Олд Трафорд

Координати: 53°27′47″N 2°17′29″W / 53.46306° СГШ; 2.29139° ЗГД / 53.46306; -2.29139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Олд Трафорд
Театар на соништата
Old Trafford after its most recent expansion
Целосно име Олд Трафорд
Место Англија Манчестер
Обединето Кралство
Координати 53°27′47″N 2°17′29″W / 53.46306° СГШ; 2.29139° ЗГД / 53.46306; -2.29139
Започнат 1909
Отворен 19 февруари 1910
Сопственик Манчестер Јунајтед
Оператор Манчестер Јунајтед
Подлога трева
Цена на изградбата 90.000 фунти (1909)
Архитект Арчибалд Леич (1909)
Игра Манчестер Јунајтед
Гледачи 75.811[1]

Олд Трафорд е фудбалски стадион во месноста Олд Трафорд, Грејтер Манчестер, Англија, и е дом на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед . Со сместивост од 74.879, Олд Трафорд е најголемиот клупски фудбалски стадион (и втор по големина фудбалски стадион по Вембли ) во Велика Британија и единаесеттиот по големина во Европа.[2] На само 800 метри од стадионот се наоѓа и „Олд Трафорд“ Крикет теренот и трамвајска станица која се користи за посета на стадионот.

Стадионот е познат и како „Театарот на соништата“ прекар кој стадионот го добил од Боби Чарлтон,[3] Олд Трафорд е дом на Јунајтед од 1910 година, иако во периодот помеѓу 1941 и 1949 година клубот го дели Мејн Роуд со локалниот соперник Манчестер Сити како резултат на оштетување кои Олд Трафорд ги претрпел од бомбадирањата за време на Втората светска војна . „Олд Трафорд“ ќе претрпи неколку експанзии во 90-тите и 2000-тите години, вклучително и додавање дополнителни нивоа на Северните, Западните и Источните трибини, со што стадионот речиси ќе си го врати првичната сместивост од 80.000. Идното планирано проширување веројатно ќе вклучува додавање на уште едно ниво на Јужната трибина, што би ја подигнало сместивоста на околу 88,000 гледачи. Рекордната посетеност на стадионот е забележена во 1939 година, кога 76.962 гледачи го гледале полуфиналето на ФА Купот помеѓу Вулверхемптон Вандерерс и Гримс Таун .

Олд Трафорд бил домаќин на неколку полуфиналиња на ФА Купот, натпревари на репрезентацијата на Англија, натпревари од Светското првенство 1966 и Еуро 96 како и Финалето на Лига на Шампиони 2003 . На Олд Трафорд исто така се играле и натпревари од рагби лигата како и нејзниното годишно Супер лига Финале, а се одиграле и финалињата на две Рагби лига Светски првенства. За време на Летните олимписки игри во 2012 година, на Олд Трафорд се играа фудбласки натпревари, а за првпат во историјата на Олимпијадата тука се одигра и натпревар во женскиот фудбал.

Историја[уреди | уреди извор]

Изградба и раните години[уреди | уреди извор]

Источната трибина на Олд Трафорд во 2011 година, каде е прикажана панорама на стадионот од пред сто години.

Пред 1902 година, Манчестер Јунајтед бил познат под името Њутон Хит, и во оваа време нивните фудбалски натпревари се играле на Норт Роуд, а потоа Банк Стрит во Клејтон. Сепак, обата терени биле со бедни услови, подлогата варирала помеѓу чакал и мочуриште, а додатно на Банк Стрит имало и густи облаци од чад кој доаѓал од соседните фабрики.[4] Ваквата ситуација ќе се промени откако клубот ќе биде спасен од банкрот од страна на новиот претседател Џон Хенри Дејвис. Тој во 1909 година ќе одлучи да го преименува клубот, а со тоа и да го промени домашниот терен. Тој сметал дека теренот не е погоден за тим кој неодамна ја освоил Првата дивизија и ФА Купот, па за таа цел донирал средства за изградба на нов стадион.[5] Познат по тоа што внимателно ги избирал своите инвестиции, Дејвис ја истражил целата околина на Манчестер за да најде соодветно место, пред да се одлучи за парчето земја во непосредна близина на каналот Бриџвотер, веднаш до северниот дел на патот Ворик во Олд Трафорд .[6]

Олд Трафорд бил дизајниран од шкотскиот архитект Арчибалд Леич, кој бил познат по тоа што дизајнирал уште неколку други стадиони. Привичната замисла на Леич била стадионот да биде со сместивост од 100.000 гледачи, од кои за седење била приспособена само јужната трибина, која била и покриена, додека преостанатите три трибини биле замислени како тераси за стоење и без покрив.[7] Вклучувајќи го и купувањето на земјиштето, изградбата на стадионот првично требало да чини 60,000 фунти. Меѓутоа, како напредувала изградбата така растеле и трошоците, па за да се достигне првично предвидената сместивост биле потребни дополнителни 30,000 фунти. Па така по предлог на секретарот на клубот, Џ.Џ Бентли, сместивоста ќе биде намалена на приближно 80,000 гледачи.[8][9] И покрај тоа што клубот се соочувал со вакви финасиски проблеми, сепак во Англија бил сметан за еден од најбогатите. Како за споредба во ова време типичен трансфер за фудбалер изнесувал 1.000 фунти, а огромните трошоци за изградба на стадионот дополнително ќе придонесат за засилување на епитетот на клубот како „милионери“ или „ Moneybags United“. Овој епитет ќе почне да се користи кратко откако Дејвис ќе ја презеде функцијата претседател.[10]

Со цел да ги намали трошоците за изградба, во мај 1908 година, Архибалд Леич ќе му напише писмо на Комитетот за линии во Чешир (CLC) - истиот тој комитет имал железничко складиште во непосредна близина на предложената локација за фудбалскиот терен - а сè со цел и во обид да ги убеди да ја субвенционираат изградбата на трибината која би била сместена покрај железничката линија. Субвенцијата или заемот требало да достигне сума од 10,000 фунти, а да биде исплаќана во рати од 2.000 фунти годишно за пет години или половина од приходите кои трибината ќе ги заработи секоја година додека не се отплати заемот. Сепак, и покрај дадените гаранциите за заемот од страна на самиот клуб и двете локални пиварници, со кои претседавал претседателот на клубот Џон Хенри Дејвис, Комитетот за линии на Чешир го одбил предлогот.[11] CLC планирал на таа локација да изгради нова станица која ќе биде во непосредна близина на новиот стадион. Според нивните пресметки таа станица требало годишно да носи 2.750 фунти со што би се надоместиле трошоците од 9.800 фунти за изградба на станицата. Станицата - Трафорд парк - на крајот ќе биде изградена, но нешто подолу од првично предвидената локација.[6] КЛЦ подоцна ќе изгради уште една скромна станица со една дрвена платформа во непосредна близина на стадионот и таа ќе биде отворена на 21 август 1935 година. Првично ќе биде именувана Јунајтед Фудбал Граунд,[12] но подоцна на почетокот на 1936 ќе биде преименувана во Олд Трафорд Фудбал Граунд. Таа станица била услужувана само на денови на кои се играле натпревари со таканаречени од шатл-служби на парни возови од железничката станица Манчестер Централ .[13] Денеска станицата се вика Манчестер Јунајтед Фудбал Граунд .[14]

Изградбата на стадионот ја добиле фирмите Мессрс Брамелд и Смит од Манчестер [15] а истата била завршена кон крајот на 1909 година. Првиот натпревар на новиот стадион се одиграл на 19 февруари 1910 година, а Јунајтед го дочекал големиот соперник Ливерпул . Првиот натпревар ќе заврши со победа на Ливерпул од 4:3. Натпреварот ќе го одбележи и новинарот кој бил присутен за преносот а стадионот ќе го опише поетски како „најубавата [sic], најпространа и највпечатлива арена што сум ја видел досега. Како фудбалски терен е незаменлив во светот, чест е за градот Манчестер и дом е на тимот кој може да направи чуда кога е расположен “.[16]

Пред да биде изграден стадионот Вембли во 1923 година, финалето на ФА Купот било играно на различни терени низ Англија, меѓу кои и „Олд Трафорд“.[17] Првото од овие финалиња играно на Олд Трафорд било финалето во ФА Купот од 1911 година меѓу Бредфорд Сити и Њукасл Јунајтед, откако првиот натпреват во Кристал Палас завршил нерешено 0:0 по дополнителното време . Бредфорд победил со 1: 0, со голот постигнат од Џими Спирс. Овој на натпревар го следеле 58.000 луѓе.[18] Второто финале кое се играло на Олд Трафорд било во 1915 година помеѓу Шефилд Јунајтед и Челзи . Шефилд Јунајтед го добил натпреварот 3–0 пред скоро 50 000 гледачи, од кои повеќето биле војници, поради што оваа финале ќе го добие прекарот „Финалето на Купот Хаки“.[19] На 27 декември 1920 година, Олд Трафорд ќе биде домаќин на најголемата публика забележана во Англија од 70.504 гледачи во периодот пред Втората светска војна. „Црвените ѓаволи“ загубиле од Астон Вила со 3:1.[20] Олд Трафорд ќе биде домаќин на својот прв меѓународен фудбалски натпревар нешто подоцна таа деценија, кога Англија загубила со 1-0 од Шкотска пред 49.429 гледачи на 17 април 1926 година.[21][22] Необичен е фактот што, рекордната посетеност на „Олд Трафорд“ не е на домашен натпревар на Манчестер Јунајтед., туку, на 25 март 1939 година, 76.962  гледачи го гледале полуфиналето на ФА Купот помеѓу Вулверхемптон Вандерерс и Гримс Таун .[23]

Бомбардирање на Олд Трафорд[уреди | уреди извор]

Во 1936 година, трибината Јунајтед Роад (Трибина Сер Алекс Фергусон) ќе биде реновирана. Реновирањето ќе чини 35.000 фунти и тогаш за првпат на трибината ќе се постави 80 метарски кров.[24] На јужните агли пак кровите биле додадени во 1938 година.[25] По избувнувањето на Втората светска војна, Олд Трафорд ќе биде запоседнат од армијата и користен како воено депо.[26] На стадионот ќе продолжи да се игра фудбал сè до германското бомбардирање на Трафорд Парк кое било извршено на 22 декември 1940 година. Овој напад ќе го оштети стадионот до тој степен што Божиќниот натпревар против Скопорт Сити ќе мора да се игра на гостински терен.Фудбал ќе продолжи да се игра на „Олд Трафорд“ на 8 март 1941 година, но тогаш ќе се случи уште еден германски воздушен напад. На 11 март 1941 ќе биде уништен голем дел од стадионот, особено главната трибина (Јужната Трибина), принудувајќи го клубот да се пресели во Корнбрук Колд Сториџ, кој бил во сопственост на претседателот на Јунајтед Ејмс В. Гибсон. По извршениот притисок од страна на Гибсон, Комисијата за воена оштета му доделила на Манчестер јунајтед 4.800 фунти да ги отстрани остатоците од бомбардирањето и 17,478 фунти за обнова на трибините. За време на реконструкцијата на стадионот, Манчестер Јунајтед ги играл своите „домашни“ натпревари на Мејн Роуд, домот на нивниот градски соперник, Манчестер Сити. За таа цел клубот на Сити му плаќал 5.000 фунти годишно плус процент од продажба на билетите.[27] Поради ваквиот развој на настаните клубот акумулирал долг од 15.000 фунти. За да му помогне на клубот лабуристичкиот пратеник за Стоук, Елис Смит, ја повикал Владата да го зголеми пакетот со компензација на клубот, но ваквото негово барање не вродило со плод. Олд Трафорд повторно ќе биде отворен, во 1949 година, по точно 10 години откако последен пат таму се играло лигашки натпревар.[28] Првиот натпревар по војната на „Олд Трафорд“ се одиграл на 24 август 1949 година, а на него присустувале 41.748 гледачите, кои и се радувале на побета од 3: 0 над Болтон .[29]

Завршување на реконструкцијата[уреди | уреди извор]

Покривот на главната трибина ќе биде обновен до 1951 година и, набргу потоа, ќе бидат покриени и трите преостанати трибини. Во завршната фаза ќе биде поставен кров на Стретфорд енд (сега Запад) во 1959 година.[25] Клубот исто така инвестирал 40.000 фунти со цел стадионот соодветно да се осветли за на него да можат да се играат европски натпревари. Со цел да се избегнат сенки на теренот, биле отсечени два дела од покривот на главната трибина.[24] Првиот натпревар кој се игра под рефлектори на „Олд Трафорд“ бил помеѓу Манчестер Јунајтед и Болтон Вандерерс на 25 март 1957 година.[15]

Проблемот со осветлувањето бил само делумично решен. Како нов проблем се појавиле носните столбови на кровот кои се испречувале пред гледачите. Со цел да се реши овој проблем, а имајќи го предвид Светскиот куп во ФИФА во 1966 година, кој се играл на Олд Трафорд, директорите на Јунајтед решиле целосно да ја редизајнираат северната трибина.

За 350 илјади фунти во 1965 трибината ќе биде проширена за уште 20 000 гледачи. 10 000 ќе бидат места за седење, другите 10 000 за стоење. Столбовите ќе бидат отстранети и ќе се обезбеди непречен поглед кон теренот.

Архитектите на новата трибина Метер и Нутер (сега Атерден Фулер),[15] ја преуредиле така што во предниот дел стои тераса, делот за седење е на задниот дел, и на таа трибнина се направени и првите приватни ложи на еден британски стадион. Источната трибина - единствената дотогаш непокриена трибина - ќе биде развиена во ист стил во 1973 година.[30] Откако привите две трини се реновирани директорите на клубот направиле долгорочна стратегија, стадионот да добие елипсовидна форма.[31] Целта на ваквиот потфат бил да ја амплифицира атмосферата во стадионот која навивачите ја создавале и таа да се фокусира на теренот, каде би се користела како мотиватор за домашните играчи.[32] Во меѓувреме, стадионот бил домаќин на своето третото финале во ФА Купот. На овој натпревар имало 62.078 гледачи кои го следеле финалето од 1970 година помеѓу Челси и Лидс Јунајтед; Челси го добил натпреварот со 2-1. Олд Трафорд бил домаќин и на вториот натпревар од Интерконтиненталниот куп во 1968 година, на кој Еустдијантес де Ла Плата го освоил пехарот по ремито 1:1.[33] Во 1970-тите кога Британија се соочува со драматичен пораст на фудбалскиот хулиганство,[34] имало инцидентот во кој биле фрлани ножеви, поради што во 1971 година клубот бил принуден да ја подигне првата ограда околу теренот со цел да спречи фрлање предмети на теренот.

Во 1973 година е завршен покривот околу обемот на стадионот, а биле додани и 5.500 седишта на Скорборд Енд (трибината каде е прикажан резултатот), а била замената и стариот мануелен семафор со електронски. Во1975 година ќе се започне со експанзија вредна 3 милиони фунти, па на главната трибина ќе бидат изградени „Директорските ложи“. Во оваа фаза погледот од рестораните и апартманите на теренот, бил попречен од кровните столбови. За да се корегира ваквата ситуација крововите на United Road Stand и Scoreboard End, ќе бидат реконструирани во висечки. По ваквата реконструкција, Директорските ложи се прошириле по целата должина на главната трибина, со што се овозможило преместување на клупските канцеларии од југоисточниот агол на главната трибина. Југоисточниот квадрант потоа бил отстранет и заменет во 1985 година со седечки дел, со што вкупна сместивост за седење на стадионот изнесува 25.686 (вкупно 56.385). Во 1987 година новиот покрив ќе биде целосно комплетиран, по што ќе бидат поставени висечки рефлектори за осветлување на теренот.

Премин во стадион за седење[уреди | уреди извор]

Стретфорд Енд пред пред реконструкцијата во раните 90-ти

Со секоја наредна реконструкција по Втората светска војна, сместивоста на стадионот пополека се намалува. Во 1980-тите, сместивоста се спушта од првичните 80.000 на приближно 60.000. Сместивоста ќе биде дополнително намалена во 1990 година, кога Олд Трафорд ќе ги следи препораки на владата содржани во извештајот на Тејлор, во кој се бара сите британски стадиони во првата лига да бидат само за седење . Со ваквиот развој на настаните паѓаат во вода плановите да се обнови Стретфорд Енд и во него да се инвестираа 3 до 5 милиони фунти за доградување уште една тераса и нов покрив.[15]

Ваквата присилна обнова ќе му донесе на клубот загуба од 10 милиони фунти, а дополнително ќе ја намали сместивоста на стадионот на само 44,000 гледачи.[35]

И покрај ваквите загуби, клубот ќе претрпи уште една неправда кога во 1992 ќе му бидат доделени само 1,4 милиони фунти и покрај фактот што му биле ветени минимум 2 милиони милиони со цел да ги спроведе препораките од извештајот на Тејлор.[36]

Обновената Источна трибина која е отворена на почетокот на сезоната 2000–01.

Воскреснувањето на клубот и неговите големи успеси во раните 90-ти ќе придонесат за зголемувањето на популарноста и ќе ја натераат управата да размислува за натомошно надградување на стадионот. Во 1995 година, 30-години старата Северна трибина ќе биде урната и набрзо ќе се започне со изградба на нова,[37] со цел стадионот да биде навремено подготвен да биде домаќин на трите групни натпревари, четвртфинале и полуфинале на Еуро 96 . Во март 1995 година клубот ќе го купи имотот со име Трафорд Парк, со големина од 20 acres (81,000 m2) за 9,2 фунти  милиони. Изградбата ќе започне во јуни 1995 година и ќе биде завршена во мај 1996 година. Новата трибина ќе чини 18,65 милиони фунти, со сместивост од околу 25.500 гледачи, со што сместивоста на целиот стадион се зголемуна на повеќе од 55.000. Кровот на оваа трибина ќе биде најголем во Европа, со должина од 58.5 метарs (192 ст) [38] Зголемувањето на сместивоста ќе продолжи со доградбата на Источната трибина, каде ќе биде додадено второ ниво. Во јануари 2000 година, со отворањето на второ ниво на Вест Стенд, ќе бидат додани уште 7.000 места, со што сместивоста ќе се искачи на 68.217. Со оваа надградба Олд Трафорд не е само најголемиот клупски стадион во Англија, туку станува најголемиот во целото Обединетото Кралство.[39] Олд Трафорд ќе биде домаќин на своето прво големо европско финале три години подоцна, угостувајќи го финалето во Лигата на шампионите во 2003 година помеѓу Милан и Јувентус .[40]

Експанзија во 2006 година[уреди | уреди извор]

Макета на „Олд Трафорд“ на изложба во клупскиот музеј во март 2010 година

Последната експанзија на „Олд Трафорд“, се случува во периодот од јули 2005 година до мај 2006 година. Сместивоста ќе биде зголемена за уште околу 8,000 места. Ќе бидат додадени места како на северозападниот, така и за североисточниот квадрант.[31] Новите проширувања за првпат беа искористени на 26 март 2006 година, кога присуството на 69.070 навивачи на Олд Трафорд стана нов рекорд во Премиер лигата .[41] Рекордот продолжи да биде соборуван пред достигне сегашниот врв на 31 март 2007 година, кога 76.098 гледачи го гледаа натпреварот на кој Јунајтед го совлада Блекбурн Роверс со 4:1, што значи дека само 114 места (0,15% од вкупната сместивост од 76.212) останале празни.[42] Во 2009 година, била воведена нова реорганизацијата на седиштата што резултирало со намалување на сместивоста за 255 места т.е на 75.957, што значи дека рекордот на посетеност нема да биде соборен барем до следното проширување.[43][44]

Олд Трафорд за време на натпревар на Летните олимписки игри во 2012 година

Олд Трафорд прослави 100-години од своето постоење на 19 февруари 2010 година. Во чест на оваа пригода, на официјалното мрежно место на Манчестер Јунајтед 100 дена пред годишницата беа емитувани незаборавни моменти од историјата на стадионот.[45] Од овие 100 моменти, панел кој ги вклучуваше клупскиот статистичар Клиф Батлер, новинарот Дејвид Меик, и поранешните играчи Пат Криран и Вилф МекГинис имаше за задача да ги избере топ 10те. моменти.[46] На самиот стадион беше организиран уметнички натпревар на ученици од локални училишта кои за задача имаа да ги прикажат приказни за стадионот, или во минатото, сегашноста и секако за иднината.[47] Победничките цртежи се постојано изложени на самиот стадион.

Олд Трафорд беше користен за одигрување на неколку натпревари во фудбал за Летните олимписки игри во 2012 година .[48] Стадионот угости пет групни натпревари, едно четвртфинале и полуфинале на машкиот турнир, а исто така и еден групен натпревар и полуфиналето на женскиот турнир,[49] Од 2006 година, Олд Трафорд исто така се користи како место каде се игра Soccer Aid, биенален добротворен натпревар првично организиран од пејачот Роби Вилијамс и глумецот Џонатан Вилкс .

Структура и објекти[уреди | уреди извор]

План за изгледот на Олд Трафорд. Засенчената област ја означува делот наменет за гостински навивачи.

Теренот на Олд Трафорд е опкружен со четири покриени трибини исклучиво за седење, чии официјални имиња се: Сер Алекс Фергусон (Север), Источна трибина, Сер Боби Чарлтон (Југ) и Вест Стенд. Сите трибини имаат по најмалку две нивоа,[50] со исклучок на трибината Сер Боби Чарлтон, која заради градежни ограничувања е само на едно ниво.

Трибна Сер Алекс Фергусон[уреди | уреди извор]

Сер Алекс Фергусон (Северна трибина) гледана од трибината Сер Боби Чарлтон (Јужна трибина)

Трибината Сер Алекс Фергусон, порано се викаше Јунајтед Роад, затоа што се наоѓа на страна каде тој пат поминува. Ова е и најголемата трибина, со 3 нивоа и сместивост од 26,000 гледачи. На неа има и директорски ложи и апартмани.[51] Трибина беше надградена во денешната состојба во 1996, кога од едно ниво беа изградени уште две. Како глава трибина, ја има честа да ги угости и најпопуларните објекти на стадионот, вклучувајќи го и Ред Кафе (тематски ресторан / бар на Манчестер Јунајтед) како и музејот и собата за трофеи на Манчестер Јунајтед. Интересен факт за музејот што кога е изграден во 1986 година претставувал прв од ваков вид во светот.[52] Сè до негово преместување на Северната трибина, во 1998, музејот бил сместен на југоисточниот агол од стадионот. По неговото преместување музејот ќе го отвори Пеле на 11 април 1998 година. Во 1998 година бројот на посетители изнесувал 192,000 , а бројката веќе се искачила на 300.000 посетители во 2009 година.[53][54]

A bronze statue of a man wearing a coat with his arms folded.
Статуа на Сер Алекс Фергусон поставена на „Олд Трафорд“ на 23 ноември 2012 година.

Северната трибина ќе биде преименувана во Сер Алекс Фергусон на 5 ноември 2011 година, со цел да се одбележи 25 години откатко Сер Алекс Фергусон го презеде клубот [55] На 23 ноември 2012, 2,7 метри висока статуа на Фергусон, извајана од Филип Џексон, ќе биде подигната во знак на сеќавање за менаџерот со најдолг стаж во Манчестер Јунајтед.[56]

Трибината Сер Боби Чарлтон[уреди | уреди извор]

Трибина Сер Боби Чарлтон (Јужна трибина) гледана од Северната трибина

Наспроти Северната трибина стои Јужната трибина која денес го носи името на славниот Сер Боби Чарлтон. Иако има само едно ниво, повеќето од директорските ложи се наоѓаат токму на оваа трибина,[57] а исто така ги угостива и сите ВИП личности кои доаѓаат на натпреварите. Новинарите пак се сместени во горниот среден дел на трибината што им овозможува одличен преглед на теренот. Затоа најчесто за време на телевизиските преноси камерите се главно фокусирани на оваа трибина.[25] Телевизиските студија се исто така сместени на оваа трибина, со тоа што клупската телевизија, МУТВ, го користи источното студио а другите телевизии како ББЦ и Скај, го користат западното студио.

Клупите за домашниот и гостинскиот тим се исто сместени на средината од трибината. По барање на Сер Алекс Фергусон, истите се малку подигнати за да му се овозможи на менаџерот подобро да го набљудува теренот и натпреварот. Помеѓу клупите се наоѓа стариот тунел, кој се користеше до 1993. Тој е единствениот дел од стадионот кој уште постои од 1910, од првичниот стадион. Овој тунел дури успеал да ги преживее и германските бомбардирања за време на Втората светска војна.[58] На 6 февруари 2008 година, тунелот беше преименуван во Минхенски тунел, со цел да се одбележи 50-годишнината од авионската несреќа во Минхен во 1958 година.[59] Сегашниот тунел од кој играчите излегуваат на теренот се наоѓа на југозападниот агол од стадионот, а истиот се користи и кога на теренот мора да влезат возила за брза интервенција. Кога за тоа има потреба истиот може да се прошири и до 7,6 метра [60] Тунелот води до соблекувалните, а истиот поминува преку салата за интервјуа. Двете домашни и гостинските соблекувални последен пат беа реновирани за сезоната 2018-19, со тоа што ходникот во кој стојат домашната и гостинската екипа беше проширен со цел да се одвојат двете екипи.[61]

На 3 април 2016 година, „Јужната трибина“ беше преименувана во Трибина Сер Боби Чарлтон. Нејзиното преименување се случи пред почетокот на натпреварот од Премиер лигата против Евертон.[62][63]

Западна трибина[уреди | уреди извор]

Западниот трибина, со својот мозаик од седишта на кои е испишано Стретфорд енд

Најпознатата трибина на „Олд Трафорд“ е Вест Стенд (Западна трибина), попозната како „ Стретфорд Енд“ ..Исто така таа е најбучната трибина на стадионот затоа што тука се сместени ултра навивачите на Јунајтед.[64] Првичниот дизајн на трибината предвивувал сместивост од 20 000 навивачи. Трибината е последната која ќе биде покриена, и сè до деведесеттите години ќе биде трибина претежно за стоење. Трибината ќе биде претворена во трибина за седење пред сезоната 1992–93, од страна на архитектот Алфред МекАлпин .[65] Кога второто ниво беше изградено на Stretford End во 2000 година, многу ултра навивачите од стариот „К Stand“ се преселија таму. Со нив тие ги преместија и транспарентите и знамињата кои претходно беа симбол на стадионот. На трибина исто така стои и статуа од Денис Ло кој од навивачите го доби прекарот „Кралот на Стретфорд Енд“.[66]

Источна Трибина[уреди | уреди извор]

Плакета на „Олд Трафорд“ во чест на жртвите од авионската несреќа во Минхен
Источната трибина гледана од север

Источната трибина често се нарекува „Скорборд Енд“, бидејќи на неа се наоѓа и семафорот за резултати. Источната трибина има сместивост од 12 000,[31] тука се сместени и гостинските навивачи. На оваа трибина се наоѓа и популнарниот К Стенд каде порано беа сместени најгласните навивачи на Јунајтед.[67]

Знаменитоста на источната трибина е стаклена фасада. Во неа се наоѓа и административниот центар на клубот. Овие канцеларии се дом на новинарите од Inside United, официјалното списание на Манчестер Јунајтед, луѓето кои работат на официјалното мрежно место на клубот и сите други административни оддели. Трибината е често претставена на рекламните материјали и производи заради својот иконски изглед кој доаѓа од меморијалот на Базби Бејбс подигнат во февруари 2008 година со цел да се одбележат 50 години од авионската несреќа во Минхен. Над мегасторот на стадионот поставена е статуа на Сер Мет Базби, кој беше менаџер со најдолг стаж сè до Сер Алекс Фергусон во 2010 година. Трибината е домаќин и на Минхенскиот часовник кој е скаменет на точниот час и минута од несреќата во Минхен.[15] На 29.05.2008 година, со цел да се одбележи 40-годишнината од првата титула на Европски Шампион, беше поставена статуа на „ светото тројство “ т.е Џорџ Бест, Денис Ло и Боби Чарлтон. Таа стои директно спроти статуата на Сер Мет Базби [68][69]

A bronze statue of a bald man wearing a suit. His right hand is on his right hip and he is holding a football to his left hip.
Статуата на Сер Мет Базби со поглед на предниот дел на Источниот штанд

Мега продавницата на Јунајтед, има шест различни локации од своето отворање па до денес. Како растела побарувачката и стадионот се ширел, така и таа била преместувана. Денес се наоѓа во источната трибина и зафаќа површина од 1600 м2.[70]

Теренот на стадионот[уреди | уреди извор]

„ Светото тројство “ на Манчестер Јунајтед на Бест, Ло и Чарлтон

Теренот на стадионот е долг 105 метра а широк 68 метра. Од страните на теренот оставени се уште неколку метри по што почнуваат реклманите паноа. Центарот на теренот е околу 22 сантиметри повисок од рабовите, со цел теренот на има подобра дренажа и водата да истечува надвор. Како и во многу други модерни терени, 10 инчи (25 cм) под теренот е поставен подземен систем за греење. Системот е составен од 23 милјаs (37 kм) пластични цевки.[71] Имено Сер Алекс Фергусон е познат по тоа што често бараше тревата на теренот да биде презасадена во текот на сезоната.[72][73], тоа се случи и за време на полусезоната во 1998–99, кога Јунајтед ја освои славната тројна титула. Тревата на теренот се коси трипати неделно помеѓу април и ноември, и еднаш неделно од ноември до март.

Саат-кулата Хублот на паркингот Е1

Во средината на осумдесеттите години на минатиот век, Јунајтед исто така поседувал кошаркашка франшиза. Планот бил тимот под името Манчестер Џајантс, да добие и своја затворена сала со 9000 седишта на местото каде сега се наоѓа „Паркинг Е1“. За жал, претседателот на клубот во тоа, Мартин Едвардс, немал доволно средства да го оствари овој план па фрашизата била продадена .[74] Во август 2009 година, паркингот стана дом на саат-кулата Хублот, која е висока 10 метри и на својот врв има часовник од 2 метри, што претставува и најголемиот часовник кој компанијата некогаш го направила.

На источната страна на стадионот се наоѓа Хотел Фудбал, хотел кој е замислен како обожавателски клуб и му припаѓа на поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил [75]

Планови за иднината[уреди | уреди извор]

Во 2009 година, беше објавено дека клубот планира да ја надгради јужната трибина која останува единствената која е на само едно ниво. Со ваквите планови и зголемување на трибината, Олд Трафорд би имал капацитед од 95 000 со што би станал поголем и од стадионот Вембли (90,000).[76] Доколку дојде до зголемување на трибина се очекува дека трошоците ќе бидат околу 100 милиони фунти, затоа што ќе мора да се дислоцира цела една железничка линија која сега минува во близина на стадионот.[31] Од клубот тврдат дека тоа нема да ги спречи плановите затоа што „Постои стратешки план за стадионот   . . . Нашата намера е да не застанеме “.[77] Меѓутоа, проблем кој би можел да се пјави е намалувањето на светлината од рефлекторите - како што е случај на Вембли, „ Сантјаго Бернабеу“ и на Сан Сиро ;[78]

Во 2018 година беше објавено дека плановите во моментов се во мирување заради логистичките проблеми. Проблемот е што дел од најважните места во стадионот се сместени токму во источната трибина. Тоа би значело дека клубот би морал да го напушти Олд Трафорд додека трае обновата на трибината, а засега не постојат соодветни стадиони каде тимот би можел да се пресели додека трае обновата.[79]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Manchester United“. premierleague.com. Premier League. Архивирано од изворникот на 2015-02-21. Посетено на 30 November 2011.
  2. „Manchester Sightseeing Bus Tours“. Архивирано од изворникот на 16 July 2015. Посетено на 15 July 2015.
  3. Barnes et al., p. 45
  4. Murphy, p. 14
  5. Murphy, p. 27
  6. 6,0 6,1 McCartney (1996), p. 9
  7. Inglis, pp. 234–235
  8. White, p. 50
  9. McCartney (1996), p. 13
  10. Inglis, p. 234
  11. McCartney (1996), p. 10
  12. Butt (1995), p. 247
  13. Butt, p. 178
  14. „Manchester Utd Football Gd (MUF)“. National Rail. Архивирано од изворникот на 27 July 2011. Посетено на 15 July 2011.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 Barnes et al., pp. 44–47, 52
  16. White (2008), p. 50
  17. „FA Cup Final Venues“. TheFA.com. The Football Association. Посетено на 11 September 2016.
  18. „1911 FA Cup Final“. fa-cupfinals.co.uk. Архивирано од изворникот на 18 December 2008. Посетено на 4 September 2008.
  19. „1915 FA Cup Final“. fa-cupfinals.co.uk. Архивирано од изворникот на 11 March 2007. Посетено на 4 September 2008.
  20. Murphy, p. 31
  21. McCartney (1996), p. 17
  22. „The OT Story: 1910–1930“. ManUtd.com. Manchester United. 18 January 2010. Архивирано од изворникот на 13 October 2012. Посетено на 15 July 2011.
  23. Rollin and Rollin, p. 254–255
  24. 24,0 24,1 Inglis, p. 235
  25. 25,0 25,1 25,2 Brandon, pp. 179–180
  26. McCartney (1996), p. 20
  27. Murphy, p. 45
  28. Philip, Robert (1 February 2008). „How Matt Busby arrived at Manchester United“. The Daily Telegraph. London: Telegraph Media Group. Архивирано од изворникот на 15 October 2008. Посетено на 21 August 2008.
  29. White (2008), p. 224
  30. Inglis, p. 237
  31. 31,0 31,1 31,2 31,3 „Old Trafford 1909–2006“. manutdzone.com. Архивирано од изворникот на 17 February 2008. Посетено на 11 December 2011.
  32. Hibbs, Ben (15 August 2006). „OT atmosphere excites Ole“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 2 October 2012. Посетено на 26 January 2011.
  33. Macchiavello, Martin (18 December 2009). „Nostalgia Alá vista“ (шпански). Olé. Архивирано од изворникот на 2 March 2012. Посетено на 18 July 2010.
  34. Pearson, Geoff (December 2007). „University of Liverpool FIG Factsheet – Hooliganism“. Football Industry Group. University of Liverpool. Архивирано од изворникот на 13 September 2008. Посетено на 4 September 2008.
  35. Inglis, p. 238
  36. Inglis, pp. 238–239
  37. James, pp. 405–6
  38. Inglis, p. 239
  39. „Old Trafford“. waterscape.com. Посетено на 21 August 2008.
  40. UEFA Champions League Statistics Handbook 2012/13. Nyon: Union of European Football Associations. 2012. стр. 154.
  41. „Man Utd 3–0 Birmingham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 26 March 2006. Архивирано од изворникот на 20 November 2006. Посетено на 29 January 2011.
  42. Coppack, Nick (31 March 2007). „Report: United 4 Blackburn 1“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 16 December 2011. Посетено на 26 January 2011.
  43. Morgan, Steve (March 2010). McLeish, Ian (уред.). „Design for life“. Inside United. Haymarket Network (212): 44–48. ISSN 1749-6497.
  44. Bartram, Steve (19 November 2009). „OT100 #9: Record gate“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 16 December 2011. Посетено на 19 November 2011.
  45. Bostock, Adam (25 January 2010). „My Old Trafford“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 2 October 2012. Посетено на 26 January 2011.
  46. Bartram, Steve (19 February 2010). „OT100: The Top 10 revealed“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 2 October 2012. Посетено на 26 January 2011.
  47. Nichols, Matt (14 January 2010). „OT art competition“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 3 October 2012. Посетено на 26 January 2011.
  48. „Old Trafford“. London2012.com. London 2012. Архивирано од изворникот на 3 January 2013. Посетено на 2 August 2012.
  49. „Football – event schedule“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 30 March 2012. Архивирано од изворникот на 22 April 2014. Посетено на 28 July 2012.
  50. „Seating Plan“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 28 December 2010. Посетено на 26 January 2011.
  51. „Executive Club“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 14 August 2011. Посетено на 1 August 2011.
  52. Inglis, p. 240
  53. „Virtual Tour – The Museum“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 25 January 2011. Посетено на 26 January 2011.
  54. Bartram, Steve (14 January 2010). „OT100 #66: Pele's visit“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 3 October 2012. Посетено на 26 January 2011.
  55. „Man Utd rename Old Trafford stand in Ferguson's honour“. BBC News. British Broadcasting Corporation. 5 November 2011. Посетено на 5 November 2011.
  56. „Sir Alex Ferguson pride as Manchester United unveil statue“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 23 November 2012. Архивирано од изворникот на 24 November 2012. Посетено на 23 November 2012.
  57. „The Suites“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 3 February 2011. Посетено на 26 January 2011.
  58. „Virtual Tour – Dugout“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 10 December 2010. Посетено на 7 February 2008.
  59. „Football honours Munich victims“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 6 February 2008. Архивирано од изворникот на 8 February 2008. Посетено на 7 February 2008.
  60. „Virtual Tour – Player's Tunnel“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 10 December 2010. Посетено на 7 February 2008.
  61. Wallace, Sam (2018-08-28). „Old Trafford dressing-room layout changed to avoid repeat of Manchester derby tunnel fracas“. The Telegraph (англиски). ISSN 0307-1235. Посетено на 2018-08-28.
  62. „Sir Bobby Charlton stand unveiled at Old Trafford“. BBC News. 3 April 2016. Архивирано од изворникот на 4 April 2016. Посетено на 3 April 2016.
  63. „South Stand at Old Trafford to be renamed after Sir Bobby Charlton“. ManUtd.com. Manchester United. 15 February 2016. Архивирано од изворникот на 22 March 2016. Посетено на 3 April 2016.
  64. Moore, Glenn (19 November 1996). „Football: You only sing when you're standing“. London: Independent, The. Архивирано од изворникот на 11 November 2012. Посетено на 22 August 2008.
  65. „Alfred McAlpine wins £7.2m contract to redevelop Stretford End at Manchester United FC's stadium“. The Construction News. 28 May 1992. Архивирано од изворникот на 18 December 2008. Посетено на 21 August 2008.
  66. „Denis Law“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 28 December 2010. Посетено на 29 January 2011.
  67. Moore, Glenn (19 November 1996). „Football: You only sing when you're standing“. The Independent. London: Independent Print. Архивирано од изворникот на 11 November 2012. Посетено на 8 February 2008.
  68. Hibbs, Ben (29 May 2008). „United Trinity honoured“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 26 January 2011.
  69. „Man Utd 'trinity' statue unveiled“. BBC News. British Broadcasting Corporation. 29 May 2008. Архивирано од изворникот на 18 December 2008. Посетено на 30 May 2008.
  70. Keegan, Mike (23 July 2015). „Manchester United will rake in £750m from the new adidas deal... so here, Sportmail looks at what went on behind the scenes as their 13-year relationship with Nike ended“. Mail Online. Associated Newspapers. Архивирано од изворникот на 1 August 2015. Посетено на 6 August 2015.
  71. White (2007), p. 17
  72. Nixon, Alan (30 January 2001). „Football: FA charges Neville as United tear up pitch“. The Independent. London.
  73. „Fergie wants 'awful' Old Trafford pitch dug and relaid in time for Manchester derby“. Daily Mail. Associated Newspapers. 30 January 2008. Посетено на 6 February 2008.
  74. Mitten, p. 122
  75. Thompson, Gemma (17 May 2011). „Neville launches fans' HQ“. ManUtd.com. Manchester United. Архивирано од изворникот на 12 July 2011. Посетено на 11 July 2011.
  76. „Manchester United set to make Old Trafford bigger than Wembley“. The Daily Telegraph. London: Telegraph Media Group. 5 May 2009. Архивирано од изворникот на 9 May 2009. Посетено на 5 May 2009.
  77. „Watch out Wembley: Manchester United chiefs plan to dwarf National Stadium with 95,000 expansion of Old Trafford“. Daily Mail. Associated Newspapers. 5 May 2009. Архивирано од изворникот на 30 July 2012. Посетено на 5 May 2009.
  78. „Fergie wants 'awful' Old Trafford pitch dug and relaid in time for Manchester derby“. Daily Mail. Associated Newspapers. 30 January 2008. Архивирано од изворникот на 23 July 2012. Посетено на 17 May 2009.
  79. Stone, Simon (12 April 2018). „Man Utd: Sir Bobby Charlton Stand work at Old Trafford not imminent“. BBC Sport. BBC. Посетено на 25 October 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]