Фудбалска репрезентација на Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фудбалска репрезентација на Украина
Прекари(и)Головна команда
Жовто-Сині (Жолто-сини)
СојузУкраински Фудбалски Сојуз (UAF)
Українська Асоціація Футболу
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторАндриј Шевченко[1]
КапитенАндриј Пјатов
Најмногу настапиАнатолиј Тимошчук (144)
Најдобар стрелецАндриј Шевченко (48)
Домашни бои
Гостински бои
Светско првенство
Учества1
Најдобар резултатчетвртфинале (2006)

Фудбалска репрезентација на Украина (украински: Збірна України з футболу) — фудбалска репрезентација на Република Украина, кој е раководен од Украинскиот Фудбалски Сојуз. Најчесто, украинската фудбалска репрезентација своите домашните натревари ги одигрува на Олимпискиот стадион во Киев.

По украинската независност и отцепот на земјата од Советскиот Сојуз, тие го одиграле својот прв натпревар против Унгарија на 29 април 1992 година. Најголем успех на тимот на светската сцена било стигнувањето до четвртфиналето на Светското првенство во 2006 година.

Како нација домаќин, Украина автоматски се квалификувала за УЕФА Евро 2012. Четири години подоцна, Украина се квалификувала за Еуро 2016 преку плеј-оф-рутата, првпат преку квалификацискиот процес, бидејќи тие завршиле на третото место во својата квалификациска група.

Украина се смета за специфичен случај која има успешна младинска фудбалска елита во Европа и светот, но сепак не успева да го донесе истиот успех во сениорска фаза. Екипата до 20 години на Украина е актуелен светски шампион, додека екипата на до 21 години освоила сребрен медал на Европскиот шампион.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. источники, Внешние. „Шевченко - главный тренер сборной Украины“.