 1934 година во Италија. Првиот натпревар на светските првенства воопшто тимот на Унгарија го одиграл на 27 мај 1934 година против тимот на Египет победувајќи го со 4–2. На овој натпревар головите ги постигнале Пал Телеки, Геза Толди и Јене Винце. Во четврт-финалето унгарците се сретнале со нивните соседи и најголеми соперници во тоа време австријците меѓутоа загубиле со 2–1. Единствениот гол за Унгарија го постигнал Ѓерѓ Шароши. На Летните олимписки игри 1936 година унгарците биле елиминирани уште во првата рунда губејќи од тимот на Полска со 0–3.

Светското првенство 1938 година било одржано во Франција. На првиот натпревар унгарците забележале убедлива победа против Холандските Антили со 6–0. На овој натпревар Шароши и Женгелер погодиле по двапати додека по еднаш во списокот на стрелците се запишале Кохут и Геза Толди. Во четврт-финалето унгарците уепале да го победат тимот на Шведска со 5–1 со головите на Шаш, Шароши по еден и хет-трик на Женгелер. Во финалето одиграно на стадионот Коломбе во Париз унгарците се сретнале со тимот на Италија меѓутоа загубиле со 4–2. Двата гола за унгарската репрезентација ги постигнале Пал Титкош и Ѓерѓ Шароши.

1950-тите[уреди | уреди извор]

1960-тите[уреди | уреди извор]

1970-тите[уреди | уреди извор]

1980-тите[уреди | уреди извор]

1990-тите[уреди | уреди извор]

2000-тите[уреди | уреди извор]

2010-тите[уреди | уреди извор]