Боби Чарлтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сер Роберт „Боби“ Чарлтон (англиски Sir Robert "Bobby" Charlton)е поранешен англиски фубалер, сметан за еден од најдобрите игарачи за врска на сите времиња и најдобар англиски фудбалер на сите времиња. Тој беше еден од клучните членови на англиската репрезентација која го освои Светското првентво во 1966, а истата година ја доби и наградата за најдобар европски фудбалер. Најголемиот дел од клубската кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, кадешто стана препознатлив по неговите напаѓачки инстинкти, одличните додавања и страшниот шут од далечина. Тој е познат и по неговите кондиција и идржливост, поради кои доминираше на теренот.

Роден во Ешингтон, Нортамберленд, Чарлтон дебитираше за првиот тим на Манчестер Јунајтед во 1956 година, а во следните две сезони заслужи постојан првотимски статус. За тоа време, тој ја преживеа минхенската авионска несреќа во 1958 година откако беше спасен од голманот Хари Грег. Откако му помогна на Јунајтед да ја освои титулата во Првата англиска лига во 1965 година, го освои и Светското првенство со Англија во 1966 година и уште една титула во Првата англиска лига наредната година. Во 1968 година, тој беше капитен на Манчестер Јунајтед кој го освои Европскиот куп, постигнувајќи два гола во финалето за да му помогне на својот тим да стане првиот англиски тим кој победил во ова натпреварување. Има постигнато повеќе голови за Англија и Манчестер Јунајтед од било кој друг играч. Чарлтон го држеше рекордот за највеќе настапи во дресот на Манчестер Јунајтед, но беше поминат од Рајан Гигс на 21 мај 2008 година (финалето во Лигата на шампионите). Чарлтон, исто така, го држеше и рекордот за највеќе настапи во лигата (606) додека не беше поминат од Гигс на 11 март 2011 година.

Во јануари 2011 година, Боби Чарлтон беше игласан за четвртиот најдобар играч на Манчестер Јунајтед на сите времиња од читателите на Инсајд Јунајтед и ManUtd.com, зад Рајан Гигс, Ерик Кантона и Џорџ Бест.

Во времето кога се пензионираше од националната репрезентација во 1970 година, тој беше играчот со највеќе настапи за репрезентацијата, настапувајќи на 106 натрпевари од највисоко ниво. Тој рекорд беше надминат од Боби Мор, Питер Шилтон, а потоа и од Дејвид Бекам.

Боби Чарлтон го напушти Манчестер Јунајтед за да стане менаџер на Престон Норт Енд во сезоната 1973/1974. Во следната сезона се префрли во играч-менаџер, но во почетокот на сезоната 1975/1976 ја остави таа функција бидејќи неговото разбирање за играта било оскудно. Потоа работеше на функцијата раководител на Виган Атлетик, додека да се префрли во одборот на директори во Манчестер Јунајтед во 1984 година и остана како таков се до јуни 2011 година. Тој ги постави рекордите во голови во англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед и и двата рекорда сѐ уште се недопрени 35 години по крајот на неговата играчка кариера. Во 1994 година, Чарлтон ја доби титулата „Сер“ од кралицата на Англија.

Сер Боби Чарлтон е член на Laureus World Sports Academy.

Потекло[уреди | уреди извор]

Боби Чарлтон бил во сродство со неколку професионални фудбалери од страната на мајка му. Негови чичковци биле Џек Милбам (Лидс Јунајтед и Бредфорд Сити), Џорџ Милбам (Лидс Јунајтед и Честерфилд), Џим Милбам (Лидс Јунајтед и Бредфорд Сити), Стен Милбам (Честерфилд, Леичестер Сити и Рокдејл), а легендарниот играч на Њукасл Јунајтед и англиската репрезентација, Џеки Милбам, бил братучед на мајка му. Сепак, Чарлтон го должи раното развивање на неговата кариера на дедо му Танер и мајка му Сиси. Неговиот постар брат Џек работел во полицијата, пред да стане професионален играч за Лидс Јунајтед.

На 9 фебруари 1953, Чарлтон, ученик во Граматичкото училиште Бедлингтон, бил забележан како игра за училиштата од Источен Нортамберленд од страна на главниот скаут на Манчестер Јунајтед, Џо Армстронг. Чарлтон играл за Англиските ученици и, и покрај понудите од други клубови, 15-годишникот потпишал за Јунајтед на 1 јануари 1953, заедно со Вилф Мекгинис, кој исто така имал 15 години.На почетокот, мајка му не била подготвена да му дозволи да се посвети на неизвесна фудбалска кариера, па тој почнал да чиракува како електро-инженер; сепак, станал професионален фудбалер во октомври 1954 одина.

Чарлтон стана еден од познатите Базбиеви Бебиња, збирот на талентирани млади фудбалери кои потекнаа од фудбалката школа на Олд Трафорд во 40-тите, 50-тите и 60-тите години од минатиот век, во планот на Мет Базби да го обнови клубот по Втората светска војна. Боби често постигнувал голови во натпреварите на младинскиот и резервниот тим, пред дебито за првиот тим против Чарлтон Атлетик во октомври 1956 година. Во исто време, тој служел војска во Кралските артилерсиски сили во Шревсбери, по препорака на Базби за да може да игра за Јунајтед за време на викендите. Во исто време, неговиот соиграч Данкан Едвардс служел војска на истото место.

Почеток на кариерата[уреди | уреди извор]

Чарлтон настапил 14 пати за Манчестер Јунајтед во првата сезона, постигнувајќи два гола на дебито од вкупно 12 гола во сите натпревари, вклучувајќи и хет-трик во победата од 5-1 против Чарлтон Атлетик во фебруари. Јунајтед ја освоил Првата англсика лига, но не успеал да ја освои првата „двојна круна“ кога контроверзно загубиле во финалето на ФА купот во 1957 година, против Астон Вила. Чарлтон, иако имал само 19 години, бил избран за мечот, на кој голманот Реј Вуд бил изнесен од игра поради скшрена јаболчница по сударот со напаѓачот на Вила, Питер Мекперланд. Иако Чарлтон бил еден од кандидатите да застане меѓу стативите (во времето кога немало замени), неговиот соиграч Џеки Бленчфлаур го заменил Вуд.

Чарлтон веќе бил докажан играч во следната сезона во која Јунајтед, како шампион, станал првиот англиски тим кој се натпреварувал во Европскиот куп. Предходно, Фудбалскиот сојуз на Англија забранил учество во натпреварувањето, но Јунајтед сепак напредувал и стигнал до полу-финалето кадешто загубил од Реал Мадрид. Нивната репутција се зголемила следната сезона во која стигнале во четвртина-финалето против Црвена Ѕвезда од Белград. Во првиот натпревар, Јунајтед победил со 2-1. На реваншто во Југославија, Чарлтон погодил два пати за водство на Јунајтед од 3-0, но домаќините успеале да се вратат и да израмнат на 3-3. Сепак, со вкупен резултат од 5-4, Манчестер Јунајтед продолжил кон полу-финалето и играчите во весело расположение заминале да се качат на авион кон дома, мислејќи на неделното дерби со Вулверхемптон Вондерерс.

Минхенската авионска несреќа[уреди | уреди извор]

Авионот кој ги пренесувал играчите на Манчестер Јунајтед и персоналот од аеродромот Земун требал да застане во Минхен за да наполни гориво. Тоа се случувало при лоши временски услови и додека го наполниле авионот и ги повикале патниците да се вратат на авионот, почнал да паѓа снег кој ја прекрил пистата и земјата околу аеродрмот. Првите два обида за полетување биле неусшени и поради тоа се создала загриженост меѓу патниците. За да се поправи мала техничка грешка, стјуардесата им кажала на патниците повторно да се симнат од авионот.

По само 10 минути на аеродромскиот терминал, играчите добиле повик повторно да се вратат на авионот, па некои патници почнале да се чувствуваат нервозно. Чарлтон и неговиот соиграч Денис Вајолет ги замениле местата со Томи Тејлор и Дејвид Пег, кои мислеле дека ќе бидат побезбедни во задниот дел на авионот.

Во следниот обид за полетување, авионот ја закачил оградата на крајот на пистата, а со крилото удрил во една блиска куќа, при што се запалил. Крилото и дел од опашката на авионот се откачиле и удриле во дрво и дрвена колиба,а другиот дел од авионот се вртел по снегот сѐ додека не застанал.

Чарлтон, врзан за седиштето, испаднал од кабината и кога голманот на Јунајтед, Хари Грег (кој некако излегол од дупка на авионот неповреден и започнал мисија за спасување), го нашол, мислел дека е мртов. Ги грабнал Чарлтон и Вајолет за панталоните и ги одвлечкал подалеку од авионот, со постојан страв дека ќе експлодира. Грег се вратил во авионот да им помогне на повредените Базби и Бенчфлауер и кога се свртел, ми олеснало кога видел дека Чарлтон и Вајолет успеале да се одврзат од седиштата и гледале кон остатоците од авионот.

Чарлтон, кој имал неколку посекотини на главата и страдал од сериозен шок, поминал една недела во болница. Седуммина од неговите соиграчи загинале на самото место, вклучувајќи ги Тејлор и Пег, со кои ги смениле местата пред фаталната несреќа. И капитенот Роџер Бурн загинал, заедно со Марк Џонс, Били Вилан, Еди Колмен и Џоф Бент. Данкан Едвардс умрел 15 дена подоцна од повредите со кои се здобил. Вкупно, 23 души ги загубиле своите животи во авионската несреќа. На почетокот, како причина за несреќата биле сметани замрзнатите крила, но подоцна истражувачите објавиле дека лапавицата на пистата оневозможила безбедно полетување.

Чарлтон бил првиот преживеан кој заминал од болницата, а Хари Грег и Бил Фолкс не биле хоспитализирани бидејќи не биле повредени. Тој се вратил во Англија на 14 февруари 1958 година, осум дена по несреќата. Иако имал само 20 години, сепак се очекувало тој да помогне во обновата на клубот бидејќи Базби имал намера да ја заврши сезоната. Боби се вратил за настап во ФА купот против Вест Бромвич Албион на 1 март; Натпреварот завршил нерешено, а во реваншот Јунајтед победил со 1-0.

Очекувано, Јунајтед испаднал од Европскиот куп во полуфиналето по поразот од Милан со вкупен резултат од 5-2, а и во англиската лига остварил слаби резултати. Сепак, некако успеале да стигнат до второто полу-финале од ФА купот по ред, а натпреварот на Вембли се поклопил со денот на враќањето на Мет Базби на работа. Сепак, неговите зборови не можеле да ги инспирираат играчите и тие загубиле од Болтон со 2-0. Двоен стрелец бил Нет Лофтхаус.

Манчестер Јунајтед и Англија[уреди | уреди извор]

Во исто време, појавувањето на Чарлтон како водечкиот фудбалски талент во земјата бил комплетиран кога тој бил повикан во англиската репрезентација за натпреварот против Шкотска на Хампден Парк во Британскиот домашен шампионат. Тоа било почеток на долга, богата и глобално-почитуваната карира за неговата земја.

Во неговото деби, Англија победила со 4-0, а тој добил уште повеќе обожаватели откако постигнал неверојатен гол од волеј по нафрлената топка на левото крило Том Фини. Тој постигнал два гола во неговиот втор натпревар, со кои Англија ја победила Португалија со 2-1 во пријателскиот натпревар на Вембли; а потоа го пребродил очигледниот страв да се врати во Белград и да го одигра третиот натпревар против Југославија. Англија изгубила со 5-0, а Чарлтон играл многу слабо. Тој бил избран во репрезентација за Светското првентво во 1958 година, но не настапил ниту еднаш, поради што критичарите изразиле изненаденост и збунетост, и покрај слабата изведба во Белград.

Чарлтон почнал да се враќа на старата патека во фудбалскиот живот со Манчестер Јунајтед и Англија и си создал репутација како играч кој постигнува одлични голови, но и играч кој постигнува многу голови; ретки се играчите кои ги поседуваат двата квалитети. Во 1959 година, тој постигнал хет-трик кога Англија ги растураила САД со 8-1; а вториот хет-трик за Англија го постигнал во 1961 година во победата над Мекико од 8-0. Исто така, успеал да постигне гол на сите натпреварувања на кои настапил во Британскиот домашен шампионат, освен во 1963 година во согласоност со сојузот на шампионатот кој траел од 1958 до 1970 година. Таму постигнал 16 голови и 10 победи.

Боби Чарлтон играл во квалификациите за Светскиот куп во 1962 година во Чиле против Луксембург и Португалија и бил повикан и во тимот за финалињата. Голот во победата од 3-1 против Аргентина бил негов 25-ти гол за Англија во само 38 настапи, но неговиот индивидуален успех не можел да биде повторен од целиот тим, кој бил елиминиран во четвртина-финалето од Бразил, кој подоцна победил на првенството.

Конечно постигнал успех и со Манчестер Јунајтед во победата над Леичестер Сити од 3-1 во финалето на ФА купот во 1963 година, по што Чалртон конечно добил златен медал во своето трето финале. Програмата за обнова на тимот на Мет Базби по минхенската тргаедија продолжила да напредува со две титули во Првата англиска лига за три сезони, во 1965 и 1967 година. Во меѓувреме, Чарлтон настапувал и на Светското првенство во 1966 година за кое Англија, како домаќини, не морале да се квалификуваат. Успешната (но бестрофејна) сезона со Манчестер Јунајтед му овозможила да ги заслужи наградите за Фудбалер на годината според Сојузот за фудбалски писатели и Европски играч на годината.

Во тоа време, тренер на Англија бил Алф Ремзи кој успеал да преземе ја контролата од комитететот за избор на играчи за националната селекцијата; систем кој траел до предходното Светско првенсво. Ремзи веќе отстранил некои постари играчи кои предходно постојано биле избирани од комитетот. Тој вовел систем на избор со кои биле избирани само играчите кои играле добро на клубско ниво, но прикажувале и добра вешитина и форма. За среќа, Чарлтон бил добар во сите три категории.

Со хет-трикот во победата над Швајцарија од 8-1 во 1963 година, Чарлтон стигнал до бројката од 30 гола за националниот тим, израмнувајќи се со рекордот на Том Фини и Нет Лофтхаус, а со голот против Велс во октомври истата година, Чарлтон поставил нов рекорд. Сепак, улогата на Чарлтон на теренот се сменила и тој преминал од позицијата традиционален напаѓач на позицијата напаѓачки играч за врска бидејќи Ремзи планирал да го изгради тимот за Светското првенство во 1966 година врз него. Поради тоа, тој постигнувал помалку голови и Џими Грејвс, кој играл како напаѓач, го надминал рекордот на Чартлон во октомври 1964 година. Сепак, тој сѐ уште постигнувал голови и создавал шанси и пред почетокот на првенството, од него се очекувало да стане еден од ѕвездите и да ја докаже својата репутација како еден од најдобрите фудбалери во светот.

Победник на Светското првенство[уреди | уреди извор]

Првиот натпревар, Англија го одиграла нершено 0-0 против Уругвај, а Чарлтон го постигнал првиот гол во победата од 2-0 над Мексико. Подоцна, Англија ја победила Франција со истиот резултат и така се квалификувала во четврина-финалето.

Англија ја победила Аргентина со 1-0 – единсвениот натпревар во кој Чарлтон добил жолт картон – и се соочила со Португалија во полу-финалето. Тоа било еден од најважните натпревари на Чарлтон за Англија.

Чарлтон го отворил натпреварот со гол со десната нога, откако Роџер Хант го приморал португалскиот голман да излезе од голот. Вториот гол го постигнал по двојно проигрување со Џоф Херст. Чарлтон и Хант биле први на листата на стрелци за Англија во првенството со по три гола и ги очекувало финалето против Западна Германија.

Но, финалето било едно од потивките денови за Чарлтон. Тој и тогаш младиот Франц Бекенбауер успешно се чувале низ целата утакмица. На крајот, Англија победила со 4-2 по продолженија.

Победник на Европскиот куп[уреди | уреди извор]

Следниот меч на Чарлтон бил негов 75-ти во кој Англија ги победила Северна Ирска; два натпревари подоцна станал вториот играч со највеќе настапи во националниот дрес, зад ветеранот Били Рајт, кој имал вкупно 105 натпревари.

Во 1968 година, Манчестер Јунајтед стигнал до финалето на Европскиот куп, десет сезони после Минхен. Иако други тимови учествувале во натпреварувањето во меѓувреме, тој тим на Јунајтед бил првиот англиски тим кој успеал да стигне во финалето. Во многу емоционален натпревар на Вембли, Чарлтон постигнал два гола во победата од 4-1 против Бенфика во продолженијата, а тој, како капитен, го подигнал трофејот. Неколку недели подоцна го постигнал 45-тиот гол за Англија во пријателскиот натпревар против Шведска, поминувајќи го рекордот од 44 гола поставен предходната година од Џими Гривс. Тогаш бил во англиската репрезентација која стигнала во полу-финалето на Европското првенство во 1968, но биле совладани од Југолаславија во Фиренца. За време на мечот, Чарлтон ја погодил стативата. Во натпреварот за трето место, Англија го совладала Советскиот Сојуз со 2-0.

Во 1969 година, Чарлтон бил награден со РБИ (Ред на британската империја) поради придонесот во фудбалот. Потоа следеувале и други достигнувања како што е стотиот настап за Англија на натпреварот против Северна Ирска на 21 април 1970 година, кога бил и капитен. На тој натпревар го постигнал и својот 48-ми гол. 49-тиот и последен гол го постигнал еден месец подоцна во победата од 4-0 против Колумбија за време на турнејата за Светското првенство во 1970 година, започната за играчите да се адаптираат на географската висина. Неизбежниот избор на Чарлтон за првенството го направил првиот, а и единствен, англиски репрезентативец кој настапил на четири Светски првенства.

Светското првенство во 1970 година и пензионирањето[уреди | уреди извор]

Кратко пред Светското првенство, Чарлтон бил вмешан во инцидентот Нараквицата од Богота, во кој тој и Боби Мор биле обвинети за крадење нараквица од една златара. Мор подоцна бил уапсен и затворен четири дена пред да биде пуштен на условна, а Чарлтон не бил уапсен.

Англија го започнала првенството со две победи во групната фаза и еден пораз од Бразил. Чарлтон играл на сите три утакмици, иако бил заменет од Алан Бол на последниот натпревар во групата против Чехословачка. Ремзи, убеден во победа и напредување во четвртина-финалето, сакал да го одмори Чарлтон.

Англија лесно стигнала до четвртина-финалето, кадешто повторно се соочила со Западна Германија. Чарлтон ја контролирал средината и ги сопрел трковите на Франц Бекенбауер, па Англија стигнала до водство од 2-0. Бекенбауер успеал да постигне гол за Германците и Ремзи го заменил стариот и изморен Чарлтон со Колин Бел кој продолжил да го тестира германскиот голман Мајер и нафрлил одлична топка, која Џоф Херст некарактеритично ја промашил. Западна Германија, која имала навика да се враќа од загубена ситуација, успеала да израмни. Уве Зелер постигнал гол со глава за 2-2. Во продолжението, голот на Џоф Херст бил мистериозно поништен, по што Герд Милер погодил за 3-2 и победа на Западна Германија. Англија испаднала од Светското првенство и после 106 настапи и 49 голови, Чарлтон решил да ѝ стави крај на својата интернационална кариера на возраст од 32 години. На летот кон дома од Мексико, тој побарал од Ремзи повеќе да не го повикува. Брат му Џек го направил истото.

И покрај мислењето на јавноста, замената не ја променила играта бидејќи Франц Бекенбауер постигнал гол пред Чарлтон да го напушти теренот, откако Боби не успеал да го спречи Германецот. И самиот Чарлтон изјавил дека неговата замена не влијаела на играта во документарец што го дал за ББС. Неговиот рекорд во настапи за репрезентацијата траел до 1973 година, кога Боби Мор го престигнал, а во моментов Чарлтон е на четвротото место, зад Мор, Дејвид Бекам и Питер Шилтон, чија кариера за Англија започнала на првиот натпревар по пензионирањето на Чарлтон. До септември 2012 година, рекордот во потигнати голови на Боби Чарлтон сѐ уште стои.

За време на почетокот на 70-тите години до 20-тиот век, Манчестер Јунајтед повеќе не се натпреварувал меѓу најдобрите тимови во Англија и во неколку наврати се борел за опстанок во лигата. Некое време, Чарлтон не разговарал со дуругите суперѕвези на Јунајтед, Џорџ Бест и Денис Ло, а Бест одбил да игра на почесниот натпревар за Чарлтон против Селтик, кажувајќи дека „тоа би било лицемерно“. Чарлтон заминал од Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната 1972/1973 година, по постигнати 249 гола и поставувајќи рекорд од 758 настапи, рекорд кој подоцна бил надминат од Рајан Гигс во финалето на Лигата на шампионите во 2008 година. Меѓутоа, неговиот рекорд во постигнати голови е сѐ уште недопрен и има голема предност во однос на другите играчи.

Последниот натпревар го играл против Челзи на Стемфорд Бриџ на 28 април 1973 година. Натпреварот завршил со пораз на Јунајтед од 1-0. Последниот гол го постигнал еден месец предходно, на 31 март, во победата со 2-0 над Саутемптон.

Подоцнежен живот[уреди | уреди извор]

Чарлтон станал менаџер на Престон Норт Енд во 1973 година, потпишувајќи го поранешниот соиграч од Јунајтед и англиската репрезентација, Ноби Стајлс, како играч-тренер. Неговата прва сезона завршила со испаѓање од лигата и, иако повторно почнал да игра, го напуштил Престон во почетокот на сезоната 1975/1976, по несогласувањето со одборот поради трансферот на Џон Бирд во Њукасл Јунајтед. Во почетокот на 1976 година, постигнал еден гол на три настапи за Вотерфорд Јунајтед.

Во 1978 година настапил еднаш за Шревсбери Таун во пријателскиот натпревар против националниот тим на Замбија во Геј Медоу, Шревсбери.

Потоа станал директор на Виган Атлетик и кратко бил привремен менаџер. Потоа, некое време играл за Јужна Африка. Исто така, основал школи за фудбал во Велика Британија, САД, Австралија и Кина. Во 1984 година, бил поканет да стане член на одборот на директори во Манчестер Јунајтед, делумно поради неговото фудбалско знаење, а делумно бидејќи мислеле дека не клубот му треба “име“ во одборот по оставката на Сер Мет Базби. Тој сѐ уште е директор во Манчестер Јунајтед и неговото присуство беше фактор во смирувањето на многу фанови кои се противеа на преземањето на клубот од страна на Малколм Глејзер. Чарлтон го водеше Манчестер Јунајтед во освојувањето на Лигата на шампионите во 2008 година, 50 години по минхенската авионска несреќа. Тогаш Чарлтон ја одби понудата на директорот на УЕФА Мишел Платини да добие златен медал, бидејќи лично не учествувал во натпреварот.

Чарлтон помогнал да се промовираат барањата на Манчестер за Олимписките игри во 1996 и 2000 година и Игрите на Комонвелтот во 2002 година, барањето на Англија за Светското првенство во 2006 година и успешното барање на Лондон за организација на Олимписките игри во 2012 година. Во 1994 година, тој бил именуван за витез и станал член на Англиската фудбалска сала на славните во 2002 година. Кога ја примал оваа награда, тој изјавил: „Навитина сум горд што сум вклучен во Салата на славните во националниот музеј. Ова е огромна чест. Ако ги погледнете другите имиња, мора да кажам дека немам ништо против нив. Сите се големи играчи и луѓе и би сакал да можев да играм со нив“. Тој исто така е почесен претседател на Националниот фудбалски музеј, организација за која изјавил дека не можел да замисли подобар музеј во светот. На 14 декември 2008 година, Чарлтон бил награден со престижната Награда за животно дело од ББС Спорт.

Чарлтон бил вклучен во многу добротворни акции, вклучувајќи ја и акцијата за собирање пари за болници за рак.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Боби Чарлтон ја запознал својата сопруга, Норма Бол, на едно лизгалиште во Манчестер во 1959 година и се оженил за неа во 1961 година. Тие имаат две ќерки, Сузен и Андреа. Сузен работела како презентерка за временската прогноза во ББС за време на 90-тите години. Тие сега имаат внуци, вклучувајќи го синот на Сузен, Роберт, кој бил крстен во чест на дедо му.

Во 2007 година, додека ја најавувал неговата автобиографија, Чарлтон открил дека имал долготрајна караница со брат му Џек. Тие ретко разговарале по караницата на неговата сопруга и мајка му Сиси (која починала на 25 март 1996 година на возраст од 83 години). Боби ја немал видено мајка му после 1992 година, како резултат на караницата.

Во книгата, Чарлтон признал дека неговата сопруга не ја сакала мајка му, но го сакала татко му. Сепак, изгледа дека сега браќата повторно разговараат, бидејќи Џек му ја доделил Наградата за животно дело ББС Спорт на 14 декември 2008 година. За време на церемонијата, тој примил стоечка овација додека ја чекал наградата.

Чарлтон почнал да ја губи косата во почетокот на 60-тите години некое време одбивал да оќелави, па почнал да ја чешла преостанатата коса преку ќелавата глава, која му се кревала додека трчал. Овој стил на фризура денес е позната како „Чешлањето на Боби Чарлтон“.

На 6 фебруари 2012 година, Сер Боби Чарлтон бил пренесен во болница откако се разболел, кадешто му извадиле камен од жолчката. Ова го спречило да ја прими Наградата за животно дело од Лауреатите на светскиот спорт.

Прикажување на филм[уреди | уреди извор]

Во филмот од 2011 година Јунајтед, базиран на успехот на Базбиевите Бебиња и уништувањето на тимот во минхенската авионска несреќа, Чарлтон бил интерпретиран од актерот Џек О’Конел.