Дејвид Бекам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дејвид Бекам
Beckswimbledon.jpg
Бекам на Вимблдон во 2014 година
Лични податоци
Полно име Дејвид Роберт Јосеф Бекам
Роден на 2 мај 1975
Роден во Лејтонстоун, Лондон, Англија
Висина 6 ft 0 in (1.83 m)[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Лос Анџелес Галакси
Број 23
Младинска кариера
ФК Бримсдаун Роверс
1987–1991 ФК Тотенхем Хотспар
1991–1993 ФК Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993–2003 ФК Манчестер Јунајтед 265 (62)
1995 → ФК Престон (п) 5 (2)
2003–2007 ФК Реал Мадрид 116 (13)
2007–2012 ФК Лос Анџелес Галакси 69 (11)
2009 ФК Милан (п) 18 (2)
2010 ФК Пари Сен-Жермен (п) 11 (0)
Репрезентација
1992–1993 Англија под 21 3 (0)
1994–1996 Англија под 21 9 (0)
1996–2009 Англија 115 (17)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 5 септември , 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 3 ноември, 2009

Дејвид Роберт Џозеф Бекам е поранешен англиски фудбалер, роден е во квартот Лејтонстоун во Лондон. Настапувал како десен или централен играч од средината на теренот и поминува голем дел од својата кариера како играч на Манчестер Јунајтед, но играл и за Реал Мадрид и ЛА Галакси. Во 2003 излезе неговата автобиографија наречена „Мојата вистина“.

Кариера[уреди | уреди извор]

Како капитен на Англија, има одиграно 58 натпревари, од вкупно 100. Неговата кариера започна во 1992 година (17) кога потпиша професионален договор со Манчестер Јунајтед. Клубот го напушти во 2003 година, кога потпиша за шпанскиот Реал Мадрид, каде играше 4 сезони. Во јануари 2007 Бекам потпиша петгодишен договор со Лос Анџелес Галакси.Од ЛА Галакси на два наврати настапува во Милан како позајмен играч во време на пауза на американската МЛС лига,при што повторно се врака во ЛА Галакси.Тој беше прв британски фудбалер кој забележал 100 настапи во Лигата на шампионите.

Интернационална кариера[уреди | уреди извор]

Во меѓународниот фудбал, Бекам го направи своето деби за фудбалската репрезентација на Англија, на 1 септември 1996 година на возраст од 21 година. Тој беше капитен на националниот тим шест години, заработувајќи 58 настапи за време на неговиот мандат.[2][3] Вкупно тој забележал 115 настапи за Гордиот Албион, настапувајќи на три Светски првенства и тоа: Франција 1998, Кореја и Јапонија 2002 и Германија 2006 година, како и на две европски првенства во Белгија и Холандија 2000 година, и во Португалија 2004 година.

Бекам е постојано рангиран меѓу фудбалерите кој највисоко заработуваат во фудбалот, а во 2013 година тој беше на листата на најплатените играчи во светот, кој заработуваат повеќе од 50 милиони евра во последните 12 месеци.[4] Тој е женет со Викторија Бекам од 1999 година и тие имаат 4 деца.[5] Тој е амбасадор на УНИЦЕФ од 2005 година, а од 2015 година ја лансира 7: The David Beckham UNICEF Fund фондацијата Дејвид Бекам.[6] Во 2014 година, МЛС објави Бекам и група на инвеститори ќе ја прошируваат американската лига со екипата на Мајами МЛС, што ќе започне во 2016 или 2017 година.[7]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Во 1997 година, Бекам започна да излегува со Викторија Адамс (сега Викторија Бекам) (Пош Спајс од Спајс Г’рлс). На 24 јануари 1998 година, Бекам се ожени со Викторија. На 4 март 1999 година, се роди нивниот прв син син, Бруклин. Четири месеци потоа, Бекам и Викторија се венчаа во еден замок во Ирска, а кум на венчавката им беше тогашниот клубски другар Гери Невил. Нивниот втор син, Ромео, се роди на 1 септември 2002 во Лондон, а третиот, Круз, на 20 февруари во Мадрид. Во 2011 ја добиваат и нивната прва керка Харпер Бекам. Кумови на Бруклин и Ромео e Елтон Џон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. David Beckham“, Soccerbase (конс. 9 септември 2008 г).
  2. Beckham's England dream realised“, BBC Sport, 10 ноември 2000 (конс. 9 септември 2008 г).
  3. Beckham quits as England captain“, BBC Sport, 2 јули 2006 (конс. 9 септември 2008 г).
  4. „The World's Best-Paid Soccer Players“. Forbes. 17 април 2013. http://www.forbes.com/sites/christinasettimi/2013/04/17/the-worlds-best-paid-soccer-players/. конс. 12 септември 2014 г. 
  5. David Beckham kids named most stylish celebrity children in the world - BelfastTelegraph.co.uk“, „Belfast Telegraph“, 9 април 2014 (конс. 6 јули 2014 г).
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име UNICEF.
  7. Mazzei, Patricia. „Soccer star David Beckham to bring MLS team to Miami“, „Miami Herald“, 5 февруари 2014.