Фудбалска репрезентација на Гибралтар
Прекари(и) | Екипа 54[1] | |||
---|---|---|---|---|
Сојуз | Гибралтарска фудбалска асоцијација | |||
Конфедерација | УЕФА (Европа) | |||
Селектор | Хулио Цезар Рибас | |||
Капитен | Рој Чиполина | |||
Најмногу настапи | Лијам Вокер (44) | |||
Најдобар стрелец |
| |||
Домашен стадион | Стадион Викторија | |||
|
Фудбалската репрезентација на Гибралтар го претставува Гибралтар на меѓународните фудбалски натпревари, а е контролирана од Гибралтарската фудбалска асоцијација. Гибралтар се пријавил за полноправно членство во УЕФА и бил прифатен од Конгресот на УЕФА во мај 2013 година и затоа може да се натпреварува на Европското првенство почнувајќи со турнирот во 2016 година кога составот се натпреварувал во квалификациите за Европското првентство 2016 во групата Д. На 13 мај 2016 година Гибралтар станал член на ФИФА на 66-от Конгрес на раководното тело што се одржал во Мексико Сити.[2] Гибралтар е најмалата членка на УЕФА во однос на областа и населението.[3][4]
И покрај тоа што не е остров, Гибралтар го одиграл својот прв службен фудбалски натпревар на Островските игри 1993[5] и бил редовен на турнирот, освојувајќи го изданието во 2007 година.[6]
Историја[уреди | уреди извор]
Пред-УЕФА[уреди | уреди извор]
Првиот неофицијален национален натпревар на Гибралтар бил одигран против Џерси на Островските игри 1993 на Островот Вајт, иако тимот претходно играл пријателски против професионални и аматерски клубови. Резултатот беше пораз од 2:1 на Гибралтарците. Најголемата неофицијална победа на Гибралтар била 19:0 наспроти Сарк, во Сент Мартин, Гернзи, додека нивната најголема неофицијална загуба била 5:0 наспроти Гренланд - автономниот регион на Данска - кој исто така учествувал на островот Вајт, во Фрешвотер.
Основање[уреди | уреди извор]
Историјата на фудбалската репрезентација на Гибралтар може да се проследи уште од април 1923 година, кога отпатувале за Шпанија за да ја играат против клубот Севиља во пријателски натпревар; биле одиграни два натпревари и Гибралтар ги загубил и двата.[5] Составот успеал да изигра нерешено со Реал Мадрид во 1949 година.[7][8]
Островски игри[уреди | уреди извор]
Пред да се приклучи на УЕФА, Гибралтар се натпреварувал на бројни фудбалски натпреварувања, најредовно на Островските игри.
Првото натпреварување во кој учествувала репрезентацијата биле Олимписките игри во 1993 година, и покрај тоа што Гибралтар не е остров. Гибралтар ги загубил сите свои натпревари, постигнувајќи само еден гол и завршувајќи на последното место.
Тие имаа многу поголем успех на Островските игри 1995, на кои биле домаќини. И покрај губењето на воведниот натпревар против Гренланд, Гибралтар победил за да ја запише својата прва натпреварувачка победа, против Островот Ман. Уште една победа над Енглеси, ја забележал Гибралтар во второто место во групата, пред Енглеси само на гол разлика, и се квалификувал во полуфиналето. Таму, тие го совладале Џерси со 1:0, пред да го загубат финалето од Островот Вајт со истиот резултат.
На Островските игрите 1997, две победи и два порази во групната фаза, проследено со пораз од Шетланд во плеј-офот, направило Гибралтар да заврши на 6-то од 9-те екипи. Уште еден лош настап во 1999 година ги ставило да завршат на 11-то место.
Резултатите од островските игри малку се подобриле во 2001 година, како на 5-то место, а во 2003 година Гибралтар ја забележал својата најголема победа досега, совладувајќи го Сарк со 19-0. Другите добри резултати против Гренланд и Оркни ги завршиле на 6. место од 12. И покрај овие мали успеси, Гибралтар не влегол во турнирот во 2005 година .
Фудбалска репрезентација го претставувала Гибралтар во издание од 2015 година дури откако Гибралтар бил прифатен од УЕФА. Сепак, составот била екипа во развој составен од играчи под 19-годишна возраст и постари играчи, без учество во првиот тим на главните членови на репрезентација.[9] Тимот ќе биде тренерски предводен од Џон Морено.
Година | Фаза | Место | ОН | П | Н | З | ДГ | ПГ |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1989 - 1991 | Не учествувал | |||||||
1993 | Натпревар за 7. место | 8 | 4 | 0 | 0 | 4 | 1 | 9 |
1995 | Вицепрваци | 2 | 5 | 4 | 0 | 1 | 5 | 3 |
1997 | Натпревар за 5. место | 6 | 5 | 2 | 0 | 3 | 13 | 8 |
1999 | Натпревар за 11. место | 11 | 4 | 1 | 0 | 3 | 9 | 11 |
2001 | Натпревар за 5. место | 5 | 4 | 3 | 0 | 1 | 7 | 2 |
2003 | Натпревар за 5. место | 6 | 5 | 3 | 0 | 2 | 29 | 5 |
2005 | Не учестувал | |||||||
2007 | Прваци | 1 | 4 | 3 | 1 | 0 | 9 | 2 |
2009 | Натпревар за 9. место | 9 | 4 | 2 | 1 | 1 | 12 | 3 |
2011 | Натпревар за 5. место | 5 | 3 | 2 | 0 | 1 | 14 | 7 |
2013 | Не учествувал | |||||||
2015[nb 1] | Натпревар за 9. место | 10 | 4 | 1 | 1 | 2 | 3 | 6 |
2017 | Не учествувал | |||||||
2019 | Заменет со Меѓу-игрискиот фудбалски турнир 2019 | |||||||
Вкупно | 10/15 | 1 титула | 42 | 21 | 3 | 18 | 102 | 56 |
- * Златна боја во позадина укажува на тоа дека турнирот е освоен. Бојата на црвената граница покажува дека турнирот бил одржуван на домашно тло.
Историја на играчи[уреди | уреди извор]
Белешки[уреди | уреди извор]
- ↑ Развојна екипа од изданието 2015 и понатаму
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Team 54“. Gibraltar Football Association. Архивирано од изворникот на 2014-12-18. Посетено на 14 април 2020.
- ↑ „Gibraltar Voted Into FIFA“. FIFA.com. FIFA. Архивирано од изворникот на 2018-12-12. Посетено на 14 април 2020.
- ↑ Montague, James (22 мај 2013). „Gibraltar Moves Closer to Soccer Independence“. The New York Times. Посетено на 14 април 2020.
- ↑ „Gibraltar given full Uefa membership at London Congress“. BBC Sport. Посетено на 14 април 2020.
- ↑ 5,0 5,1 Stokkermans, Karel. „Gibraltar – List of International Matches“. rsssf.com. RSSSF. Посетено на 14 април 2020.
- ↑ Brown, Colin. „NatWest Island Games XII – Rhodes 2007“. International Island Games Association. Посетено на 14 април 2020.
- ↑ Owen, Graham. „Football in Gibraltar-“. laliganews.tv. La Liga News. Архивирано од изворникот на 24 август 2013. Посетено на 14 април 2020.
- ↑ Kenny, Stuart. „From army games to a draw with Real Madrid: A history of Gibraltar football“. sports.stv.tv. STV. Архивирано од изворникот на 1 март 2014. Посетено на 14 април 2020.
- ↑ „Football: Gibraltar to send youth to Jersey 2015“. Jersey Evening Post. Посетено на 14 април 2020.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Службена страница на фудбалската асоцијација Гибралтар
- Профил на ФИФА Архивирано на 12 декември 2018 г.
- Профил на УЕФА
- Резултати од Островските игри
- Резултати на Светското првенство на ФИФИ
- Резултати од сите времиња на Rec. Спорт. Фондација за статистика на фудбалот
- Гибралтарски состав и играчи
- Неслужбено мрежно место за гибралтарскиот фудбал, футсал и репрезентација