Викторија Бекам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Викторија Бекам
Викторија Бекам во мај 2010
Животописни податоци
Родено имеВикторија Каролина Адамс
Познат(а) и какоПош Спајс, Пош
Роден(а)17 април 1974(1974-04-17)(49 г.)
Харлов, Есекс, Англија
ПотеклоГофс Оак, Хартфордшир, Англија
ЖанровиПоп, R&B
Занимањапејач-текстописец, танчерка, модел, глумица, моден творец, стопанственикка
Период на активност1994–денес
ИздавачиVirgin (1996–2002)
19/Telstar (2002–04)
СоработнициСпајс Грлс
Мреж. местоOfficial website

Викторија Каролин Бекам (Адамс; родена на 17 април 1974) е британска пејачка, текстописец, моден творец, стопанственикка, глумица и модел.

За време на нејзиното издигнување кон славата со поп групата Спајс Грлс во 1990 година, Бекам беше наречена Пош Спајс, прекар измислен од страна на британскиот музички поп магазин Топ оф д’попс во нивното јунско издание 1996. Додека Спајс Г’рлс правеа посебни кариери, таа дебитираше во поп мизиката, освојувајќи четири од 10 те британски топ песни како соло изведувач. Нејзината прва самостојна песна "Надвор од мислите”, го достигна второто место на списокот на британските песни и е нејзиното последно и најголемо појавување на таа листа. За време на нејзината соло кариера таа потпиша договор со Вирџин Рекордс и Телстар Рекордс. Бекам се здоби со поголем успех како меѓународно позната модна икона. Таа имаше кариера во модата, дизајнирајќи линија на фармерки за Рок&Репаблик а потоа го дизајнираше сопствениот познат бренд, dVb Стајл. Бекам ја прикажа и нејзината сопствена колекција од очила за сонце и парфеми , наречена “Интимно со Бекам”, кои беа пуштени во продажба во Велика Британија и САД. Во соработка со јапонската продавница Саманта Таваса, таа дизајнираше голема колекција од ташни и накит. Покрај тоа таа има издадено две книги бестселери; едната е нејзина автобиографија а другата е моден водич.

Од нејзините телевизиски заработки, Бекам имаше пет официјални документарни филмови и реални емисии направени за неа, како на пр: ” Да се биде Викторија Бекам “ и “ Бекамови во вистинско светло”. Нејзината последна емисија беше ” Викторија Бекам доаѓа во Америка” која што се емитуваше во САД во 2007 година. Таа за кратко се појави во епизода во американската телевизиска серија “Грдата Бети” ,а беше и гостин- судија во Проект писта: “Новиот топ модел на Германија” и “Американски идол “ ( деветта сезона). Бекам е мажена за англискиот фудбалер Дејвид Бекам со кој има и три синови, Бруклин,Ромео и Круз.Само од 2009 година па наваки нивното заедничко богатство е проценето на 125 милиони долари.

Детство[уреди | уреди извор]

Викторија Каролин Адамс е ќерка на Антони и Жаклин Адамс, родена е во болницата Принцес Александро во Харло, Есекс, и порасната во Гофс Оак, Хартфордшир. Нејзиниот татко бил електро-инженер а успехот од семејниот бизнис влијаел добро врз нејзиното воспитување и врз воспитувањето на нејзините браќа Луис и Христијан. Таа била запишана во високото училиште “Св.Мери” во Чешант. Била засрамена од тоа што нејзините родители биле богати и често го молела татко и да не ја испраќа до портата на училиштето за да не биде видена како излегува од нивниот скап автомобил Ролс Ројс.Таа изјавила дека за време на нејзините школски денови била малтретирана од страна на другите деца, правеле се, за таа да се чувствува како да не припаѓа таму. Кажала дека децата постојано ја задевале и фрлале по неа секакви работи а таа само стоела и не можела да се одбрани. Немала другарки и другари. Адамс се инспирирала гледајќи го мјузикалот” Слава”, и веднаш потоа одлучила дека сака да стане позната. Нејзините родители веднаш ја запишале во драмското училиште “Џејсон”. На 17 години таа се запишала на факултетот за театар и драмска уметност “Лејни”, во Епсом ,Сари, и студирала танц и манекенство. Таа била и дел од бендот “Персуејшн”.

Кариера[уреди | уреди извор]

Спајс Грлс[уреди | уреди извор]

Викторија Бекам на настап во 2007 w/ the Spice Girls

Викторија Адамс(нејзиното тогашно име) се приклучи кон групата Спајс Г’рлс во 1994 година, чие претходно име беше "Тач" , заедно со Гери Халивел, Ема Бунтон, Мелани Брауни и Мелани Чисхолм. Таа претходно, во март 1993 година , добила улога во реклама во Стејџ, на кои им биле потребни две девојки” паметни, ексцентрични и способни да танцуваат и пеат”. Во 1996, нивната прва песна "Сакам да бидам", се најде на прво место во Велика Британија, во САД и во други 29 држави, а потоа ќе биде проследена со уште осум други познати песни од нивните албуми ”Спајс” , “Животот на Спајс” и “Засекогаш “ кои ќе бидат исто така број еден на мизичките листи. Секоја членка на групата доби прекар од јавноста. Викторија ја викаа Пош поради нејзиниот префинет карактер и стил, поради дизајнерските кратки црни фустанчиња што ги носеше и нејзината љубов кон високите потпетици. Оваа група беше една од најпознатите поп изведувачи во деведесеттите години, продавајќи над педесет и пет милиони снимки насекаде во светот. По излевањето на нивниот трет албум ,” Засекогаш” (UK#2), кој беше помалку успешен од претходните два албума, оваа група престана да снима песни, поттикнувајќи ја Бекам да почне да гради соло кариера. Во 2007 година Спајс Г’рлс се обединија и ги објавија плановите за правење турнеја , со што беше предвидено дека секоја од нив ќе направи заработка од 10 милиони долари. Викторија претходно изјави дека таа и нејзините колешки од групата уживаат во нивните различни соло кариери. Таа изјави “ние сè уште работиме на нашите соло кариери”. Нивниот албум "Најдобрите хитови" беше пуштен во продажба во почетокот на ноември а турнејата почна на 2 декември 2007 година. Бекам изјавила :”сакам моите деца да видат дека нивната мајка била позната поп звезда”. Таа турнеја беше нивната последна шанса заедно да застанат пред огромна публика од луѓе сите врескајќи по нивното име-Спајс Г’рлс. Кога таа повторно си ја фарбала косата кафена за нивното обединување и за турнејата, нејзините синови веднаш искоментирале ”ох боже , тоа е пош спајсицата, таа се врати.” За време на едно настапување на Спајс Г’рлс во Лондон, во арената О2, нејзините три сина ја придружуваа на сцената заедно со другите деца на спајсиците пеејќи ја песната "Мама" . Таа е едниствената членка од групата која не испеа своја соло песна за време на турнејата,само позираше на пистата правејќи да изгледа како модна ревија додека сите други си ги пееја песните од нивните соло кариери. Еден критичар изјави ”таа е најзадоволна кога ги пее своите соло песни”. Таа тоа го знае и тоа и дава сè поголема самодоверба за време на нејзините настапи. Филмскиот продуцент Боб Сметон режираше и документарен филм за нивното обединување. Насловен е ”Спајс Г’рлс ви даваат се “ и за првпат беше емитуван на Фокс 8 во Австралија. Покрај нивната турнеја, тие имаа потпишано договор за да се појават во рекламите на Теско, за кое што беа платени по еден милион долари.

Соло кариера[уреди | уреди извор]

На 14 август 2000 година , Бекам ја издаде својата прва соло песна ,” "Далеку од моите мисли”, во соработка со Дејн Боверс и Трустеперс. Истовремено, се издаде и песната "Грувџет (Ако ова не е љубов)" од Спилер во изведба на Софи Елис Бекстор, и тоа резултираше со битка на списокот на слушаност помеѓу овие две песни. Песната на Викторија беше проследена со огромна публицистичка камапања, па затоа таа дебитираше на прво место, а песната на Софи Елис Бекстор се најде на второто место на британските музичките листи. Пред да биде објавена песната, на 8 јули 2000 година Викторија се претстави со своја соло песна во Хајд пак во Лондон , на концерт за собирање пари за хуманитарни цели на фондовите на принцот. Таа ја испеа песната "Далеку од моите мисли" пред голема и гласна публика од 100.000 луѓе. Потоа Бекам потпиша договор со нејзината издавачка куќа Вирџин Рекордс. Нејзината следна песна како соло артист , "Не наивна девојка", беше издадена на 17 септември 2001 година. Повторно се најде во конкуренција со друга песна која исто така беше многу слушана во тоа време, песната на Кајли Миног "Не можам да те оттргнам од моите мисли” . И покрај големата промотивна кампања, песната на Бекам се најде на шестото место на музичките топ листи. Нејзиниот дебитирачки албум, насловен како” Викторија Бекам”, се пушти во продажба на 1 октомври 2001 година , и се најде на десеттото место на британската топ листа. Биле потребни околу пет милиони долари за да се издаде овој албум, а се продале само 50.000 копии. Втората и последна песна од овој албум ""A Mind of Its Own" " беше издадена на 11 февруари 2002 година. Оваа песна се најде на шесто место на британската музичка листа и беше продадена во 56.500 копии. Наскоро се појавија гласини дека Бекам сакала да се откаже поради тоа што не се пласирала меѓу првите три места на британските музички листи. Таа изјавила: “вие знаете дека весниците пишуваат само неубави работи, а што се однесува до мене и до мојата издавачка куќа, се’ e во ред. Третата песна "Посакувам", беше промовирана но никогаш не се пушти во продажба. Песната беше ремикс направен од Роби Крег и беше изведена на

Телевизиската емисија Friday night’s All Wright. По објавувањето на веста дека Бекам е бремена со второ дете, песната престана да се емитува. Вирџин Рекордс го прекинаа договорот со неа. Беше издадена изјава дека никој со никој не се замерил. Договорот со Вирџин се прекина, и двете страни одлучија да не соработуваат заедно. Во 2002 година Телстар Рекордс потпишаа договор со Бекам и со Сајмон Фулерс 19 менаџмент. Овој договор вредеше 1.5 милиони долари. Во 2002 година таа помина многу време снимајќи го албумот “ Отвори ги очите” од кој излезе и песната "Ослободи ги своите мисли", но бидејќи беше разочарана од резултатите од сето тоа, таа одлучи оваа песна да не биде издадена. Наместо поп, Бекам сакаше да сними песни во Р’н‘Б и хип-хоп стил, со поурбан звук. Таа почна да соработува со урбаниот продуцент Дејмон Деш. Во тоа време беше изјавено дека Деш ја навредил Бекам со изјавата” ако ја направиме Викторија успешна тогаш секој би го направиле успешен “. Кога првпат го прашале Деш зошто соработува баш со Викторија тој изјавил: ” затоа што гледам колку е таа барана и популарна овде” . Заедно со M.O.P. тој направи песна која беше промоворана во јули 2003година. Ова педизвика многу критики затоа што повеќето сметаа дека Бекам е далеку од урбан изведувач. Првата песна на Бекам заедно со Телстар Рекордс, "Ослободи ги своите мисли /This Groove “ беше пуштена во Британија на 23 декември 2003 година, и беше проследена со голема промоција и многу телевизиски настапи за време на Божиќните празници заедно со видео за таа песна направено од Енди Хајлтон. Оваа песна се најде на трето место во Бритнија. Бекам беше задоволна од успех од на песната "Ослободи ги своите мисли" од албумот "This Groove" и сите тие песни од тој албум во хип-хоп и Р’н‘Б стил беа издадени и слушани во тоа време. Таа е моментално единствената спајсица која не се најде на прво место на музичките топ листи со своите соло песни но е и единствената чии сите песни и албуми се најдоа меѓу десеттото место на музичките топ листи. Дејмон Деш имаше планови за Викторија Бекам надвор од Велика Британија на пример во САД со намера да ја промовира песната "Ослободи ги своите мисли” од албумот “This Groove” со поднаслов "Пош Спајс Викторија Бекам". Промовирањето на песната беше планирано во периодот помеѓу март и мај 2004 година но тоа никогаш не се случи. Јавноста во Велика Британија ја опишуваше кариерата на Бекам како неуспешна, а се ширеа и гласини за Деш и Фулер и поради тоа нејзиниот хип-хоп албум “Ајде заедно” не беше издаден. Поради неуспехот со ]]Теслар рекордс]], плановите на Викторија Бекам беа откажани. Бекам е единствената спајсица на која што сите песни и албуми се најдоа на музичките топ 10 листи , а издадее и неколку албуми и песни.

Книги[уреди | уреди извор]

Автобиографијата на Бекам, насловена како “Учејќи да летам” ,беше издадена на 13 септември 2001 година. Насловот на оваа песна беше копиран од еден стих од мјузикалот “Слава”, омилен на Бекам уште од нејзиното детство. Делот од песната од кој беше смислен насловот одеше вака: "Ке научам како да летам” . Во книгите беше прераскажано нејзиното детство, времето додека беше во групата Спајс Г’рлс, како и нејзината кариера во тоа време. “Учејќи да летам” беше третиот по ред најпродаван наслов во 2001 година и се продаде во повеќе од 500.000 копии. Кога се пушти во продажба првата нејзина книга за само четири недели таа го достигна првото место на списокот на најпродаваните книги заменувајќи ја книгата на Роби Вилијамс која се најде на второто место. Добро огранизираното нејзино појавување во емисијата на Паркинсон, кои ја гледаа девет милиони луѓе, и помогна за да направи добра промоција на книгата. Пред да се издаде книгата, Хелоу, Дејли Мејл и Дејли Мејл он Сандеј се здружија за да ги купат правата за разгледување и прегледување на книгата пред таа да биде пуштена во продажба. Цената кој требаше да биде платена од нивна страна изнесуваше околу еден милион долари. Бекам беше цитирана од страна на еден шпански новинар велејќи: “никогаш не сум читала книги во мојот живот”. Таа подоцна изјави дека тое е само еден лош превод од оригиналното интервју на шпански, во кое таа всушност изјавила дека никогаш немала време да ги дочита книгите затоа што секогаш била зафтена грижејќи се за нејзините деца. Втората книга на Бекам , моден водич , насловена како That Extra Half an Inch: Коса ,чевли и се во едно, беше објавена на 27 октомври 2006 година. Оваа книга содржи совети од Викторија Бекам за модата, стилот и убавината, а содржи и фотографии од Марио Тестино, Ани Лајбовиц и Стивен Мишел. Книгата стана бестселер и се продаде во 400.000 копии со тврди корици, само во Британија. Правата за оваа книга беа распродадени во САД, во Холандија, во Јапонија, Португалија, Литванија, Русија и моментално и во Кина.

Телевизија[уреди | уреди извор]

Бекам сними пет документарни реални серии. Првото, прикажано на 11 јануари 2000 година , беше наречено” Тајните на Викторија “, серија прикажана само во Велика Британија на Канал 14 каде што Бекам беше следена со камери истовремено зборувајќи и интервјуирајќи и други познати британски луѓе како на пример Елтон Џон. Втората серија “Да се биде Викторија Бекам “ , беше емитувана во март 2002 година каде што таа зборуваше за нејзината кариера како соло изведувач, за продажбата на нејзиниот прв албум , а се прикажаа и многу снимки каде таа позирала како модел, како и епизоди прикажувајќи како и каде таа ги снимала своите песни. Оваа серија достигна голема гледаност од околу 8.83 милиони гледачи, достигајќи го врвот. Еден критичар ја опиша како “ горделива, среќна за тоа што го поседува , разлутена и наметлива по природа која ужива во нејзината смешна и привидна слава”. Третата серија “Бекамови во вистинско светло” која за првпат се прикажа на 24 декември 2003 година на ITV1 , беше прикажано селењето на фамилијата од Лондон во Мадрид откако Дејвид Бекам потпиша договор за да игра воРеал Мадрид. Во оваа серија исто така беше прикажана нејзината соло кариера и беше прикажано нејзиното исмевање од страна на таблоидите , за кое таа редовно читаше во весниците. Оваа серија достигна гледаност од 6.10 милиони гледачи а подоцна на 2 февруари 2004 година беше пуштена и во продажба на ДВД . Четвртата серија беше насловена како “ Долгиот пат кон славата” и “Забавата за Светското првенство на Бекам 2006 година” во која што беа прикажани Викторија и Бекам како се подготвуваат за да бидат домаќини на забавата за Светското првенство 2006 година кои ја организираа во дворецот на нивната палата во Хартфордшир, со цел да соберат пари за хуманитарни цели. Тие пуштија на интернет во продажба две карти за првенството кои се продадоа за 103.000 илјади долари. Оваа серија почна да се емитува на 28 мај 2006 година каде што се прикажаа сите детали од забавата која беше организирана од нивен пријател и готвачот Гордон Рамзеј, а добротворната аукција беше организирана од Грахам Нортон. Рамзеј готвеше за 600 гости заедно со својата екипа од 40 готвачи и 100 келнери коишто послужуваа. Оваа серија достигна гледаност од околу 7.56 милиони гледачи. За серијата каде што се прикажани подготовките на Викторија Бекам за селењето на нејзината фамилија , таа потпиша договор со НБЦ за прикажување на шест епизоди од по пола саат. И покрај планираните шест епизоди за оваа серија, ова шоу беше направено да се гледа само како филм од еден час ,поради недоволно снимен материјал за прикажување во серии. Серијата” Викторија Бекам доаѓа во Америка” беше емитувана на 16 јули 2007 година во Британија и Канада. Беше многу критикувана од американската јавност и од некои познати критичари како Њујорк пост кој ја опиша како “неконтролирано самозадоволување” и “надмена и здодевна”. Оваа серија беше прогласена за трета најгледана серија од 4.9 милиони гледачи во САД , поради нејзино недозволено емитување од страна на Вајф Свеп и две мрежни места. Оваа серија беше режирана од страна на Сајмон Фулер кој им ја организираше турнејата на Спајс г’рлс по повод нивното обединување. Во јули 2007 година беше објавено дека Викторија Бекам ќе има мала улога како глумица во една од епизодите на втората сезона на серијата “Грдата Бети” која се емитуваше на АБЦ. Епизодата, “Прекрасен ден за венчавката на Пош” беше емитувана на 9 ноември 2007 година во САД, и на 23 ноември во Велика Британија. Првата реченица во таа епизода на Бекам беше: “ова е премногу големо” за време на пробувањето на една венчаница во собата за пресоблекување” во чија епизода таа беше невеста. Бекам изјави дека таа се согласила за снимањето на оваа епизода затоа што ја сакала модата , а не затоа што и се укажала можност за да глуми. И покрај нејзините ненадејни појавувања на телевизија, Бекам ги негираше своите планови дека сака да ја прекине својата глумечка кариера во Лас Вегас. Во февруари 2009 година , беше објавено дека Викторија Бекам ќе биде гостин –судија, во четвртата сезона на финалето на “Проект Писта” , кое почна да се емитува на 5 март 2008 година во САД. Таа беше пофалена од страна на победникот во таа емислија Кристијан Сирано кој изјавил дека тие се воодушевени од нејзиниот вкус и стил.

Мода[уреди | уреди извор]

Бекам стана повеќе позната како меѓународна модна икона отколку како музички изведувач. Бекам беше почесна гостинка на модната ревија за Марија Грехвогел во 2000 година, а тоа и овозможи да учествива и на Лондонската модна недела како модел. Бекам исто така беше и амбасодорка за Долче и Кабана и беше заштитно лице на Рокавеар во 2003 година. Во 2004 година Бекам дизајнираше уникатна модна линија за Рок& Репаблик наречена ВБ Рокс, која содржеше главно фармерки за високата мода на светскиот пазар, кои во САД чинеа 300 долари. Таа претходно имала добра соработка со дизајнерот на Рок & Репаблик, Мајкл Бал, во Лос Анџелес. Тој за неа изјави дека таа не само што се разбирала во модата и трендовите туку и самата е модна икона веќе долго време. На 16 јануари 2006 година , таа беше модел на пистите за Роберто Кавали на модната ревија во Милано, и извесно време тој беше и нејзин дизајнер за некои посебни настани и за на црвениот тепих. За изданието на списанието Харперс Базар 2006 година, Бекам беше моден советник за модното фотографирање на нејзината блиска пријателка Кејти Холмс. Во јули 2006 година , Бекам промовираше линија на очила наречена dvb Eyewear. Таа изјави дека е голем љубител на очила за сонце. “Ги имам старите и уникатни Гучис и Карерас- тие можат да направат да секоја облека изгледа прекрасно”, изјави Бекам. По нејзиното заминување од Рок& Репаблик во септември 2006 година, за да ги продолжи нејзините модни планови таа направи своја колекција од фармерки со што стана и креативен директор. Нејзината нова линија на фармерки се вика dvb Стајл. Истиот месец беше пуштена во продажба нејзината линија на парфеми, машки и женски парфем наречен “Интимно со Бекам” , и беа претставени и се делеа бесплатно на прес конференцијата во Венеција. Подоцна таа ја претстави и своето официјално мрежно место dvbstyle.com, на која што беше прикажана целата нејзина работа со модата. Таа исто така издаде и колекција од ташни и накит во соработка со јапонската продавница “Саманта Таваса”.

Бекам во 1999

На 5 јуни 2007, таа доби две награди од списанието “Гламур”, едната награда за “Жена на годината “ а другата за “Стопанственик, организатор на годината “ со заслуга за нејзините модни достигнувања. На 14 јуни 2007 година во Њујорк Бекам ја лансира својата колекција од фармерки ,а во САД за првпат ја прикажа и својата колекцина од очила. Истиот месец Бекам за првпат се појави и на годинешната модна ревија во Лондон, како судија заедно со Гленда Бејли, главниот издавач на списанието Харперс Базар, и со Албер Елбац ,за да изберат победник којшто ќе ја прими златната награда на River Island, вредна 20.000 фунти. Во август 2007 година, нејзиниот парфем “Интимно со Бекам” за првпат стана најпродаваниот парфем во сите продавници. Бекам изјавила: “ние сме славни и затоа нашето име стои на парфемот”. Сакам да бидам дел од сето тоа. Оваа линија на парфеми беше предвидено да заработи 100 милиони долари во продавниците насекаде во светот, а таа сума во 2008 година се дуплира. Во 2007, таа ја издаде нејзината втора линија на машки и женски парфем “Интимно со Бекам” , а нејзината козметичка колекција V-Sculpt беше пртставена и продавана во Токио. Во 2007 година таа се појави на прес конференцијата во Лос Анџелес, и беше одобрено за да ја претстави колекцијата од вечерните фустани на дизајнерот Марк Џејкобс за пролетната колекција 2008 година. Нејзината сопствена модна колекција беше претставена дури во 2008 година на модната ревија во Њујорк во хотелот Валдорф, претсавувајќи фустани од кои само 400 ќе бидат направени и продадени. Нејзината прва колекција која се продаваше од 650 до 1900 фунти , беше многу добро прифатена од сите ” беше воодушевувачко, успешна колекција со ниту една грешка....тоа беше заради материјалот( свила, волна и органза) а и деталите привлекоа многу внимание” изјави еден критичар, а другите оваа колекција ја нарекоа “убава” , “посакувана” и “класична” . Нејзината кариера стана поуспешна откако таа во рок од една година се појави дури трипати на насловната страна на списанието Вог. Нејзиното прво појавување беше во април 2008 година на насловната страна на британскиот Вог, а во ноември таа се појави на насловната страна на индискиот Вог и во февруари 2009 година се појави на насловната страна на рускиот Вог. Таа изјави дека е против носењето на животински крзна и ја промовираше колекцијата од бунди направени од синтетичко крзно. Нејзините негативни ставови за кожната индустрија, предизвикаа восхит кај организациите кои се борат за правата на животните , меѓу нив вклучувајќи ја и ПЕТА. Од многубројните кампањи на оваа организација која е против носењеето на крзно, Бекам изјави дека таа целосно ја поддржува оваа организација и се заколна дека никогаш нема да работи со крзно во ниедна нејзина колекција. Таа е исто така позната по нејзината љубов кон дизајнерските високи потпетици.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Дејвид и Викторија Бекам во Silverstone Circuit за време на British Grand Prix во 2007.

Викторија Адамс почна да излегува со фудбалерот Дејвид Бекам во 1997 година по нивната средба на хуманитарниот фудбалски натпревар, ветувајќи му дека ќе излезат на состанок. Од нивната ненадејна средба таа изјави :”воопшто не знаев кој е тој”. Не бев заинтересирана за фудбалот. Оваа двојка ја објавија својата веридба во 1998 година и беа наречени “Пош и Бекс” од страна на јавните медиуми. На 4 јули 1999 година тие беа венчани од свештеникот од Корк, Вилијам Пол Колтон, во замокот Лутерстоун, во Ирска. Оваа венчавка привлече големо внимание кај јавноста. Соиграчот од фудбалскиот тим на Бекам, Гери Невил беше негов девер , а нивниот четири месечен син Бруклин ги носеше прстените. На голем дел од медиумите не им беше дозволено да бидат во близина на оваа церемонија, освен на ОК списанието со кое тие склучија договор за да ги фотографира и кое прикажа фотографии како Бекам седи на кралски стол. За оваа церемонија беше вработен персонал од вкупно 437 луѓе и за нив беа платени 500.000 фунти. Во 1999 година двојката купи куќа вредна 2.5 милиони фунти , која се простираше на земјиште од 24 акри (97.000 м2), и беа инвестирани 3 милиони фунти за негово целосно реновирање и веднаш потоа јавните медиуми ја нарекоа нивната куќа ” Бекинговата палата”. Тие имаат три сина: Бруклин Жозеф ( роден на 4 мај 1999година во Вестминстер во Лондон), Ромео Џејмс (роден на 1 септември во Вестминстер во Лондон), и Круз Дејвид (роден 20 февруари 2005 година, во Мадрид, Шпанија). Елтон Џон и Дејвид Фурниш се официјално кумови на Бруклин и Ромео а нивна кума е Елизабет Харли. Бекамови изјавиле дека тие би сакале да имаат повеќе деца, а особено ќерка. Детективи од Шкотскиот двор дознале дека се спремало заговор за киднапирање на Викторија и Бруклин Бекам па затоа тие беа држени под надзор во нивната куќа во Хампстид, Лондон. Нивната фамилија веднаш се пресели на некоја тајна локација, но никој не беше откриен и уапсен. Подоцна во март 2000 година, Викторија доби заканувачка порака додека настапуваше заедно со грпата Спајс г’рлс на британските музички награди , и за време на нивната проба на нејзините гради се појави црвен ласер и таа веднаш беше повлечена од сцената. Откако се откри дека била отклучена вратата која е за во случај на пожари, се изјави дека брз неа се спремало атентат, а таа изјави дека била преплашена од сето тоа. Во 2002 година, пет лица беа уапсени сметајќи дека се вмешани во заговор за нејзино киднапирање, а тоа било објавено од страна на еден таблоид. Но сите обвиненија беа отфрлени заради лажното сведочењето на еден сведок . Во 2004 година, испливаа гласини дека Дејвид Бекам имал кратка љубовна афера со неговата поранешна асистентка Ребека Лус. Оваа вест се прошири по неговото преселување во Мадрид, но сепак тој ги негираше сите обвинувања и озборувања.

Бекамови се преселија во Лос Анџелес, Калифорнија на 12 јули 2007 година поради тоа што Бекам потпиша договор за да игра во ЛА Галакси. По пристигнувањето во Америка, двојката беше пречекана од стотици папараци и јавни медиумски претставници, предизвикувајќи бес кај медиумите. Тие сега престојуваат во вила во Беверли Хилс вредна 22 милиони долари , заштитена и обезбедена со 10 чувари. За да предизвикаат внимание кај американските медиуми , тие се сликаа во долна облека за модното списание “ В”, во кое што имаше интервју со Викторија Бекам велејќи дека наводната афера на нејзиниот сопруг со неговата асистентка ,само уште повеќе им го зацврстил бракот. Во октомври 2007 година беше изјавено дека Викторија Бекам ја одбила понудата за да се појави во филмот “Сексот и градот”. Таа изјавила во едно интервју дека би сакала да се појави во тој филм но немала време поради обврските околу пробите со нејзината група Спајс г’рлс. Нејзиниот брак и кариера како пејачка, направија таа да се најде на 52 то место на најбогата жена во[Британија , како и на 619 то место за најбогата личност во Британија заедно со нејзиниот сопруг Дејвид со проценето заедничко богатство од околу 112 милиони фунти или 225 милиони американски долари.

Филмови[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
1997 Spice World Самата таа Главна улога/Feature Film, проценето на US$75,000,000 во светот
2000 Victoria's Secrets Реално шоу
2002 Being Victoria Beckham
2003 The Real Beckhams
2006 Full Length & Fabulous
2007 Victoria Beckham: Coming to America
Ugly Betty Епизода "A Nice Day for a Posh Wedding"
2008 Project Runway Се појави како гостин-судија
2009 Germany's Next Topmodel Се појави како гостин-судија
2010 American Idol Се појави како гостин-судија аудиции во Бостон и Денвер
2010 Spongebob Squarepants Гласот на кралицата Amphitrite

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

Година Албум Листа Продажба
UK
[1]
AUS Hits
2001 Victoria Beckham
10
1
100,000

Синглови[уреди | уреди извор]

Година Сингл Листа Албум
UK
[1]
IRL SPA ROM AUS
[2]
2000 "Out of Your Mind" (во соработка со True Steppers & Dane Bowers) 2 4 4 27 издаден е само сингл
2001 "Not Such An Innocent Girl" 6 23 15 67 36 Викторија Бекам
"A Mind of Its Own" 6
2003 "Let Your Head Go"/"This Groove" 3 17 издаден е само сингл

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Chart Stats - Victoria Beckham“. UK Music Charts. Архивирано од изворникот 2012-06-29. Посетено на 2010-07-12.
  2. „Victoria Beckham discography in Australian-charts“. ARIA charts. Посетено на 2010-07-12.

Alexander, Ella Victoria Beckham on her relationship with Diane von Furstenberg at Vogue.com http://www.vogue.co.uk/news/daily/100624-victoria-beckham-on-diane-von-furst.aspx Архивирано на 27 јуни 2010 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: