Прејди на содржината

Јан Колер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јан Колер
Лични податоци
Роден на 30 март 1973(1973-03-30)(53 г.)
Роден во Сметанова Лхота, Чехословачка
Држава Чешка Чешка
Висина &100000000000002020000002,02 м
Играчки податоци
Позиција напад
Повлекување 2011 (38 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994–1996 Спарта Прага Спарта Прага 29 (5)
1996–1999 Локерен Локерен 97 (43)
1999–2001 Андерлехт Андерлехт 65 (42)
2001–2006 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 138 (59)
2006–2008 Монако Монако 50 (12)
2008 Нирнберг Нирнберг 14 (2)
2008-2009 Крилја Советов Крилја Советов 46 (16)
2009-2011 Кан Кан 44 (20)
Репрезентација
1995–1996 Чешка Чешка 21 3 (1)
1999–2009 Чешка Чешка 91 (55)

Јан Колер (роден на 30 март 1973 година во Сметанова Лхота) — чешки поранешен фудбалер, напаѓач. Тој бил препознатлив по неговата висина (2,02 м), физичка сила и ударот со глава.

Својата кариера ја започнал во Спарта Прага, а потоа се преселил во Белгија, каде играл за Локерен и Андерлехт. Во 2001 година, се приклучил на Борусија Дортмунд, каде ја освоил титулата во Бундеслигата во својата прва сезона и постигнал 73 гола на 167 натпревари за време на петте сезони поминати во клубот. По заминувањето од Дортмунд, тој играл за Монако, пред да се врати Бундеслигата во дресот на Нирнберг. Во 2008 година Колер потпишал за Крилја Советов, а кариерата ја завршил во Кан во 2011 година.

За чешката репрезентација, Колер одиграл 91 натпревар и постигнал 55 гола. Тој е најдобар стрелец во историјата на чешката репрезентација, која ја претставувал на три Европски првенства во 2000, 2004 и 2008 година како и на Светското првенство 2006.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Колер е роден во Сметанова Лхота, во тогашна Чехословачка. Познат по својата височина (2,02 м) и градба, за време на својата фудбалска кариера тој бил наречен Дино.

Од 2003 година Колер е оженет со моделот, Хедвика Колер, која претходно била во брак со чешкиот фудбалер и играч од средниот ред Павел Хорват.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци и Спарта Прага

[уреди | уреди извор]

Колер започнал да игра фудбал како дете, заедно со неговиот брат, во локалниот аматерски клуб Сметанова Лхота, каде тренер бил неговиот татко, а во 1989 година се преселил во ЗВЗ Милевско. На почетокот од својата кариера Јан играл на позицијата голман[1] која најмногу одговарала на неговата физичка градба, но на осумнаесетгодишна возраст бил преместен на позицијата централен напаѓач, каде докажал дека има динамичност и добри техничко-координативни вештини и покрај гигантската физика.

Во 1994 година, кога имал 21 година, Колер бил ангажиран од славниот чешки клуб Спарта Прага, и тогашен водач во чешкото првенство. Своето деби за Спарта го направил во пролетта 1995 година против Бенешов, влегувајќи од клупата за резерви во последните 20 минути од натпреварот.[2] За време на својата прва сезона како професионалец, тој главно седел на клупата, и успеал да собере само 6 настапи на кој постигнал 1 гол. Следната сезона, играл повеќе за клубот од главниот град на Бохемија, забележувајќи 23 натпревари и 4 гола.

Локерен и Андерлехт

[уреди | уреди извор]

Во 1996 година, Колер потпишал за белгискиот Локерен за надоместок од 102,000 евра.[1] Своето деби во Белгиската лига го направил на 10 август 1996, во поразот со 2-1 на гостувањето кај Мускрон, влегувајќи од клупата за резерви на полувремето. Веќе во својата прва сезона во клубот тој станал редовен стартер, играјќи 31 натпревар во првенството и постигнал 8 гола. Следната сезона тој постигнал 10 гола на 33 натпревари, а својата целосна афирмација ја имал во сезоната 1998-1999 кога постигнал 24 гола на 33 натпревари и бил најдобар стрелец во белгиското првенство.

Одличната сезона во Локерен, му донела трансфер во многу поголемиот и пославен белгиски клуб Андерлехт, во летото 1999 година. Дебитирал за Андерлехт на 8 август 1999, во победата со 3-2 на домашен терен над Мускрон, а својте први голови ги постигнал една недела подоцна во победата со 5-2 над Беверен кога постигнал два гола. Тој оформил одлично партнерство во нападот со канаѓанецот, Томаш Радзински, и тие двајца постигнале 34 (20 Колер и 14 Радзински) од вкупно 86 гола на Андерлехт во лигата. Благодарение на големата ефикасност на својте напаѓачи, Андерлехт ја освоил титулата во белгиското првенство во сезоната 1999-2000, а Колер бил избран за Фудбалер на годината во Белгија. Во истата сезона, тој играл со Андерлехт и во Купот на УЕФА, каде на 4 натпревари постигнал три гола, а Андерлехт бил елиминиран во второто коло од Болоња со вкупен резултат 4-2: 2-1 за Андерлехт во Белгија со два гола на Колер и 3-0 во реваншот за италијанците.

Во сезоната 2000-2001, Колер го направил своето деби во Лигата на шампионите, постигнувајќи хет-трик во победата со 4-2 над кипарскиот Анортозис Фамагуста. Тој, потоа го постигнал и единствениот гол во двомечот против Порто, со кој му обезбедил на својот тим место во групната фаза. Колер постигнал гол и во првиот натпревар од групната фаза, поразот со 5-1 на гостувањето на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед. Сметајќи ги и квалификациите тој постигнал вкупно 7 голови во Лигата на шампионите во сезоната 2000-2001. На домашната сцена пак, Колер му помогнал на Андерлехт да освои уште една титула во лигата постигнувајќи 22 гола, со кој бил втор стрелец во превенството со еден гол помалку од својот партнер во нападот Радзински. По завршувањето на сезоната, тој го напуштил клубот оставајќи зад себе одлични бројки од 64 гола на 102 настапи.

Борусија Дортмунд

[уреди | уреди извор]
Колер со Борусија Дортмунд во 2006 година

Во летото 2001 година, Колер потпишал за Борусија Дортмунд во трансфер кој чинел околу 8 милиони евра.[3] Тој потпишал четиригодишен договор со милионерите во трајност до летото 2005 година.[4] Своето деби за новиот клуб го направил на 11 јули 2001 година, во полуфиналето од Лига купот на Германија против Фрајбург; тој го одиграл целиот натпревар вклучувајќи ги и продолженија и бил еден од тројцата прецизни изведувачи на пенали во завршницата помагајќи му на својот тим да се пласира во финалето. Своето деби во Бундеслигата, го имал на 28 јули, во победата со 2-0 на домашен терен над Нирнберг, притоа асистирајќи му на двојниот стрелец Марсио Аморосо за првиот гол. Својот прв гол во жолтиот дрес го постигнал на 11 август 2001, во третото коло од Бундеслигата 2001-2002, кога Борусија на домашен терен го победила Волфсбург со 4-0. Кон крајот на август, тој постигнал два гола во победата со 3-1 на домашен терен над Шахтар Донецк во квалификациите од Лигата на шампионите, со што германскиот клуб изборил место во групната фаза од натпреварувањето. Во групната фаза, Колер ги одиграл сите 6 натпревари и постигнал два гола против Динамо Киев и Боавишта, но Борусија Дортмунд не успеала да се пласира понатаму завршувајќи на третото место во групата зад Ливерпул и Боавишта, по што европската сезона ја продолжиле во Купот на УЕФА, каде стигнале до финалето во кое биле поразени од Фејенорд со 3-2. Во својата прва сезона во клубот, Колер постигнал 11 првенствени гола, вклучувајќи го и оној во последното коло против Вердер Бремен во победата со 2-1, одлучувачка за освојување на титулата во Бундеслигата.

Тој останал во Борусија Дортмунд до 2006 година, но не освоил ниту еден трофеј повеќе со клубот. Во летото 2005 година, тој одбил да го продолжи договорот со клубот, најавувајќи дека ќе го напушти по завршувањето на сезоната 2005-2006. „Сакам уште една добра сезона со навивачите и да го одјавам моето успешно поглавје во Дортмунд“, изјавил Колер.[5] Сепак неговата последна сезона во клубот на била многу успешна; тој доживеал тешка повреда во септември за време на првенствениот натпревар против Мајнц,[6] поради која пропуштил 7 месеци од сезоната и одиграл само 12 натпревари. Тој се вратил во акција во мај 2006 година, а во својот последен натпревар се збогувал со навивачите на милионерите со два гола во мрежата на најголемиот соперник Бајерн Минхен во натпревар што завршил 3-3.

Колер играјќи за Крилја Советов во 2009 година.

Монако и Нирнберг

[уреди | уреди извор]

Во јуни 2006 година, Колер потпишал двегодишен договор со Монако.[7] Тој одиграл коректна прва сезона во францускиот фудбал, постигнувајќи 8 гола во 35 натпревари во Лига 1 и куповите. Во втората сезона почнал да го губи местото во почетната постава и не мал број натпревари започнал на клупата, по што одлучил да го напушти Монако и да се врати во Бундеслигата со цел да избори место во чешката репрезентација за Европското првенство 2008.

Во јануари 2008, Колер потпишал за Нирнберг за обесштетување од 1 милион евра,[8] придружувајќи им се на својте сонародници Томаш Галасек и Јаромир Блажек. Своето деби за баварскиот клуб го направил на 2 февруари, во натпреварот Карлсруе-Нирнберг 2-0, а својот прв гол го постигнал една недела подоцна во ремито 1-1 на домашен терен против Ханза Росток. На 20 април, со својот втор гол за сезоната тој му донел победа на Нирнберг на домашен терен против Волфсбург (1-0), но не успеал во конечната мисија да го спаси клубот од испаѓање од Бундеслигата по што било јасно дека ќе биде продаден во текот на летото.

Последните години од кариерата

[уреди | уреди извор]

На 23 јуни 2008, на возраст од 35 години, Колер и се приклучил на руската екипа Крилја Советов, која ги откупила неговите права од Нирнберг за 1 милион евра.[9] Таму играл до декември 2009, кога бил ослободен поради финансиските проблеми со кои се соочувал клубот.

На 5 декември 2009, Колер се вратил во Франција, каде потпишал договор со третолигашот Кан до 2011 година.[10] Во август 2011 година, на возраст од 38 години, Колер го објавил своето повлекување од фудбалот како резултат на серија повреди со кои се мачел во последно време.[1]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Во 1995 и 1996 година, Колер играл за младата чешка репрезентација под 21 година, забележувајќи 3 настапи, на кои постигнал 1 гол против Норвешка во квалификациите за Европско првенство за играчи под 21 година 1996.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 9 февруари 1999 година, во пријателски натпревар против Белгија одигран на стадионот Крал Бодуен во Брисел, и токму тој го постигнал единствениот гол во натпреварот во 73-тата минута за победа на Чешка со 1-0. Потоа, тој играл во неколку натпревари од квалификациите за Европското првенство 2000 година, каде бил многу ефикасен постигнувајќи 6 гола со кои и помогнал на Чешка да се квалификува на завршниот турнир во Белгија и Холандија. Почнувајќи од квалификацискиот натпревар против Естонија во Талин на 5 јуни 1999, до победата со 4-1 над Израел на 26 април 2000, Колер имал фантастична серија од 10 натпревари по ред со репрезентацијата на кои бил стрелец. Во јуни 2000, бил повикан од селекторот Јозеф Чованец за Европското првенство 2000; тој ги одиграл сите три натпревари на својата репрезентација на турнирот, на кој чесите биле елиминирани уште во групната фаза.

Во квалификациите за Светското првенство 2002 година, Колер постигнал само два гола на осум натпревари, и двата во победата со 4-0 над Исланд во Теплице. Чешка останала без пласман на првенството, откако во баражот загубиле од Белгија со вкупен резултат 0-2. Затоа пак тој бил многу поефикасен во квалификациите за Европското првенство 2004 година, во кои постигнал 6 гола и помогнал чешката репрезентација да се квалификува за првенството кое се одржало во Португалија. Чешка била во група со Германија, Холандија и Латвија, и остварила три победи и сите после пресврт откако противникот прв постигнувал гол. Колер постигнал еден гол во групната фаза против Холандија, а подоцна додал уште еден во победата со 3-0 над Данска во четвртфиналето. Сепак, силната чешка репрезентација на ова првенство била сопрена во полуфиналето од подоцнежниот шампион Грција, со сребрениот гол на Трајанос Делас на крајот на првото продолжение.

На 8 јуни 2005, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2006 година против Македонија, Колер постигнал 4 гола за само 11 минути во победата со 6-1 во Теплице. Тој постигнал вкупно 9 гола во квалификациите и бил ударна игла во нападот на чесите, носејќи и историски пласман на Чешка на прво Светско првенство како самостојна држава. Во првиот натпревар на Мундијалот во Германија, Колер го постигнал првиот гол за Чешка по само 5 минути игра во убедливата победа со 3-0 над САД во групата Е. За жал, подоцна во истиот натпревар по еден двобој со Огучи Ониеву тој доживеал мала повреда на бутниот мускул, поради која натпреварот против американците бил неговиот единствен на првенството; без него во тимот репрезентацијата ги загубила следните два натпревари против Гана и Италија и биле елиминирани уште по групната фаза.

Колер најавил дека ќе се повлече од репрезентацијата по Европското првенство 2008.[11] Тој ги одиграл сите три натпревари во групата, постигнувајќи еден гол во последниот натпревар од групата против Турција во поразот со 3-2. И покрај најавите дека ќе се повлече, Колер се вратил на кратко во репрезентацијата, за квалификацискиот циклус за Светското првенство 2010, играјќи еден натпревар против Словачка,[12] а потоа и конечено ја завршил својата репрезентативна кариера.

Вкупно за Чешка одиграл 91 натпревар и постигнал 55 гола. До денес, тој е најдобар стрелец во историјата на чешката репрезентација.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Чешка
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-2-1999БриселБелгија Белгија0 – 1Чешка ЧешкаПријателска1
27-3-1999ТеплицеЧешка Чешка2 – 0Литванија ЛитванијаКвал. за Евро 2000-
28-4-1999ВаршаваПолска Полска2 – 1Чешка ЧешкаПријателска-
5-6-1999ТалинЕстонија Естонија0 – 2Чешка ЧешкаКвал. за Евро 20001
9-6-1999ПрагаЧешка Чешка3 – 2Шкотска ШкотскаКвал. за Евро 20001
18-8-1999ТеплицеЧешка Чешка3 – 0Швајцарија ШвајцаријаПријателска1
4-9-1999ВилниусЛитванија Литванија0 – 4Чешка ЧешкаКвал. за Евро 20002
8-9-1999ТеплицеЧешка Чешка3 – 0Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за Евро 20001
9-10-1999ПрагаЧешка Чешка2 – 0Фарски Острови Фарски ОстровиКвал. за Евро 20001
13-11-1999ПрагаЧешка Чешка1 – 1Холандија ХоландијаПријателска1
23-2-2000ДаблинИрска Ирска3 – 2Чешка ЧешкаПријателска2
29-3-2000ПрагаЧешка Чешка3 – 1Австралија АвстралијаПријателска1
26-4-2000ТеплицеЧешка Чешка4 – 1Израел ИзраелПријателска1
3-6-2000БерлинГерманија Германија3 – 2Чешка ЧешкаПријателска-
11-6-2000АмстердамХоландија Холандија1 – 0Чешка ЧешкаЕвро 2000 - Прва фаза-дет.
16-6-2000БрижЧешка Чешка1 – 2Франција ФранцијаЕвро 2000 - Прва фаза-дет.
21-6-2000ЛиежДанска Данска0 – 2Чешка ЧешкаЕвро 2000 - Прва фаза-дет.
16-8-2000ПрагаЧешка Чешка0 – 1Словенија СловенијаПријателска-
2-9-2000СофијаБугарија Бугарија0 – 1Чешка ЧешкаКвал. за СП 2002-
7-10-2000ТеплицеЧешка Чешка4 – 0Исланд ИсландКвал. за СП 20022
11-10-2000Та КалиМалта Малта0 – 0Чешка ЧешкаКвал. за СП 2002-
28-2-2001СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Чешка ЧешкаПријателска-
14-3-2001БелфастСеверна Ирска Северна Ирска0 – 1Чешка ЧешкаКвал. за СП 2002-
28-3-2001ПрагаЧешка Чешка0 – 0Данска ДанскаКвал. за СП 2002-
2-6-2001КопенхагенДанска Данска2 – 1Чешка ЧешкаКвал. за СП 2002-
6-6-2001ТеплицеЧешка Чешка3 – 1Северна Ирска Северна ИрскаКвал. за СП 2002-
15-8-2001ПрагаЧешка Чешка5 – 0Јужна Кореја Јужна КорејаПријателска-
1-9-2001РејкјавикИсланд Исланд3 – 1Чешка ЧешкаКвал. за СП 2002-
12-2-2002БудимпештаУнгарија Унгарија0 – 2Чешка ЧешкаПријателска1
13-2-2002НикозијаКипар Кипар3 – 4Чешка ЧешкаПријателска2
27-3-2002ТеплицеЧешка Чешка0 – 0Велс ВелсПријателска-
17-4-2002ПрагаЧешка Чешка0 – 0Грција ГрцијаПријателска-
18-5-2002ПрагаЧешка Чешка1 – 0Италија ИталијаПријателска-
21-8-2002ОломуцЧешка Чешка4 – 1Словенија СловенијаПријателска2
6-9-2002ПрагаЧешка Чешка5 – 0СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-
12-10-2002КишињевМолдавија Молдавија0 – 2Чешка ЧешкаКвал. за Евро 2004-
16-10-2002ТеплицеЧешка Чешка2 – 0Белорусија БелорусијаКвал. за Евро 2004-
12-2-2003НицаФранција Франција0 – 2Чешка ЧешкаПријателска-
29-3-2003РотердамХоландија Холандија1 – 1Чешка ЧешкаКвал. за Евро 20041
2-4-2003ПрагаЧешка Чешка4 – 0Австрија АвстријаКвал. за Евро 20042
30-4-2003ПрагаЧешка Чешка4 – 0Турција ТурцијаПријателска1
11-6-2003ОломуцЧешка Чешка5 – 0Молдавија МолдавијаКвал. за Евро 20041
6-9-2003МинскБелорусија Белорусија1 – 3Чешка ЧешкаКвал. за Евро 2004-
10-9-2003ПрагаЧешка Чешка3 – 1Холандија ХоландијаКвал. за Евро 20041
11-10-2003ВиенаАвстрија Австрија2 – 3Чешка ЧешкаКвал. за Евро 20041
30-11-2003ПрагаЧешка Чешка5 – 1Канада КанадаПријателска-
18-2-2004ПалермоИталија Италија2 – 2Чешка ЧешкаПријателска-
31-3-2004ДаблинИрска Ирска2 – 1Чешка ЧешкаПријателска-
28-4-2004ТокиоЈапонија Јапонија0 – 1Чешка ЧешкаПријателска-
2-6-2004ПрагаЧешка Чешка3 – 1Бугарија БугаријаПријателска-
6-6-2004ПрагаЧешка Чешка2 – 0Естонија ЕстонијаПријателска-
15-6-2004АвеироЧешка Чешка2 – 1Данска ДанскаЕвро 2004 - Прва фаза-
19-6-2004АвеироХоландија Холандија2 – 3Чешка ЧешкаЕвро 2004 - Прва фаза1
27-6-2004ПортоЧешка Чешка3 – 0Данска ДанскаЕвро 2004 - Четвртфинале1
1-7-2004ПортоГрција Грција1 – 0Чешка ЧешкаЕвро 2004 - Полуфинале-
18-8-2004ПрагаЧешка Чешка0 – 0Грција ГрцијаПријателска-
8-9-2004АмстердамХоландија Холандија2 – 0Чешка ЧешкаКвал. за СП 2006-
9-10-2004ПрагаЧешка Чешка1 – 0Романија РоманијаКвал. за СП 20061
13-10-2004ЕреванЕрменија Ерменија0 – 3Чешка ЧешкаКвал. за СП 20062
17-11-2004SkopjeМакедонија Македонија0 – 2Чешка ЧешкаКвал. за СП 20061
9-2-2005ЦељеСловенија Словенија0 – 3Чешка ЧешкаПријателска1
4-6-2005ЛиберецЧешка Чешка8 – 1Андора АндораКвал. за СП 20061
8-6-2005ТеплицеЧешка Чешка6 – 1Македонија МакедонијаКвал. за СП 20064
17-8-2005ГетеборгШведска Шведска2 – 1Чешка ЧешкаПријателска1
3-9-2005КостанцаРоманија Романија2 – 0Чешка ЧешкаКвал. за СП 2006-
7-9-2005ОломуцЧешка Чешка4 – 1Ерменија ЕрменијаКвал. за СП 2006-
30-5-2006ПрагаЧешка Чешка1 – 0Костарика КостарикаПријателска-
3-6-2006ПрагаЧешка Чешка3 – 0Тринидад и Тобаго Тринидад и ТобагоПријателска2
12-6-2006ГелзенкирхенСАД САД0 – 3Чешка ЧешкаСП 2006 - Прва фаза1
16-8-2006ПрагаЧешка Чешка1 – 3Србија СрбијаПријателска-
2-9-2006ТеплицеЧешка Чешка2 – 1Велс ВелсКвал. за Евро 2008-
6-9-2006БратиславаСловачка Словачка0 – 3Чешка ЧешкаКвал. за Евро 20081
7-10-2006ЛиберецЧешка Чешка7 – 0Сан Марино Сан МариноКвал. за Евро 20082
11-10-2006ДаблинИрска Ирска1 – 1Чешка ЧешкаКвал. за Евро 20081
7-2-2007БриселБелгија Белгија0 – 2Чешка ЧешкаПријателска1
24-3-2007ПрагаЧешка Чешка1 – 2Германија ГерманијаКвал. за Евро 2008-
28-3-2007ЛиберецЧешка Чешка1 – 0Кипар КипарКвал. за Евро 2008-
2-6-2007КардифВелс Велс0 – 0Чешка ЧешкаКвал. за Евро 2008-
22-8-2007ПрагаЧешка Чешка1 – 1Австрија АвстријаПријателска1
8-9-2007СеравалеСан Марино Сан Марино0 – 3Чешка ЧешкаКвал. за Евро 20081
17-10-2007МинхенГерманија Германија0 – 3Чешка ЧешкаКвал. за Евро 2008-
17-11-2007ПрагаЧешка Чешка3 – 1Словачка СловачкаКвал. за Евро 2008-
21-11-2007НикозијаКипар Кипар0 – 2Чешка ЧешкаКвал. за Евро 20081
6-2-2008ТеплицеЧешка Чешка0 – 2Полска ПолскаПријателска-
26-3-2008КопенхагенДанска Данска1 – 1Чешка ЧешкаПријателска1
27-5-2008ПрагаЧешка Чешка2 – 0Литванија ЛитванијаПријателска2
30-5-2008ТеплицеЧешка Чешка3 – 1Шкотска ШкотскаПријателска-
7-6-2008БазелШвајцарија Швајцарија0 – 1Чешка ЧешкаЕвро 2008 - Прва фаза-
11-6-2008ЖеневаЧешка Чешка1 – 3Португалија ПортугалијаЕвро 2008 - Прва фаза-
15-6-2008ЖеневаТурција Турција3 – 2Чешка ЧешкаЕвро 2008 - Прва фаза1
5-9-2009БратиславаСловачка Словачка2 – 2Чешка ЧешкаКвал. за СП 2010-
Вкупно Настапи (6. место) 91[13] Голови (1. место) 55

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 26 април 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1994-1995Чешка Спарта Прага61КЧ00------61
1995-1996234КЧ00КУ71---305
Вкупно Спарта Прага295--71--366
1996-1997Белгија ЛокеренД1318КБ--------318
1997-1998Д13311КБ--------3311
1998-1999Д13324КБ53------3827
Вкупно Локерен974353----10246
1999-2000Белгија АндерлехтД13320КБ10КУ43---3823
2000-2001Д13222КБ30ЛШ16[14]7[15]СБ105229
Вкупно Андерлехт6542402010109052
2001-2002Германија Борусија Дортмунд3311КГ+ЛКГ1+10ЛШ+КУ8[16]+64[17]+2---4917
2002-20033413КГ+ЛКГ1+11+0ЛШ128---4822
2003-20043216КГ+ЛКГ2+31+2ЛШ+КУ2[16]+30---4219
2004-20053015КГ31ИК00---3316
2005-200694КГ11ИК20---125
Вкупно Борусија Дортмунд138591363314--18479
2006-2007Франција МонакоЛ1328КФ+ЛКФ1+20------358
2007-јан. 2008Л1184КФ+ЛКФ0+10------194
Вкупно Монако501230----5312
јан.-јун. 2008Германија Нирнберг142---КУ20---162
2008Русија Крилја СоветовПЛ187---------187
2009ПЛ289КР10------309
Вкупно Крилја Советов461610----4716
дек. 2009-2010Франција КанШН154---------154
2010-2011ШН2916КФ10------3016
Вкупно Кан442010----4520
Вкупно во кариерата469197279622510557231

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

[18]

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
Чешка Чешка
1999109
2000116
200170
200295
200397
2004146
200567
200687
200794
200874
200910
Вкупно9155

Куриозитет

[уреди | уреди извор]

За време на сезоната 2002-2003 во Бундеслигата, во натпреварот помеѓу неговата Борусија Дортмунд и Бајерн Минхен се случила интересна ситуација. Голманот на Борусија во тој натпревар Јенс Леман бил исклучен од игра, а тренерот на тимот веќе ги имал потрошено сите три замени. Така, позицијата голман во 67-мата минута ја заземал Колер, кому ова не му било чудно затоа што на почетокот од кариерата играл токму на таа позиција. Колер кој веќе претходно постигнал гол на тој натпревар, во остатокот од времето бранел многу добро, така што не дозволил да прими ниту еден гол и натпреварот завршил со истиот резултат кој бил на сила и кога тој застанал на голот, 2-1 за Бајерн, иако баварците потоа имале и два играчи повеќе на теренот. Како резултат на својте одлични перформанси на голот на Борусија, спортското списание „Кикер“ го ставило Колер во тимот на колото на позицијата голман.[19]

Чешка Спарта Прага

[уреди | уреди извор]
1994–1995
1995-1996

Белгија Андерлехт

[уреди | уреди извор]
1999-2000, 2000-2001
2000, 2001

Германија Борусија Дортмунд

[уреди | уреди извор]
2001–2002

Поединечни

[уреди | уреди извор]
1999
2000
Најдобар стрелец на белгиското првенство: 1
1998-1999 (24 гола)
  1. 1 2 3 „Czech striker Koller calls it a day“. FourFourTwo. 17 August 2011. Посетено на 17 October 2013.
  2. „Teď už budu hrát jen zadarmo, loučil se fotbalový útočník Koller“. idnes.cz (чешки). 6 September 2011. Посетено на 12 May 2013.
  3. „Koller signs for Dortmund“. The Guardian. 25 мај 2001. Посетено на 25 април 2020.
  4. Koller signs for Dortmund BBC Sport
  5. „Koller set to leave Dortmund“. Times Malta. 1 септември 2005. Посетено на 25 арпил 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Koller facing lengthy layoff“. Eurosport. 24 септември 2005. Посетено на 25 април 2020.
  7. „Monaco sign Czech giant Jan Koller“. ESPN. 5 јуни 2006. Архивирано од изворникот на 2020-07-22. Посетено на 25 април 2020.
  8. „Jan Koller to Nurnberg“. eyefootball.com. 7 јануари 2008. Посетено на 25 април 2020.
  9. „Koller signs contract with Russian club Samara“. SI.com. 23 June 2008. Архивирано од изворникот на 27 June 2008. Посетено на 24 June 2008.
  10. „Koller signs for Cannes“. FIFA. 4 December 2010. Архивирано од изворникот на 2015-02-13. Посетено на 4 December 2010.
  11. „Koller to quit Czechs after Euro finals“. CNN. 8 April 2008. Посетено на 9 June 2008.
  12. „Vracím se do reprezentace, řekl Koller. Hrát chtějí i Jarošík, Jiránek a Kováč“ (чешки). idnes.cz. 19 July 2009. Посетено на 29 December 2012.
  13. Изедначен со Павел Недвед.
  14. 4 настапи во второто и третото квалификациско коло.
  15. 4 гола во второто и третото квалификациско коло.
  16. 1 2 2 настапи во третото квалификациско коло.
  17. 2 гола во третото квалификациско коло.
  18. „Jan Koller – International Appearances“. RSSSF. Посетено на 2 февруариy 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  19. 1. Bundesliga: die Elf des Tags am 12. Spieltag der Saison 2002/03 - kicker online

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]