Лос Анџелес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Од врв: Поглед на градот; Вениска Плажа; Грифит Опсерваторија; Холивуд Знак

Лос Анџелес (англиски: Los Angeles), познат по скратеницата LA е град сместен со плажата на Тихи Океан, на југ во сојузната држава Калифорнија во Соединетите Држави. Овој град според статистиките во 2005 година, има 3,877,129 што го прави најголем град во Калифорнија, и после Њујорк, втор град по број на жители во САД. Лос Анџелес е познат како еден од најважните културни и забавни центри. Во градот се наоѓаат многубројни училишта, здравствени и научни институции, театри и музеи. Лос Анџелес е центар на фимлската и телевизиската индустрија која е сместена во неговото преградие Холивуд, а со тоа е и важен центар на музичката сцена како и индустријата за авиони. Градот освен тоа, беше и два пати домаќин на Олимписки Игри кои во него се одржувале 1932 и 1984 година.

Лос Анџелес како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • Патот за Лос Анџелес“ - роман на американскиот писател Џон Фанте од 1985 година.[1]
  • „Жена од Л.А.“(L.A. Woman) - песна од истоимениот албум на американската рок-групаДорс“ (The Doors) од 1971 година.[2]
  • „Девојка од Л.А.“ (L.A. Girl) - песна на американската панк-рок група „Адолесентс“ (Adolescents) од 1981 година.[3]
  • „Го сакам Л.А.“ (I Love L.A.) - песна на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1983 година.[4]
  • „Л.А.“ (L.A.) - песна на англиската рок-група „Фол“ (The Fall) од 1985 година.[5]
  • „Лос Анџелес“ (Los Angeles) - песна на американскиот рок-музичар Френк Блек (Frank Black) од 1993 година.[6]
  • „Битката за Лос Анџелес“ (The Battle Of Los Angeles) - албум на американската рок-група „Рејџ агеинст д машин“ (Rage Against the Machine) од 1999 година.[7]
~

Наводи[уреди | уреди извор]