Фудбалска репрезентација на Косово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
 Косово
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Dardanët (Тројанци)
СојузФФК
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторШвајцарија Бернар Шаланде
КапитенСамир Ујкани
Најмногу натпревариСамир Ујкани (25)
Најдобар стрелецАрбер Зенели (7)
ФИФА кодKVX[1]
ФИФА моментално рангирање120 (25 јули 2019)
ФИФА највисоко рангирање120 (јули 2019)[2]
ФИФА најниско рангирање190 (август 2016)[2]
Домашни бои
Гостински бои
резервни бои
Прв меѓународен натпревар
Косово Косово 0 - 0 Хаити Хаити
(Косовска Митровица, Косово; 5 март, 2014)
Најголема победа
Малта Малта 0 - 5 Косово Косово
(Та Кали, Малта; 17 ноември 2018)
Најлош пораз
Косово Косово 0 - 6 Хрватска Хрватска
(Скадар, Албанија; 6 октомври 2016)

Фудбалската репрезентација на Косово го претставува Косово на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Косово.

Членка на ФИФА и на УЕФА е од мај 2016 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Пред прогласувањето на независност[уреди | уреди извор]

Репрезентациите на Југославија, Србија и Црна Гора и Србија на меѓународните натпреварувања често вклучувале играчи од Косово, како што се Фадил Вокри и Стеван Стојановиќ. Три играчи (Милутин Шошкиќ, Фахрудин Јусуфи, Владимир Дурковиќ) биле дел од тимот на Југославија кој освоил златен медал на Летните олимписки игри 1960 и сребрен медал на Европското првенство 1960 година.

Неофицијалната репрезентација на Косово била формирана по распадот на Југославија и тогаш одиграле низа на пријателски натпревари. Повеќето од овие натпревари биле одиграни против клубови, но некои од нив биле играни и против други репрезентации.

Официјално формирање[уреди | уреди извор]

На 6 мај 2008 година, по прогласувањето на независност од Србија, Косово поднело барање за членство во ФИФА. Барањето на Косово било разгледувано на Конгресот на ФИФА во Цирих во октомври 2008 година, кога советот на ФИФА одлучил да го одбие барањето за членство на Косово и со тоа тие повеќе не можеле да играат ниту пријателски натпревари затоа што сметале дека не е во склад со членот 10 од статутот на ФИФА, да само "независна држава призната од страна на меѓународна заедница" може да биде примена во ФИФА. Истата одлука ФИФА ја повторила на 22 мај 2012 година, наведувајќи дека Косово може да игра против другите земји во меѓународните пријателски натпревари според членот 79 на статутот на ФИФА.

Во септември 2012, албанскиот репрезентативец Лорик Цана заедно со швајцарските репрезентативци Џердан Шакири, Гранит Џака и Валон Бехрами (сите тие имаат косовско-албанско потекло) напишал изјава до претседателот на ФИФА Сеп Блатер, барајќи од него да дозволи Косово да игра пријателски натпревари. Изјавата ја потпишале и осум други албански фудбалери, кој се од Косово: Арменд Далку, Мергим Маврај, Самир Ујкани, Албан Меха, Бурим Кукели, Етрит Бериша и Ахмед Јанузи. На состанокот одржан во мај 2012 година, ФИФА одлучила да му дозволи на Косово да игра пријателски натпревари, но потоа ја укинала дозволата поради протестот на Фудбалскиот сојуз на Србија. Некој играчи, посебно косовски Срби (како што се Милош Красиќ и Милан Бишевац), продолжиле да играат за фудбалската репрезентација на Србија. По примањето на изјавата бил планиран да се одржи нов состанок на 27 и 28 септември на кој повторно требало да бидат разгледани барањата на Косово, но подоцна истиот е одложен за декември. Во февруари 2013 година, ФИФА најавила дека ќе му овозможи на Косово да игра против други земји во неформални натпревари, под услов да не се прикажуваат национални симболи.

На 13 јануари 2014 година, фудбалската репрезентација на Косово добила дозвола од ФИФА да може да игра против членките на ФИФА во меѓународни пријателски натпревари, со исклучок на "репрезентациите на земјите од бивша Југославија". После состанокот на Итната комисија на ФИФА, исто така било дозволено и на клупските екипи да играат пријателски натпревари. Меѓутоа, предвидено било клубовите и репрезентативните екипи (Фудбалскиот сојуз на Косово) да не смеат да прикажуваат нбационални симболи (знамиња, грбови итн.) или да пуштаат национални химни. Уште еден чекот напред бил направен по состанокот помеѓу Сеп Блатер и Фудбвалскиот сојуз На Србија. Премиерот на Косово Хашим Тачи ја поздравил одлуката и изразил надеж дека земјата во блиска иднина ќе биде полноправна членка на ФИФА и УЕФА. По одлуката на ФИФА, бил најавен и првиот официјален натпревар на Косово против Хаити на 5 март во Косовска Митровица.

Во март 2015, Мишел Платини, претседателот на УЕФА, изјавил дека најверојатно Косово ќе биде прифатено од УЕФА во 2016 година.

Во септември 2015 на состанокот на Извршниот одбор во Малта, УЕФА го одобрила барањето на федерацијата за прием во УЕФА на следниот редовен конгрес кој требало да се одржи во Будимпешта на 3 мај 2016 година. На редовниот конгрес на 3 мај 2016 година, Косово било прифатено во УЕФА откако членовите гласале со резултат 28-24 во корист на Косово.

На 13 мај 2016 година Косово било прифатено и од ФИФА на 66-тиот конгрес во Мексико со 141 глас за и 23 против. На здружението покрај Косово му се приклучил и Гибралтар како 210-та и 211-та членка на ФИФА.

Првите квалификациски циклуси за СП и ЕП[уреди | уреди извор]

На 9 јуни 2016, репрезентацијата на Косово за прв пат се нашла во ждрепката за квалификации за некое натпреварување. Тие биле извлечени во групата И заедно со репрезентациите на Хрватска, Финска, Исланд, Турција и Украина. Поради сигурносни причини Панелот за итни случаи на УЕФА одлучил Босна и Херцеговина и Србија да не можат да бидат во група со Косово.[3][4] На 5 септември 2016, Косово го направило своето деби во квалификациите за Светско првенство играјќи нерешено 1-1 против Финска, а првиот гол за Косово во квалификациите го постигнал Валон Бериша од пенал во 60-тата минута за израмнување на резултатот.[5] Сепак, тој освоен бод против финците во гости останал единствениот за Косово во нивните први квалификации бидејќи репрезентацијата забележала девет порази во останатите девет натпревари со што завршиле на дното на групата.

Квалификации за Светско првенство 2018

Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Б
1.  Исланд 10 7 1 2 16 7 +9 22
2.  Хрватска 10 6 2 2 15 4 +11 20
3.  Украина 10 5 2 3 13 9 +4 17
4.  Турција 10 4 3 3 14 13 +1 15
5.  Финска 10 2 3 5 9 13 −4 9
6.  Косово 10 0 1 9 3 24 −21 1
  Исланд Хрватска Украина Турција Финска Косово
Исланд  1–0 2–0 2–0 3–2 2–0
Хрватска  2–0 1–0 1–1 1–1 1–0
Украина  1–1 0–2 2–0 1–0 3–0
Турција  0–3 1–0 2–2 2–0 2–0
Финска  1–0 0–1 1–2 2–2 1–1
Косово  1–2 0–6 0–2 1–4 0–1


Во декември 2018, Косово земало учество во својте втори квалификации, први за Европско првенство. Тие биле извлечени во групата А, заедно со репрезентациите на Англија, Чешка, Бугарија и Црна Гора.

Настапи на големите турнири[уреди | уреди извор]

Светско првенство[уреди | уреди извор]

Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
Русија 2018 10 0 1 9 3 24
Катар 2022 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
Вкупно 0/22 0 0 0 0 0 0 10 0 1 9 3 24

Европско првенство[уреди | уреди извор]


Европско првенство Квалификации за Европско првенство
Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ Состави ОН П Н И ДГ ПГ Ref.
19601992 Учествувале во состав на Југославија Учествувале во состав на Југославија
19962004 Учествувале во состав на Србија и Црна Гора Учествувале во состав на Србија и Црна Гора
Швајцарија Австрија 2008 Не учествувале Не учествувале
Полска Украина 2012
Франција 2016
Европска Унија 2020 Учествуваат во квалификациите 0 0 0 0 0 0
В К У П Н О 0/3 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 [6]

Стадиони[уреди | уреди извор]

На 12 јули 2019, било објавено дека Косово ќе гради стадион со капацитет од 30.000 места.[7] [8]

Обновено на 7 септември 2019
Домашни стадиони на Фудбалска репрезентација на Косово
Бр. на
натпревари
Слика Стадион Капацитет Локација Прв натпревар Последен натпревар Ref
8 Pristina City Stadium renovated.jpg Стадион Фадил Вокри 13,500 Приштина, Косово v.  Албанија, 7 септември 2002
(неофицијален)
v.  Чешка, 7 септември 2019 [9]
5 Loro-Borici-Stadion.jpg Стадион Лоро Боричи 16,000 Скадар, Албанија v.  Хрватска, 6 октомври 2016 v.  Украина, 6 октомври 2017 [b][10]
3 Olympisches Stadium "Adem Jashari" Mitrovicë.jpg Стадион Адем Јашари 18,500 Косовска Митровица, Косово v. Хаити Хаити, 5 март 2014 v.  Латвија, 13 неомври 2017 [11]

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Ажурирано: 7 септември 2019.[12]

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Самир Ујкани Captain sports.svg 5 јули 1988 (1988-07-05) (31 г.) 25 0 Италија Торино Торино
12 ГМ Аријанет Муриќ 7 ноември 1998 (1998-11-07) (21 г.) 7 0 Англија Нотингем Форест Нотингем Форест
16 ГМ Висар Бекај 24 мај 1997 (1997-05-24) (22 г.) 1 0 Слободен играч Слободен играч
13 ОД Амир Рахмани 24 февруари 1994 (1994-02-24) (25 г.) 26 4 Италија Верона Верона
15 ОД Мергим Војвода 1 февруари 1995 (1995-02-01) (24 г.) 21 1 Белгија Стандард Стандард
19 ОД Леарт Пакарада 10 август 1994 (1994-08-10) (25 г.) 18 1 Германија Сандхаузен Сандхаузен
3 ОД Фидан Алити 3 октомври 1993 (1993-10-03) (26 г.) 17 0 Шведска Калмар Калмар
2 ОД Флорент Хадерѓонај 31 јули 1994 (1994-07-31) (25 г.) 3 0 Англија Хадерсфилд Хадерсфилд Таун
5 ОД Ибрахим Дрешевиќ 24 јануари 1997 (1997-01-24) (22 г.) 0 0 Холандија Херенвен Херенвен
20 ОД Мирлинд Крјезиу 26 јануари 1997 (1997-01-26) (22 г.) 0 0 Швајцарија Цирих Цирих
7 СР Милот Рашица 28 јуни 1996 (1996-06-28) (23 г.) 24 4 Германија Вердер Бремен Вердер Бремен
8 СР Бесар Халими 12 декември 1994 (1994-12-12) (24 г.) 21 1 Германија Сандхаузен Сандхаузен
9 СР Берсант Целина 9 септември 1996 (1996-09-09) (23 г.) 17 2 Велс Свонзи Сити Свонзи Сити
14 СР Валон Бериша 7 февруари 1993 (1993-02-07) (26 г.) 16 3 Италија Лацио Лацио
23 СР Бернард Бериша 21 октомври 1991 (1991-10-21) (28 г.) 14 0 Русија Ахмат Грозни Ахмат
22 СР Едон Жегрова 31 март 1999 (1999-03-31) (20 г.) 13 2 Швајцарија Базел Базел
4 СР Идриз Воца 15 мај 1997 (1997-05-15) (22 г.) 9 0 Швајцарија Луцерн Луцерн
6 СР Анел Рашкај 19 август 1989 (1989-08-19) (30 г.) 7 0 Шведска АФК Ескилстуна АФК Ескилстуна
10 СР Флорент Муслија 6 јули 1998 (1998-07-06) (21 г.) 1 0 Германија Хановер 96 Хановер 96
11 НП Елба Рашани 9 мај 1993 (1993-05-09) (26 г.) 8 4 Норвешка Одс Одс
18 НП Ведат Муричи 24 април 1994 (1994-04-24) (25 г.) 22 7 Турција Фенербахче Фенербахче
21 НП Атдхе Нухиу 29 јули 1989 (1989-07-29) (30 г.) 14 2 Англија Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј

Статистика на играчите[уреди | уреди извор]

Играчи со најмногу настапи[уреди | уреди извор]

Последна промена 10 септември 2019.[13]

Место Позиција Име Кариера Настапи Голови
1 ОД Рахмани, АмирАмир Рахмани 2014– 26 4
2 ГМ Ујкани, СамирСамир Ујкани 2014– 25 0
3 СР Рашица, МилотМилот Рашица 2016– 24 4
4 НП Муричи, ВедатВедат Муричи 2016– 22 7
5 СР Халими, БесарБесар Халими 2015– 21 1
ОД Војвода, МергимМергим Војвода 2017– 21 1
7 СР Крјезиу, ХекуранХекуран Крјезиу 2015– 19 0
8 СР Зенели, АрберАрбер Зенели 2016– 18 7
ОД Пакарада, ЛеартЛеарт Пакарада 2014– 18 1
10 СР Целина, БерсантБерсант Целина 2014– 17 2
ОД Алити, ФиданФидан Алити 2017– 17 0

Играчи со најмногу постигнати голови[уреди | уреди извор]

Последна промена 10 септември 2019.[14]

Место Позиција Име Кариера Голови Настапи Просек
1 СР Зенели, АрберАрбер Зенели 2016– 7 18 0.39
НП Муричи, ВедатВедат Муричи 2016– 7 20 0.25
3 ОД Рахмани, АмирАмир Рахмани 2014– 4 24 0.17
СР Рашица, МилотМилот Рашица 2016– 4 24 0.17
НП Рашани, ЕлбаЕлба Рашани 2015– 4 7 0.57
6 СР Кололи, БенџаминБенџамин Кололи 2016– 3 12 0.25
НП Бунџаку, АлбертАлберт Бунџаку 2014–2016 3 6 0.5
СР Бериша, ВалонВалон Бериша 2016– 3 16 0.19
9 СР Целина, БерсантБерсант Целина 2014– 2 15 0.13
НП Нухиу, АтдхеАтдхе Нухиу 2017– 2 14 0.14
СР Жегрова, ЕдонЕдон Жегрова 2018– 2 12 0.17
НП Хасани, ШпетимШпетим Хасани 2005–2015 2 7 0.29

Селектори[уреди | уреди извор]

Хронолошки список на сите селектори кои го воделе Косово од 1993 година.

Тренери Од До Скор
Н П Н И Успешност %
Албанија Ајет Шошоли 1993 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000010000001 &0&100000000000000000000000,00
Косово Билбил Соколи 2002 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000010000001 &0&100000000000000000000000,00
Косово Муарем Саити 2005 2006 &100000000000000030000003 &100000000000000020000002 &100000000000000000000000 &100000000000000010000001 &1000000000000666700000066,67
Косово Едмонд Ругова 2006 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 !
ХрватскаКосово Кујтим Шала 2006 2008 &100000000000000010000001 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &10000000000010000000000100,000
ШведскаКосово Алберт Бунџаки 2009 2017 &1000000000000001400000014 &100000000000000030000003 &100000000000000030000003 &100000000000000080000008 &1000000000000214300000021,43
Косово Муарем Саити (привремен) 2017 &100000000000000010000001 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &10000000000010000000000100,000
Швајцарија Бернар Шаланде 2018 денес &1000000000000001300000013 &100000000000000080000008 &100000000000000050000005 &100000000000000000000000 &1000000000000615400000061,54

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dryomin, Mark; Tabeira, Martin; Lozano, Carles; Jeffree, Iain (2 June 2016). „FIFA Country Codes“. rsssf.com. RSSSF. Kosovo (KVX) 
  2. 2,0 2,1 The FIFA/Coca-Cola World Ranking - Associations - Kosovo - Men's“, FIFA (посет. 4 април 2019 г).
  3. „Kosovo and Gibraltar assigned to 2018 FIFA World Cup qualifying groups“. UEFA. 9 June 2016. 
  4. „Kosova në Grupin I për kualifikimet e Botërorit 2018“ [Kosovo in Group I for 2018 World Cup qualifiers] (Albanian). Football Federation of Kosovo. 9 June 2016. 
  5. „Debutim fantastik i Kosovës, baras me Finlandën“ [Fantastic debut of Kosovo, draw with Finland] (Albanian). Bota Sot. 5 September 2016. 
  6. „Kosovo team profile“. UEFA.com. конс. 21. 9. 2016. 
  7. Stadiumi Nacional i Kosoves“.
  8. Prezantohet projekti per stadiumin e ardhshem te Kosoves“.
  9. Stadiumi Fadil Vokrri, Pristina“. „Only matches from 2014 are included“
  10. Loro Boriçi Stadium, Shkodër“.
  11. Stadiumi Olimpik Adem Jashari, Mitrovica“.
  12. „Kosovo (2–1) Czech Republic“. eu-football.info. 7 September 2019. 
  13. „Kosovo international footballers of all-time“. eu-football.info. конс. 10 June 2019. 
  14. „Kosovo national football team goalscorers of all-time“. eu-football.info. конс. 10 June 2019. Only top goalscorers from 2014 are included 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]