Фудбалска репрезентација на Чешка
![]() | |||
Сојуз | Фудбалска асоцијација на Чешка (FAČR) | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | ![]() | ||
Селектор | ![]() | ||
Капитен | Владимир Дарида | ||
Најмногу настапи | Петр Чех (124) | ||
Најдобар стрелец | Јан Колер (55)[1][2] | ||
ФИФА код | CZE | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 45 (9 април 2020)[3] | ||
Највисок | 2 (септември 1999, јануари-мај 2000, април — мај 2005, јануари-мај 2006) | ||
Најнизок | 47 (март 1994) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
![]() ![]() (Будимпешта, Унгарија; 5 април 1903) како Чешка ![]() ![]() (Истанбул, Турција; 23 февруари 1994)[4][5] | |||
Најголема победа | |||
![]() ![]() (Либерец, Чешка; 4 јуни 2005)[4][5] | |||
Најлош пораз | |||
![]() ![]() (Лондон, Англија; 22 март 2019)[4][5] | |||
Светско првенство | |||
Учества | 9 (првпат во 2006) | ||
Најдобар резултат | Прва фаза 2006 | ||
Европско првенство | |||
Учества | 7 (првпат во 1996) | ||
Најдобар резултат | Вицешампион, 1996 |
Фудбалската репрезентација на Чешка ја претставува Чешка на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Чешка (FAČR). Историски гледано, Репрезентацијата на Чешка учествувала во натпреварувања организирани од ФИФА и УЕФА под разни имиња како Бохемија, Австроунгарија и Чехословачка.
Репрезентацијата е основана во 1901 година, и постоела под претходно споменатите имиња сè до распадот на Чехословачка во 1993 година. Денешната Репрезентација на Чешка е основана во 1993 година, а својот прв официјален натпревар го одиграла на 23 февруари 1994, победувајќи ја Турција со 4-2 во Истанбул. Првото натпреварување на кое се пласирала Чешка било Европското првенство 1996, на кое стигнале до финалето во кое загубиле од Германија. Своето деби на Светските првенства го направиле во 2006 година, каде биле елиминирани уште по групната фаза со една победа и два порази.
Историја
[уреди | уреди извор]Својот прв официјален натпревар Чешка го одиграла на 23 февруари 1994 година против Турција во Истанбул и победила со 4-2.[4] Својот прв натпревар на домашен терен Чешка го одиграла против Литванија во Острава и победила со резултат 5-3.
Првите официјални натпревари репрезентацијата ги забележила во квалификациите за Европското првенство 1996. Во својот прв квалификациски циклус Чешка остварила шест победи, три нерешени исходи и еден пораз. Единстваениот пораз во квалификациите Чешка го доживеала од Луксембург, но на крајот успеала да заврши на првото место во групата пред фаворизираната Холандија. На Европското првенство во Англија, Чешка била во група со Германија, Италија и Русија. Во првиот натпревар на турнирот тие биле поразени од Германија со 2-0. Во вториот натпревар Чешка ја победила Италија со 2-1, со головите на Павел Недвед и Радек Бејбл. Во последниот натпревар од групната фаза и одлучувачки за пласман во четвртфиналето Чешка играла против Русија. На полувремето Чешка водела со 2-0 со головите на Јан Сухопарек и Павел Кука, но во второто полувреме Русија постигнала дури три гола и повела со 2-3, за сепак преку Владимир Шмицер Чешка да стигне до реми кое се испоставило доволно за пласман во четвртфиналето. Во четвртфиналето Чешка се сретнала со Португалија и изборила победа со 1-0 која ја одвела во полуфиналето. Стрелец на единствениот гол во натпреварот бил Карел Поборски на почетокот на второто полувреме. Противник на Чешка во полуфиналето одиграно во Манчестер била Франција. Откако по регуларното време и продолженија немало голови, натпреварот стигнал до изведување на пенали како би се одредил првиот патник во финалето. Откако првите 10 пенали биле прецизно изведени, во шестата серија Рејналд Педрос промашил за Франција (одбранил голманот на Чешка Петр Коуба) по што Мирослав Кадлец бил прецизен и ја одвел Чешка во финалето. Во финалето против Германија, Чешка прва дошла во водство со голот на Патрик Бергер во 59-тата минута од пенал, меѓутоа Германија со двата гола на Оливер Бирхоф, прво во 73-тата минута а потоа и златниот гол во 5-тата минута од првото продолжение дошла до победа и го освоила Европското првенство. Со настапот во финалето Чешка го остварила својот најголем успех до денес во историјата на Европските првенства.
Последни квалификациски циклуси
[уреди | уреди извор]
|
|
|
|
Настапи на турнирите
[уреди | уреди извор]Настапи на Светските првенства
[уреди | уреди извор]Светско првенство | Квалификации за Светско првенство | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Домаќин/Година | Рунда | Поз. | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | |
1930-1994 | Учествувале во состав на Чехословачка | ||||||||||||||
![]() |
Не се квалификувале | 10 | 5 | 1 | 4 | 16 | 6 | ||||||||
![]() ![]() |
12 | 6 | 2 | 4 | 20 | 10 | |||||||||
![]() |
Групна фаза | 20. | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 4 | 14 | 11 | 0 | 3 | 37 | 12 | |
![]() |
Не се квалификувале | 10 | 4 | 4 | 2 | 17 | 6 | ||||||||
![]() |
10 | 4 | 3 | 3 | 13 | 9 | |||||||||
![]() |
10 | 4 | 3 | 3 | 17 | 10 | |||||||||
![]() |
Ќе учествуваат во квалификациите | Ќе учествуваат во квалификациите | |||||||||||||
Вкупно | 1/5 | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 4 | 56 | 30 | 10 | 16 | 103 | 43 |
Настапи на Европските првенства
[уреди | уреди извор]
Европско првенство | Квалификации | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Рунда | Поз. | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | Состави | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | Ref. |
1960–1992 | Учествувале во состав на Чехословачка | Учествувале во состав на Чехословачка | ||||||||||||||
![]() |
Финале | 2. | 6 | 2 | 2 | 2 | 7 | 8 | Состав | 10 | 6 | 3 | 1 | 21 | 6 | [6] |
![]() ![]() |
Групна фаза | 10. | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 3 | Состав | 10 | 10 | 0 | 0 | 26 | 5 | [7] |
![]() |
Полуфинале | 3. | 5 | 4 | 0 | 1 | 10 | 5 | Состав | 8 | 7 | 1 | 0 | 23 | 5 | [8] |
![]() ![]() |
Групна фаза | 11. | 3 | 1 | 0 | 2 | 4 | 6 | Состав | 12 | 9 | 2 | 1 | 27 | 5 | [9] |
![]() ![]() |
Четвртфинале | 6. | 4 | 2 | 0 | 2 | 4 | 6 | Состав | 10 | 6 | 1 | 3 | 15 | 8 | [10] |
![]() |
Групна фаза | 21. | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 5 | Состав | 10 | 7 | 1 | 2 | 19 | 14 | [11] |
![]() |
Се квалификувале | 8 | 5 | 0 | 3 | 13 | 11 | |||||||||
В К У П Н О | 6/6 | 24 | 10 | 3 | 11 | 30 | 33 | 68 | 50 | 8 | 10 | 144 | 54 | [12] |
Настапи на ФИФА Купот на конфедерации
[уреди | уреди извор]ФИФА Куп на конфедерации | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Рунда | Позиција | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | |
![]() |
Не се квалификувале | ||||||||
![]() | |||||||||
![]() |
Трето место | 3-то | 5 | 2 | 1 | 2 | 10 | 7 | |
![]() |
Не се квалификувале | ||||||||
![]() ![]() | |||||||||
![]() | |||||||||
![]() | |||||||||
![]() | |||||||||
![]() | |||||||||
![]() | |||||||||
Вкупно | Трето место | 1/10 | 5 | 2 | 1 | 2 | 10 | 7 |
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален состав
[уреди | уреди извор]Статистика на играчите
[уреди | уреди извор]Играчи со најмногу настапи
[уреди | уреди извор]Последна промена 14 април 2020.
# | Име | Реп. кариера | Настапи | Голови | Позиција |
---|---|---|---|---|---|
1 | Петр Чех | 2002–2016 | 124 | 0 | голман |
2 | Карел Поборски | 1994–2006 | 112 | 5 | среден ред |
3 | Томаш Росицки | 2000–2016 | 105 | 23 | среден ред |
4 | Јарослав Плашил | 2004–2016 | 103 | 7 | среден ред |
5 | Милан Барош | 2001–2012 | 93 | 41 | напаѓач |
6 | Јан Колер | 1999–2009 | 91 | 55 | напаѓач |
Павел Недвед | 1994–2006 | 91 | 18 | среден ред | |
8 | Владимир Шмицер | 1993–2005 | 81 | 27 | среден ред |
9 | Томаш Ујфалуши | 2001–2009 | 78 | 2 | одбрана |
10 | Марек Јанкуловски | 2000–2009 | 77 | 11 | одбрана |
Играчи со најмногу постигнати голови
[уреди | уреди извор]Последна промена 14 април 2020.
# | Име | Реп. кариера | Голови | Настапи | Позиција |
---|---|---|---|---|---|
1 | Јан Колер | 1999–2009 | 55 | 91 | напаѓач |
2 | Милан Барош | 2001–2012 | 41 | 93 | напаѓач |
3 | Владимир Шмицер | 1993–2005 | 27 | 81 | среден ред |
4 | Томаш Росицки | 2000–2016 | 23 | 105 | среден ред |
5 | Павел Кука | 1994–2001 | 22 | 63 | напаѓач |
6 | Патрик Бергер | 1994–2001 | 18 | 44 | среден ред |
Павел Недвед | 1994–2006 | 18 | 91 | среден ред | |
8 | Вратислав Локвенц | 1995–2006 | 14 | 74 | напаѓач |
9 | Томаш Нецид | 2008– | 12 | 42 | напаѓач |
10 | Марек Јанкуловски | 2000–2009 | 11 | 77 | одбрана |
Селектори
[уреди | уреди извор]Душан Ухрин (1994–1997)
Јозеф Чованец (1998–2001)
Карел Брјукнер (2001–2008)
Петр Рада (2008–2009)
Франтишек Страка (2009)
Иван Хашек (2009)
Михал Билек (2009–2013)
Јозеф Пешице (2013)
Павел Врба (2014–2016)
Карел Јаролим (2016–2018)
Јарослав Шилхави (2018–денес)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jan Koller - International Appearances, rsssf.com; пристапено: 14 април 2020.
- ↑ Jan Koller, fotbal.cz Архивирано на 14 април 2020.; пристапено: 14 април 2020.
- ↑ „Ранг-список на ФИФА“. FIFA.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-15. Посетено на 25 јануари 2018.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Czech Republic - List of International Matches, rsssf.com; пристапено: 25 октомври 2014.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Statistiky reprezentace - všechna utkání, fotbal.cz Архивирано на 13 април 2014.; пристапено: 25 октомври 2014.
- ↑ „Квалификации за ЕП 1996“. Посетено на 12 мај 2015.
- ↑ „Квалификации за ЕП 2000“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
- ↑ „Квалификации за ЕП 2004“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
- ↑ „Квалификации за ЕП 2008“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
- ↑ „Квалификации за ЕП 2012“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
- ↑ „Квалификации за ЕП 2016“. UEFA.com. Посетено на 15 октомври 2015.
- ↑ „Czech Republic team profile“. UEFA.com. Посетено на 15 октомври 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Фудбалска репрезентација на Чешка“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на фудбалскиот сојуз на Чешка Архивирано на 22 февруари 2015 г.
- Чешка Архивирано на 17 јули 2018 г. на официјалното мрежно место на ФИФА
- Чешка на официјалното мрежно место на УЕФА
- Czech Republic - List of International Matches, rsssf.com
|