Минеаполис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Минеаполис
Минеаполис

Минеаполис е најголемиот град во американската држава Минесота и е седиште на округот Хенепин. Градот лежи на двата брега на реката Мисисипи, северно од спојот на оваа река со реката Минесота. Тој е споен со главниот град на државата Сент Пол. Познати и како близначки градови, овие два града се 16 по големина во САД, со околу 3,2 милиони жители.